Колата ја имам 2 години (30 Март 2022) и едноставно сум заљубен во неа, не знам зошто.
Позитивни страни - потрошувачката (можеби дека на плин), солиден мотор, барем според мене, Плетвар со 120 го качува со 4та на високи вртежи, има место комотно четворица да седнат (до 70 кг и 175), задните седишта се помеки и поудобни, багажникот е солиден, јас имам плин и немам место доволно, стабилност, особено со овие бандажи, сум влегол во ризични ситуации и е доста стабилна (куче на патот Прилеп-Битола ми излезе кое сигурно беше над 180 цм кога ќе се исправи и наеднаш свртив десно, па пак лево да го избегнам, не ни пролизга), амортизацијата е солидна доколку бараш комфорт, наместо спортско возење, евтини делови и секаде ги има, масло може да користиш од 0-40 сѐ до 15-40 (или 20-50).
Негативни страни - корозија на задните полумесеци (се решава со пари хехе), тешки врати и хауба, ако имаш сончев кров има лоша изолација над 120 км/ч. и при ветар, но правиме муабет за возило од минатиот век, клима немам, масло си троши околу 150 мл/1000км, според упатството и било која друга литература може да се очекува потрошувачка до 600мл/1000км, според стручни лица за опел нормално е до 300мл/1000км, ербегот светнува еднаш на 2-3 месеци (лоши конектори од фабрика), решението се нови оригинални конектори околу 25€ еден од ebay, проблем со ЕГР вентил доколку троши масло моторот(доколку не троши нема проблем), сака редовна промена на свеќици бидејќи страда бобината од лоши свеќици, слаба рачна кочница (дури и од фабрика кога ја зедовме претходната астра г го имаше тој проблем), маглење на стакла доколку моторчето за рециркулација не работи (кај мене е наместено да влече воздух од надвор постојано), предница не паѓа (2 години ништо не попуштило кај мене), паѓа директно на амортизери и за крај моторот е на каиш за кој Vauxhall/Opel гарантирал до 4 години/40.000 милји ≈ 65.000км, поради лошиот квалитет на ролери во тоа време.
За тие од 2007-2008 може да каже
@Diesel како газда на такво возило, мада мислам дека се посиромашни со опрема и изолација и квалитет на пластики и чест квар на мерачот за притисок на масло, бобина (стандард), твинпорт заглавува и егр, ако не е ставано соодветно масло може да протропа ланецот на околу 150к км.