Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60383 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #525 на: 23 Март 2024, 13:25:18 pm »
На освежување и муабет со ТЕ-ЕН.
Освежена со пасти и Sonax Polymer Net Shield.

Пред третманот испрана и помината со восоче (од белгискиот производител Nerta), после третманот освежени гуми и пластики со CarPro Perl.


Таа лево е 1.2 без опрема (само магленки).
Десно е мојата.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #526 на: 23 Март 2024, 17:39:48 pm »
Наштелувај си ја хаубата, не лежи добро.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #527 на: 23 Март 2024, 17:41:48 pm »
Така дојде на слика.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
  • The best or nothing.
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #528 на: 23 Март 2024, 20:01:45 pm »
Едно резиме за колата, после волку години со неа. Гледам има астри г, од 2007/8 година, со истиот мотор 1.4, и искрено, примамливи количиња ми се.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #529 на: 23 Март 2024, 20:26:21 pm »
Колата ја имам 2 години (30 Март 2022) и едноставно сум заљубен во неа, не знам зошто.
Позитивни страни - потрошувачката (можеби дека на плин), солиден мотор, барем според мене, Плетвар со 120 го качува со 4та на високи вртежи, има место комотно четворица да седнат (до 70 кг и 175), задните седишта се помеки и поудобни, багажникот е солиден, јас имам плин и немам место доволно, стабилност, особено со овие бандажи, сум влегол во ризични ситуации и е доста стабилна (куче на патот Прилеп-Битола ми излезе кое сигурно беше над 180 цм кога ќе се исправи и наеднаш свртив десно, па пак лево да го избегнам, не ни пролизга), амортизацијата е солидна доколку бараш комфорт, наместо спортско возење, евтини делови и секаде ги има, масло може да користиш од 0-40 сѐ до 15-40 (или 20-50).
Негативни страни - корозија на задните полумесеци (се решава со пари хехе), тешки врати и хауба, ако имаш сончев кров има лоша изолација над 120 км/ч. и при ветар, но правиме муабет за возило од минатиот век, клима немам, масло си троши околу 150 мл/1000км, според упатството и било која друга литература може да се очекува потрошувачка до 600мл/1000км, според стручни лица за опел нормално е до 300мл/1000км, ербегот светнува еднаш на 2-3 месеци (лоши конектори од фабрика), решението се нови оригинални конектори околу 25€ еден од ebay, проблем со ЕГР вентил доколку троши масло моторот(доколку не троши нема проблем), сака редовна промена на свеќици бидејќи страда бобината од лоши свеќици, слаба рачна кочница (дури и од фабрика кога ја зедовме претходната астра г го имаше тој проблем), маглење на стакла доколку моторчето за рециркулација не работи (кај мене е наместено да влече воздух од надвор постојано), предница не паѓа (2 години ништо не попуштило кај мене), паѓа директно на амортизери и за крај моторот е на каиш за кој Vauxhall/Opel гарантирал до 4 години/40.000 милји ≈ 65.000км, поради лошиот квалитет на ролери во тоа време.

За тие од 2007-2008 може да каже @Diesel како газда на такво возило, мада мислам дека се посиромашни со опрема и изолација и квалитет на пластики и чест квар на мерачот за притисок на масло, бобина (стандард), твинпорт заглавува и егр, ако не е ставано соодветно масло може да протропа ланецот на околу 150к км.

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #530 на: 29 Март 2024, 08:39:10 am »
Литро ипол на 10к на мене многу ми изгледа.
Кај мене од промена до промена капка не троши 10/15к км


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #531 на: 29 Март 2024, 08:41:06 am »
Литро ипол на 10к на мене многу ми изгледа.
Кај мене од промена до промена капка не троши 10/15к км


Sent from my iPhone using Tapatalk

Возиш дизел или бензин? Генерално дизелот не троши масло а за бензин нормално е да потроши малку масло. Ако е до пола литро ќе помине неосетно ако е повеќе ќе дотуриш.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #532 на: 29 Март 2024, 09:01:49 am »
@Charlie нормална потрошувачка е литар на 8000км. Имаме член кој правеше комплетен ремонт, па колата му троши толку.
Имав Мерцедес бензинец кој капка не трошеше 5-40 (било какво) на 10-15к километри, но ни во упатството не видов дека троши. Тука опел јасно искажува дека може да потроши до 0.6л/1000км. Каде и да отвориш по форуми тој мотор им троши 1 литар на 1000 милји (1600км) уште од нов. X14XE и Z14XE се идентични мотори, едниот е со механичка клапна, другиот со електронска. Под името Z14XE ќе најдеш на англиски форум (Vauxhall Owners) постови од 2009 или 2008 каде тоа возило било старо 5-6 години и трошело толку. Кај мене е максимално извадено од моторот и да не го подречам немам мака. Исто така имаме член кој е прв газда на Хонда бензинец и таа му троши лутар на 8000км.
Така да не му се плашам, сум прашувал и луѓе ремонти што прават, ми велат дека е нормално за тој мотор (имам роднина моментално професор во училиште во механичарската струка, и можеби најпознат човек што правел ремонти во минатиот век, така да тој ми е најверодостоен). Мада астрата се вози агресивно последниов период (често и на 5500 вртежи).

Гледам возиш Волво дизел, така да немаш мака.

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #533 на: 29 Март 2024, 09:15:07 am »
Да дизел возам, до сега не сум имал бензинец па не знам , може и јас грешам.
Ми се виде многу бидејки јас немам таков проблем


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #534 на: 29 Март 2024, 09:15:52 am »
Да дизел возам, до сега не сум имал бензинец па не знам , може и јас грешам.
Ми се виде многу бидејки јас немам таков проблем


Sent from my iPhone using Tapatalk

Па таман работа покрај дизни, егр, дпф, замаец уште и масло да трошеа дизелите.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #535 на: 29 Март 2024, 09:31:49 am »
Генерално сите трошат, преку турбината. Интеркулерот е втор картер кај дизелот.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #536 на: 29 Март 2024, 10:31:10 am »
Јас на моја кола до сеа немам дотурано уље.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #537 на: 29 Март 2024, 11:39:20 am »
29.03.2024:
144300км
Промена на свеќици

- Bosch 0 242 229 878 (4 ОЕМ свеќички) - 11.30€ ≈ 700 ден.
- Работна рака - 0 ден.
Вкупно - 700 ден.

Со старите свеќици поминато ≈ 16.500 км.
Зазор наштелуван на 0.9 мм.

На последната промена платив 1200 за истите свеќици.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #538 на: 29 Март 2024, 11:47:46 am »
Наздравје, ова со зазорот те читав и во другата тема, која е целта на фабрички свеќица да се чепка штелува која е потребата не ми е јасно? Сигурно има отстапки од фабричкото од до дозволено да не биде оштетување на металот па да цркне итн.. муабетот ми е ако не е добар зазорот зошто не ги рекламираш вратиш и се тоа?

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #539 на: 29 Март 2024, 11:50:00 am »
Зазорот треба да биде 0.8-1.0. После истражување разбрав дека за плин треба да биде 0.9 и искрата ќе биде идеална. Ќе видиме како ќе се однесува. На тргнување после промена имав проблем. Но ресетирав сензори и еку и немам проблем сега засега.

Мада исчезна уште еден проблем кој го имаше колата и никако не можев да го решам, паѓање на вртежи при вртење на волан.