Мал апдејт
*Слики за жал немам*
Среден проблемот со палењето предизвикано од жежок ентериер (не хауба). Бев кај локален автоелектричар бидејќи не бев во состојба да расклопувам сам, ми рече дека ако на топло не палела ширеле хилзните и треба ремонт, бла бла... Најверојатно не ме разбра, колата беше оставена со хаубата под сенка, а ентериерот на сонце и пак не палеше, односно не верглаше.
Наредниот ден се запнавме со колегата и ја расклопивме бравата, се разлетаа федери на сите страни. Ги најдовме, исчистивме валкани контакти(масни), склопивме и сега си пали перфектно кога е топло надвор. Најверојатно е решен проблемот со free fix.
Утре колата оди на плинар, имам проблем кога е оставена на сонце и под саух, тргнувам полека околу 300 метри, ја шалтам втора на 2000 вртежи, префрла на плин, стискам кумплунг, паѓаат вртежите на 0 и гасне. Потоа пали на прва и вози(нема разлика во снага бензин/плин). Му објаснив на плинарот но не знае дали ќе открие бидејќи тоа се случува многу ретко(еднаш месечно). По форуми читав дека температурата за префрлање на плин е ниска, кај мене мислам дека е на 30°C и префрла многу брзо кога колата е стоена на сонце. Утре повеќе детали.