Колава беше недела дена кај Тино во TeamAuto, му ја однесов да ја зирне дали е океј пошто чудно ми возеше, рече дека геометријата била катастрофа
му ја оставив и му реков да ја наштима целосно, му објаснив дека сакам да можам дневно низ град да ја возам ама исто така да има добри улични перформанси во кривини на отворен пат. Ја расклопил цела со сѐ трапови, ги подесил сите амортизери, ја нивелирал после тоа (позади е крената 4мм), центрирал преден/заден трап. Колата ја зедов вчера, извозев 60ина километри до сеа и можам комотно да кажам дека човекот е магионичар. Колата апсорбира дупки и нерамнини 10 пати подобро, и кога ја возеше да ми покаже влезе со 70 на влажен коловоз во кружен и колата не мрдна.
Ко појдов првично ми рече дека сите тркала биле изместени, и задните екцентрични шрафови ги преправаше бидејќи фабричките не можеа доволно да го соберат нагибот после симнување.
Ми рече пред Нова Година да ја однесам пак, откако ќе легне подвозјето да се рецентрира и да се рекалибрира воланот.