Него, ај конечно прибран дома, па да оставам впечатоци после 250ина километри извозени на отворено и нешто низ град.
За почеток, битно е да дадам визуелен приказ на состојбата на фабричките амортизери:
https://i.imgur.com/xW7LTbH.mp4 - пошто не знам видео од Imgur да ембеднам па мора со линк.
Во кратки црти - сум немал ја амортизери воопшто
Е сеа после монтирање на KW v3 - има 20мм пад напред и назад и подесени се 2 клика помеки од фабричкото. Кој не му се чита, оцената им е 10/10 уште од старт и осеќам дека ќе бидат уште подобри кога ќе ги повозам повеќе и ќе ги наштелувам подобро.
За почеток, градска вожња и низ Скопје и низ Солун, не осетив никаков проблем со комфор. Баш напротив, мислам дека поголеми дупки подобро апсорбираат (логично, откако го видов фабричкиот амортизер дома). Е сеа, се осеќа повеќе фидбек во волан, што малце замара ако има мали нерамнини во патот.
На отворено е скрос нова кола. Делници од автопатот Гевгелија-Скопје кај што сум успорувал претходно, сега ги поминувам со 30/40 км/ч повисоки брзини без око да ми трепне, со целосна доверба во колата.
* Фидбек низ волан масивно подобрен, чуствувам многу повеќе грип на предницата, и точно знам кај оди.
* Подиректно вртење, многу помалку луфта особено на платформа ко F30 кај што е електронска летва и главен проблем ѝ е што нема никакво чувство во вртењето. Многу многу подобро и позабавно за управување.
* Поради сериозно намален body roll, многу е намален understeer и можам да држам многу поголема брзина во кривина. Претходно имаше understeer.
* Нешто што никој не го спомнува при промена кон поцврста суспензија, ама тоа е подобро чувство при кочење и забрзување, особено на кочење, ради помалиот трансфер на тежина од позади кон напред (и обратно).
Е сеа 2 ситници што ме иритираат од монтажата, не од самите амортизери:
1. Заборавиле да ги стават манжетните од старите амортизери на новите, и сеа за ова ќе треба целосно да се демонтира предниот амортизер.
2. Задната спирала е дводелна, составена од главната спирала и една помала, послаба помошна спирала. Спрема инструкциите од KW, помошната спирала треба да оди под главната спирала, а тие ја наместиле над главната спирала. Функционално не би требало да има никаква разлика ама сепак ќе го сменам чисто пошто ме иритира откако дознав.
Ќе закажам еден термин кај Џеповски да ги среди сите овие работи, и мислам дека и малце ќе ги подзацврстам амортизерите, најверојатно ќе ги вратам на фабричките подесувања, пошто мислам дека можат уште перформанси да се извадат без да се жртвува комфор низ град.
И за крај едно сликиче од двете лепотици, да не е без ич: