Денес ја однесов до MK Auto Ekspertiz на динамометар, пошто имав сомнеж дека има boost leak од новото црево за турбина, т.е дека не е некаде стегнато ко што треба. Што и се потврди на дино, извади 303 коњи на мотор и околу 400Nm, што се отприлика бројките без M Performance Power Kit-от. Што не е толку загрижувачко колку што е падот на обртен момент над 3000 вртежи кај што најверојатно почнува да излага воздух од цревото. Закажав кај Џеповски во понеделник, ќе ја пуштат на smoke test да видиме од кај „тече“ и да се презатегне/намести, па после да се тестира пак.
Еве и слика од графикот:
y-оските им се грешно обележани, лево треба да се коњи десно обртен момент.
Да не биде дека само лоши работи пишувам тука, еве некоја слика од вчера:
Нетрпеливо се чека сабота за замена на амортизерите.