Автор Тема: Репарирање на шофершајбна  (Прочитано 5653 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Репарирање на шофершајбна
« на: 26 Февруари 2022, 23:49:54 pm »
Дали некој успеал самостојно да санира пукната шофершајбна? Доколку да, го замолувам да сподели во ПП што искористил (кој производ и од каде го набавил).

Се работи за пукнатина која започна од долната страна кај совозачот, од самиот раб. Не е настаната од удар на камче или слично, нема трага од удар, само пукнатина. Прво беше 10см, сега е стигната до шоферската страна и сеуште се шири. Доколку најдам некој да ја санира и да не се познава (или ако се познава да е минимално) или доколку можам сам да го направам тоа, не би купил шофершајбна. Доколку не успеам, ќе отворам нова тема за потрага по квалитетна шофершајбна од каде да купам.

Благодарам.

П.С. - Немам фотографија од пукнатината, но доколку е неопходно ќе направам.
Made in Japan ☮

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #1 на: 27 Февруари 2022, 00:17:56 am »
Јас имам со тие китовите од Алиекспрес успешно, ама зуцки, ова ти шо го објасна нема виша сила шо ќе го поправи.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #2 на: 27 Февруари 2022, 00:36:12 am »
Ваква е пукнатината и отприлика е таа должината
Made in Japan ☮

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #3 на: 27 Февруари 2022, 00:39:05 am »
Уууу, ова е опасно по безбедност, златен.
Заеби тоа, купи нова.

Имаше една тема тука, до душа...
Заборавив како точно е насловот и името на членот што се бави баш со оваа работа.
Ама пробарај, прашај го, нека ја види сликата.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #4 на: 27 Февруари 2022, 00:57:21 am »
Уууу, ова е опасно по безбедност, златен.
Заеби тоа, купи нова.

Имаше една тема тука, до душа...
Заборавив како точно е насловот и името на членот што се бави баш со оваа работа.
Ама пробарај, прашај го, нека ја види сликата.

Не мислам дека е опасно по безбедност, ламинарно е стаклото, пукнатината е на надворешниот слој. Секако дека нема има механичка носивост како нова, но да не дојде да затреба да има носивот - нема ништо да промени. На што точно алудираш ти?

Ќе се обидам да го пронајдам членот/темата, фала :)
Made in Japan ☮

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #5 на: 27 Февруари 2022, 01:06:21 am »
Па, во градска околина сигурно никогаш нема да ти направи проблем.
Ама, лично, не би си играл со толкава цепотина на автопат.

Повеќе фактори: брзина, притисок, правец на ветер и сето тоа...
И да пукне во град, ти е гајле. Недајбоже, што викаат старите, да пукне на 150 км/ч. Џабе ламинирано.

На крајот, не е некоја огромна сума за поправка, па да не вреди да се среди како што треба...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #6 на: 27 Февруари 2022, 01:22:13 am »


Целта ми е ако можам да поминам со поправка. Гледам онлајн дека цените во странство се прилично ниски. Ќе побарам понуда во Македонија и ако е до 200 евра(онлајн гледам цени и од 165 евра) тогаш нема смисла да ја поправам. Ама ако ми кажат 500 евра веројатно ќе дадам шанса на поправка со надеж дека нема да има потреба да купам нова. Но, доколку не се санира до ниво на незабележливост во секој случај би го променил стаклото, пред се од естетски причини.


Made in Japan ☮

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #7 на: 27 Февруари 2022, 02:13:31 am »
За што автомобил се работи?

Не знам многу цени, ама од посвежо сеќавање имам две, од двајца другари.

Audi A4 2009-та, 400 еур со монтажа (ама не знам каде е правена промената)
Chevrolet Captiva (ова е од скоро ептен) 250 евра во Новус, исто со монтажа.

Кај џипов другарот рече дека не знае како се појавила пукнатината.
Била нешто како 10цм линија, по неколку дена се раширила на повеќе од пола стакло, исто хоризонтално како кај тебе и долу ниско.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен runcev

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #8 на: 27 Февруари 2022, 05:07:56 am »
Не е возможно да се залепе таа линија. Собирај пари за до регистраација.

Sent from my M2003J15SC using Tapatalk


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #9 на: 27 Февруари 2022, 08:51:34 am »
Зс бмњ ф60 9000 , фиат дукато 16.000,рено клио 6000 ... Да имаш орентација како одат цените. Јави се во формула95 или еуротек прифатливи цени имаат

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #10 на: 27 Февруари 2022, 18:10:41 pm »
Зс бмњ ф60 9000 , фиат дукато 16.000,рено клио 6000 ... Да имаш орентација како одат цените. Јави се во формула95 или еуротек прифатливи цени имаат

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Ти благодарам, ќе се обратам таму за цени.
Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #11 на: 27 Февруари 2022, 18:14:01 pm »
За што автомобил се работи?

Не знам многу цени, ама од посвежо сеќавање имам две, од двајца другари.

Audi A4 2009-та, 400 еур со монтажа (ама не знам каде е правена промената)
Chevrolet Captiva (ова е од скоро ептен) 250 евра во Новус, исто со монтажа.

Кај џипов другарот рече дека не знае како се појавила пукнатината.
Била нешто како 10цм линија, по неколку дена се раширила на повеќе од пола стакло, исто хоризонтално како кај тебе и долу ниско.
Се работи за автомобилот од профилната и името на профилот :)

Фала, ќе ги имам споменатите цени за ориентација.

Ако не ти е проблем да го прашаш другарот со џипот - дали некогаш му ја пре-монтирале (демонтажа+монтажа) шофершајбната? Под услов да е втор+ сопственик на возилото, ако е прв нема смисла, нели.
Made in Japan ☮

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #12 на: 27 Февруари 2022, 18:33:46 pm »
Друже, не си играј играчки. Се репарира дупче, зуцка, нешто ситно. Ова не се „репарира“. Ова се менува.

Дали во овластен сервис, дали афтермаркет - твој избор. Ама ова се менува. И не ми е јасно како не си се ангажирал до сега. Си прашал во Тојота колку пари е оргинална шофершајбна?

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #13 на: 27 Февруари 2022, 22:23:37 pm »
Се репарира зуцка за да не дојде до пукнатина. Пукнатина се менува, задолжително, а до тогаш, јас не би ја возел колата на отворен пат ни под разно...

Пред 9-10 години, на Мерцедесот, во Новус ми репарираа зуцка, која испадна дека се 2 зуцки - камчето направило две зуцки на растојание од неколку милиметри, ме лупна на автопат со брзина од 150-160, од спротивна насока... и за тоа платив 4000 денари. Нова таму ми понудија околу 9-10.000 денари, ама не ми се менуваше оригиналната за една зуцка.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Репарирање на шофершајбна
« Одговори #14 на: 28 Февруари 2022, 00:12:35 am »
За што автомобил се работи?

Не знам многу цени, ама од посвежо сеќавање имам две, од двајца другари.

Audi A4 2009-та, 400 еур со монтажа (ама не знам каде е правена промената)
Chevrolet Captiva (ова е од скоро ептен) 250 евра во Новус, исто со монтажа.

Кај џипов другарот рече дека не знае како се појавила пукнатината.
Била нешто како 10цм линија, по неколку дена се раширила на повеќе од пола стакло, исто хоризонтално како кај тебе и долу ниско.
Се работи за автомобилот од профилната и името на профилот :)

Фала, ќе ги имам споменатите цени за ориентација.

Ако не ти е проблем да го прашаш другарот со џипот - дали некогаш му ја пре-монтирале (демонтажа+монтажа) шофершајбната? Под услов да е втор+ сопственик на возилото, ако е прв нема смисла, нели.

Не те разбрав баш...
Мислиш на староста, дали е постаро возило?

Не ги разбирам баш Шевролетиве, мислам дека е 2013-та, половно го има купено.
Пред неколку месеци ми кажа за пукањево, го забележал веднаш и било баш ситна линија.
После само неколку дена претерано се проширило.

Од тоа што знам, не е од удар, камен или слично...
Не знае човекот зошто пукнало.

Можам да прашам што му рекле од Новус, ама без разлика - оди во Новус или Тојота, не се заебавај, те молам. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.