Јап, на моменти се осеќа малце замашно и габаритно, али од друга страна, дава добар "planted feel".
Истиот впечаток го имав кога ја возев толку пцуената Астра Ј. Воланот бил како желе бомбона воланот беше првиот таков, одличен со супер грип кој почна да се вградува на секое јебено возило на ГМ, со права кожа на него, сосем добар волан. Исто така била многу тешка, епа не знам дали била многу тешка ама колата беше голема и имаше баш Planted feel, на пат лежеше како на шина, апсолутно тивко внатре и изолирано од надворешни звуци. Тоа што смотано мачедонче ја купуваше до 1.4 атмосферец кој мораше да исполнува еколошки норми наместо да придвижува возило не е моја вина. Исто беше и со моторите на Голф и на Тојота и на гранде пунто и на Форд Фокус.
Сума сумарум, Опел си продолжи да гази напред и покрај непријателите од сите страни, успеа следните модели да ги направи доволно добри па дури и хејтерите да признаат дека се подобри од на измамничките Фолксваген. Мене ме радува целокупниот исход, создаде сериозна конкуренција и одигра важна улога општото ниво на напредокот на возилата да се качи скалило погоре. Mission accomplished.
Миле, Опел работеше со загуба и го купија Французи. Сега ќе го направат да биде сваштарник од бренд.
Опел се заебаа што немаа никаква конзистентност во квалитетот. Вадат нов модел од возило кој што во ништо не е подобар од стариот. Вадат класик серии од модели кои што им се во залез од производстцо и квалитетот на тие возила им е катастрофа. Бренд што сака да промовира германска издржливост ова не смее да го помисли, а не пак да го нуди на пазар.
Со инсигнија се обидоа да се поправат и до некаде успеаа. Ама инсигнија е еден модел од Опел.
Извинете за офтопик. Класен бриши ако треба.
Еве, ќе ја продолжиме дискусијата тука.
@zlatkoa апсолутино не се сложувам со тебе, ниту реалноста се сложува, ама да не дискутираме на таа тема, овде не е место.
Еве го местото, бујрум. Ама објасни ги убаво работите.
--
Од муабети правени со луѓе од автомобилската индустрија (не во Македонија), ова е моето размислување.
1. Одлуката на General Motors (односно Opel) да го ребрендира Daewoo и да го понуди во Европа како Chevrolet беше катастрофална. Мислеа дека ќе ќарат купувачи од Skoda и Toyota, ама канибализираа продажба на Opel. Влегува човек во салон, гледа Астра, и ја гледа истата таа Астра во друга каросерија (Cruze) за 3000 евра помалку. Чао, пријатно.
2. Стратегијата на внатрешна конкуренција продолжи и со дилерите, особено на мали и средни пазари. Наместо поактивно да си ги регулираат дилерите, ги тераа дилерите да се натпреваруваат едни со други и да си спуштаат гаќи. Дилерите работеа со никаков профит. Во Македонија имаше пет дилери на Опел. Глупости.
3. „Classic“ изведбите на Astra. Маркетингки промашај. Доаѓаш по нова кола, чини 15.000 евра, а онаа што до вчера била нова сега чини 10.000 евра. Никој не цица весла. Наместо да продаваат нови коли, продаваа стари коли. Поточно, ги обезвреднуваа новите коли.
4. Непотребно инвестирање во непотребни продукти. Наместо да се концентрираат на три core продукти (Corsa, Astra, Insignia) и да ги напраат best of the best, правеа експерименти као непотребната Cascada, несреќниот Karl (кој го воведоа САМО пошто видоа дека им се продаваше Спарк, а со повлекувањето на Chevrolet немаат таков модел), Агила-Магила и уште еден куп други такви wannabe-коли.
5. Моменталниот volume-maker - Corsa - е тотално некомпетитивен со директните конкуренти.
6. Најдобар продукт во портфолиото нa Opel со години е Insignia. Стварно, сериозно добра кола, особено од кога со фејслифтот средија NVH проблеми. Новата е исто одлична, но она што денес го гледаме од Insignia - тоа е последниот Opel. Следната Insignia ќе дели платформа со Peugeot 508. Тоа само по себе не е лоша работа, но нема да биде Опел-Опел.
@zlatkoa е апсолутно во право кога кажува дека ќе биде сваштарник од бренд. Океј, јас не би го нарекол сваштарник, но дефинитивно нема да биде тоа што бил. Дали тоа е позитивно или негативно ќе видиме, но веќе самите си кажаа дека USP на Opel ќе биде дизајнот. По све друго ќе биде претопен во PSA. Е сеа - ова не мора да е лоша работа, особено од аспект на цени, продажба, итн. VAG е одличен пример за ова.