Автор Тема: Opel и неговите модели  (Прочитано 722311 пати)

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3524
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3630 на: 11 Ноември 2017, 10:04:31 am »
@Tischläufer па подобро да си останеле на тој мотор од пред 50год што го имаш во кадетот, не би ги ругале денес, башка во упаство си пишува дека потрошнува моторот уље.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3631 на: 11 Ноември 2017, 15:24:31 pm »
@Tischläufer па подобро да си останеле на тој мотор од пред 50год што го имаш во кадетот, не би ги ругале денес, башка во упаство си пишува дека потрошнува моторот уље.

 и јас тоа викам, тој мотор е основа за сите мелолитражни јапонски, француски и руски мотори.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7418
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3632 на: 11 Ноември 2017, 16:41:15 pm »
Абе да не беше опел, уште коњи ќе јававме...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3633 на: 11 Ноември 2017, 23:11:26 pm »
Да не беше Опел некој друг ќе беше најбољи, али јебига :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3634 на: 12 Ноември 2017, 09:30:52 am »
Јап, на моменти се осеќа малце замашно и габаритно, али од друга страна, дава добар "planted feel".

Истиот впечаток го имав кога ја возев толку пцуената Астра Ј. Воланот бил како желе бомбона воланот беше првиот таков, одличен со супер грип кој почна да се вградува на секое јебено возило на ГМ, со права кожа на него, сосем добар волан. Исто така била многу тешка, епа не знам дали била многу тешка ама колата беше голема и имаше баш Planted feel, на пат лежеше како на шина, апсолутно тивко внатре и изолирано од надворешни звуци. Тоа што смотано мачедонче ја купуваше до 1.4 атмосферец кој мораше да исполнува еколошки норми наместо да придвижува возило не е моја вина. Исто беше и со моторите на Голф и на Тојота и на гранде пунто и на Форд Фокус.

Сума сумарум, Опел си продолжи да гази напред и покрај непријателите од сите страни, успеа следните модели да ги направи доволно добри па дури и хејтерите да признаат дека се подобри од на измамничките Фолксваген. Мене ме радува целокупниот исход, создаде сериозна конкуренција и одигра важна улога општото ниво на напредокот на возилата да се качи скалило погоре. Mission accomplished.

Миле, Опел работеше со загуба и го купија Французи. Сега ќе го направат да биде сваштарник од бренд.
Опел се заебаа што немаа никаква конзистентност во квалитетот. Вадат нов модел од возило кој што во ништо не е подобар од стариот. Вадат класик серии од модели кои што им се во залез од производстцо и квалитетот на тие возила им е катастрофа. Бренд што сака да промовира германска издржливост ова не смее да го помисли, а не пак да го нуди на пазар.

Со инсигнија се обидоа да се поправат и до некаде успеаа. Ама инсигнија е еден модел од Опел.

Извинете за офтопик. Класен бриши ако треба.

Еве, ќе ја продолжиме дискусијата тука.

@zlatkoa апсолутино не се сложувам со тебе, ниту реалноста се сложува, ама да не дискутираме на таа тема, овде не е место.

Еве го местото, бујрум. Ама објасни ги убаво работите.

--

Од муабети правени со луѓе од автомобилската индустрија (не во Македонија), ова е моето размислување.

1. Одлуката на General Motors (односно Opel) да го ребрендира Daewoo и да го понуди во Европа како Chevrolet беше катастрофална. Мислеа дека ќе ќарат купувачи од Skoda и Toyota, ама канибализираа продажба на Opel. Влегува човек во салон, гледа Астра, и ја гледа истата таа Астра во друга каросерија (Cruze) за 3000 евра помалку. Чао, пријатно.

2. Стратегијата на внатрешна конкуренција продолжи и со дилерите, особено на мали и средни пазари. Наместо поактивно да си ги регулираат дилерите, ги тераа дилерите да се натпреваруваат едни со други и да си спуштаат гаќи. Дилерите работеа со никаков профит. Во Македонија имаше пет дилери на Опел. Глупости.

3. „Classic“ изведбите на Astra. Маркетингки промашај. Доаѓаш по нова кола, чини 15.000 евра, а онаа што до вчера била нова сега чини 10.000 евра. Никој не цица весла. Наместо да продаваат нови коли, продаваа стари коли. Поточно, ги обезвреднуваа новите коли.

4. Непотребно инвестирање во непотребни продукти. Наместо да се концентрираат на три core продукти (Corsa, Astra, Insignia) и да ги напраат best of the best, правеа експерименти као непотребната Cascada, несреќниот Karl (кој го воведоа САМО пошто видоа дека им се продаваше Спарк, а со повлекувањето на Chevrolet немаат таков модел), Агила-Магила и уште еден куп други такви wannabe-коли.

5. Моменталниот volume-maker - Corsa - е тотално некомпетитивен со директните конкуренти.

6. Најдобар продукт во портфолиото нa Opel со години е Insignia. Стварно, сериозно добра кола, особено од кога со фејслифтот средија NVH проблеми. Новата е исто одлична, но она што денес го гледаме од Insignia - тоа е последниот Opel. Следната Insignia ќе дели платформа со Peugeot 508. Тоа само по себе не е лоша работа, но нема да биде Опел-Опел.

@zlatkoa е апсолутно во право кога кажува дека ќе биде сваштарник од бренд. Океј, јас не би го нарекол сваштарник, но дефинитивно нема да биде тоа што бил. Дали тоа е позитивно или негативно ќе видиме, но веќе самите си кажаа дека USP на Opel ќе биде дизајнот. По све друго ќе биде претопен во PSA. Е сеа - ова не мора да е лоша работа, особено од аспект на цени, продажба, итн. VAG е одличен пример за ова.


Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3635 на: 12 Ноември 2017, 22:23:00 pm »
 Mokka ја заборави, прав погодок на Опел во однос на продажба.
 Одамна vw не му е конкурент на опел, па на европско тло требаше да си го мерат со форд и тојота. Едните нудат одлични турбо бензинци и одлични возни карактеристики а другите нудат неуништиви бензински и хибридни агрегати и голема гаранција. За жал опел од овие работи до скоро ништо немаше, сега направија некои малолитражни бензинци, ама ете и тие ќе одат во историја.
 Најчудно ми беше кога бев во Западна Германија во Бохум 2015 година, каде Опел 50 години имаше своја фабрика пред да ја затвори во 2016. Во тој град едвај видов по некој нов опел да се вози, повеќето беа постари опели. А затоа фордови и фауве имаше на секој чекор. Тоа нешто говори. Еве на пример во Штутгарт секоја втора кола е мерцедес, во Волфсбург е vw, ама опел нејќат да го возат ни тие што го произведуваат. Ја тоа така го сфаќам.
« Последно менување: 12 Ноември 2017, 22:28:32 pm NeVeNR »
Зини да ти кажу.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3636 на: 12 Ноември 2017, 23:03:35 pm »
@zeroSignal полека мајсторе со претварањето на претпоставките во навидум инсајдерски информации. Опел ќе бил ова, Опел ќе бил она. Тоа никој не може да го знае.
Треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Во Опел има мнооогу многу капитал, повеќе одошто во PSA, ќе видиме како ќе излезат комбинациите, сеуште е рано за да се каже.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3637 на: 13 Ноември 2017, 12:34:53 pm »
@Tischläufer - Јас не претварам никакви претпоставки во инсајдерски информации - PSA и Opel (односно Tavares & Lohscheller) искочија со заедничка прес-конференција и го најавија PACE планот. Во него потврдија дека:

- Opel ќе се префрли на PSA платформи 4 години порано од планираното.
- Бројката на платформи низ целата групација ќе се намали од 9 на 2.
- Моторните линии ќе се намалат од 10 на 4.
- Во презентацијата на PSA фино си пишува дека во случајот на Opel, дизајнот ќе остане Unique Selling Point.

Таа е реалноста и иднината на Opel. Corsa ќе биде C3/208, Astra ќе биде C4/308, Insignia ќе биде 508.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3638 на: 13 Ноември 2017, 13:22:24 pm »
Јебига, трагедија.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3639 на: 13 Ноември 2017, 13:30:54 pm »
Не е трагедија. PSA е на одличен пат изминативе неколку години. Направија саглам платформи и одлични мотори. Само уште мењачите да ги досредат (мануелен им треба скроз нов, автоматикот е добар) и ќе имаат повеќе од одлична основа.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43791
  • Il Moderatore
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3640 на: 13 Ноември 2017, 18:21:42 pm »
Никому веќе не му треба нов мануелен :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3641 на: 13 Ноември 2017, 18:22:46 pm »
Никому веќе не му треба нов мануелен :)
Останаа мануелните во 20ти век.

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3524
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3642 на: 13 Ноември 2017, 20:26:50 pm »
@Tischläufer и ти кога ќе кажеш нешто... не може опел бензинец да биде основа на хонда бензинец, а дека опел може да учи од хонда бензинец тоа е веќе друга тема на муабет.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3643 на: 13 Ноември 2017, 20:53:44 pm »
@Tischläufer и ти кога ќе кажеш нешто... не може опел бензинец да биде основа на хонда бензинец, а дека опел може да учи од хонда бензинец тоа е веќе друга тема на муабет.

Што мислиш, кој кому плаќа патенти? И зошто Опел бележи загуби откако ГМ постигна право на уновчување на приходите од патенти м?

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3524
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #3644 на: 13 Ноември 2017, 21:01:33 pm »
Чекај, кај пишува дека опел е основоположник на денешниве 4тактни бензински мотори кои работат во Отов циклус и каде е тоа за патентите? Опел на кого има платено на Карл Бенз?