Зипо, све е тоа ок и јас донекаде се слагам со тебе, меѓутоа за Opel да биде профитабилен (и соодветно на тоа, да преживее) мора да направи неколку работи:
1. Елиминирање на filler моделите. Антара, Мерива, Комбо, Зафира, Агила. Све тоа треба туто комплето да се спакува, да се соочи со реалноста дека се непродавани и неуспешни модели (Фаланга, мирен) и да ги елиминира од понудата. Антара е Каптива со сменета значка, Комбо е Добло со сменета знача, Агила е Сплеш со сменета значка. Не инвестирале премногу, а се гушат со нудење непотребни модели. Меривата и Зафирата се ОК, али луѓе одбираат Форд или Цитроен пред Опел во оваа категорија на возила.
2. Оптимизација на производните капацитети. Во моментов имаат премногу производствени капацитети, а недоволно продажба. Или треба комплетно да затвори некоја од фабриките или барем привремено да ја затвори на неколку години, со надеж дека еден ден ќе има потреба пак да ја отвори.
3. Зголемување на глобалното присаство на брендот. Ова само по себе се објаснува. Пак ќе се навратам на моментот дека Опел нема глобални модели.
Германија
веќе стои цврсто зад Опел. Да не стоеше Германија зад Опел, GM до сега неколку пати ќе го затвореше. GM работи за профит, и GM го боли левиот тестис за некој Европски атачмент кој само му предизвикува загуби. Американската влада застана за GM заради тоа што GM вработува не-знам-колку-многу луѓе во Америка и ако GM тропне, сериозно ќе тропне Американската економија, да не праиме муабет за Влада. Истата прича е во Opel, и токму затоа Меркел и Веселата Дружина го одржуваат во живот.
Го сакам и почитувам Опел како бренд, али комбинацијата од пазарно неуспешни модели, преголем капацитет, погубната политика на GM, економската криза и кризата со идентитет со кој Опел се справува квази-успешно последниве неколку години си го направија своето.
Едит: Филенџи, слободно збори си за Опел. Баш ми се интересни дискусиите со тебе на таа тема.
Добро, а го спомнуваш Форд во темата за Опел заради...? Или идеш на онаа тактика „Ќе скриеме/оправданме дека на нашите не им иде со тоа што ќе истакнеме дека и на другите не им иде.“
W...What?!
Не ми е јасно зошто го вмеша Форд во темата воопшто. Или the best defense is a good offense? Нападни го конкурентот за да го одвлечеш вниманието од сопствените проблеми?