Автор Тема: Opel и неговите модели  (Прочитано 716310 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4350 на: 02 Септември 2018, 12:56:44 pm »
За кој тест зборите ?
За оној со Инсигнија или за оној со Астрата ?
Бидејќи БМВ губи и на двата. ;D

Лично, одамна си ја имам звадено главата од т.н. "premium butt" и одамна не онанирам на светото тројство од Гермнаија односно гледам да добијам што повеќе за моите тешко заработени парички бидејќи за да осетиш " премиум", ценетите премиумци сакаат да брцнеш мноогу длабоко во џебот и да чекираш мнооогу високо ниво на опрема.
Но тоа е се...материјали, во одредени случаи звучна изолација и во најретки случаи механика / електроника, бидејќи:

- од мое искуство "премиум"  се однесува 80% на завршна обработка на материјали, а во 20% на механички / елетронски предности.

- таа "завршна обработка" на материјали не се осеќа во Мерц/Ауди/БМВ со нормално ( не основно) ниво на опрема, со штоф седишта и основни електронски помагала.

-  имам влезено во мал милион половни премиумци стари околу 10 тина години, ТВРДАМ дека "премиумското" уште помалку се осеќа после 10 години користење каде  прво нешто што гледам е состојбата на шоферското седиште и 9 од 10 се како мачки да се дереле на нив, независно дали биле штоф или кожа...Бонус излупена кожа на волан над 100.000 км.
Механички...се кварат , течат и се мастат како и се друго...само што поправката кошта повеќе.. Јасно е кај котираат премиумциве на reliability листите. А и скапуваат каросериски..и тоа доста често.
Значи,  никој не ми гарантира дека "премиумското" нема за исто или пократко време да се упропасти и исквари, а парите сум ги дал. МОИ, тешко заработени пари.

Ама...кај старата кола зависело колку ја чуваш. ОУ кеј.;D


Ајде повозев и Мерц хеч  нормално опремен...дизел.
Убав си е внатре али да приметам некои неопростиви разлики во споредба со мојата Астра..ме фаќа смеа што воопшто би почнал да споредувам
Мерцот си беше најобично, скромно,убаво хечбече, финко внатре без некои посебни атрибути......се додека не прашав колку го платил. ;D ;D

Од аспект на возни својства, од аспект на звучна изолација може ама баш да ми се фати на мал прст бидејќи има обична предница и суспензија, а не од Инсигнија ОПЦ, урла над 3000 рпм а и не дава таква самодоверба во кривини ( можеби ради помали димензии на  гумите ...не знам, не вози 18 /235).....што повторно ме доведува до заклучок дека  зборот премиум" добива смисла само кога со прстињата сакаш да  допреш ентериер на кола за кој си платил прилично дебела ДЕБЕЛА сума на пари... ТВОИ, заработени пари. Ентериер кој освен што е поубав на допир, ниту е поиздржлив, ниту трае подолго.

Неможеш бе пријатељу да ме убедиш дека обична Мерц А Класа хеч дизел со Рено мотор или некое БМВ/Ауди со нормално (не основно) ниво на опрема се осеќа премиум...а Опел/Рено/Форд пун опрема и кожи внатре и мотор над 150 КС се осеќа како кола од пониска класа.
Фак оф.
Не можеш.
Тоа навечер, пред спиење кога треба да си оправдаш дека правилно си ги залупал толку пари , можеш сам да се тешиш.

И сега, на крај, кога ќе се најде некој паметен новинар со главата во реален свет а не "up the premium butt", и ќе рече чекај да видам што уствари добивам јас од ОПЕЛ, а што од БМВ кога би требало со МОИ пари да ги платам, тука ќе се најде некој кој ќе го направи будала заради тоа што воопшто ги споредил...а не чул дека 320Д до пред 5 години кога ќе поминеше на улица ораси мелеше под хауба.

Пази да не... ;D
« Последно менување: 02 Септември 2018, 13:37:31 pm Stratro »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4351 на: 02 Септември 2018, 16:39:36 pm »
Солидно срочено.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4352 на: 03 Септември 2018, 06:34:36 am »
Insignia 2.0 diesel, 4x4, кожни седишта, Инфинити озвучење, сите паркинг сензори и се што иде во највисоко ниво на опрема, комплет со 19" беше околу 40.000 еур. Зборам за старата, има Audi или BMW за тие пари со таква опрема?

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4353 на: 03 Септември 2018, 06:51:50 am »
Тој се теши дека има најдобра кола, ти се тешиш дека астрата е неколку класи над неговата, Маќедонија во ЕУ, да живее златкоа со стингерот.
Ајт живели.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4354 на: 03 Септември 2018, 11:34:16 am »
Живееме во потрошачки ориентирано  општество и со секој купен продукт сме помалку или повеќе рејпнати прво од маркетинг одделот, а потоа и од продавачот на продуктот кој го сакаме (со занемарлив број на исклучоци).

Посебно сме рејпнати кога купуваме кола.....на ново.

Разликата меѓу ново премиум и непремиум ауто лежи не само во длабочината на нашиот џеб, его компензацијата или префинетата потреба прстињата да осетиш "квалитетна завршна обработка" на материјали со ист или пократок рок на траење, туку и способноста навреме да приметиш како продавачот во премиум авто салонот, полека но сигурно се позиционира позади тебе со една и единствена цел...;D

Еве и сликовито...

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4355 на: 03 Септември 2018, 11:39:05 am »
Колега, како бе нема разлика, те. разликата била само во завршната обработка? Најпрост пример: 2015 А3 седан vs 2015 Мазда 6. Иако маздата е брод и класа над аудиото, разликата е ден и ноќ во секој поглед. Од возни својства, изолација, перформанси, удобност па се до завршна обработка и материјали. Единствено габаритот, те. гепекот е поголем кај маздата.
А тоа дека не јебат ко што кажуе Карлин, сите многу убаво го знаеме.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4356 на: 03 Септември 2018, 11:49:50 am »
А3 седан.... вештачки производ за пополнување на пазарни празнини со низок reliability index...бар во споредба со Маздата.
Дури и за иста цена да нудат исто ниво на опрема и мотор ( а знаеме кој нуди повеќе)  Аудито не би го ни погледнал покрај 6 ката.

Ај да речеше А4...ама па тогаш цената ќе ти отиде во плафон и пак на моето доаѓаме.


Бујрум..

https://www.asburyauto.com/compare/2018-mazda-6-vs-2018-audi-a3-sedan/154892

The Mazda 6 was chosen as one of Car and Driver’s “Top Ten” for 2 of the last 5 years. The A3 Sedan has never been a Car and Driver “Top Ten” pick.
The Mazda 6 outsold the Audi A3/S3 by 41% during 2017.
« Последно менување: 03 Септември 2018, 11:55:58 am Stratro »

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4357 на: 03 Септември 2018, 12:03:47 pm »
Темата која ТИ ја НАЧНА беше што е и дали постои премиум. Ама ти пак си почнуваш своја приказна, цени, изглед, опрема, вештачка творевина, reliability index, бла бла бла... А најинтересно е што ниту си ги возел, ниту си се возел во било која од двеве аута, ГАРАНТИРАМ.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4358 на: 03 Септември 2018, 12:10:11 pm »
Ништо не почнувам јас пак и ништо од тоа што пишав не е бла, бла или како и да ти звучи тебе лично.
Напротив, завршувам.

Are premium and luxury cars worth the money? If they are better than regular cars, then how?


I've driven Cadillacs, BMWs, and Mercedes. I've also ridden in a Porsche, a couple different Jaguars, and once I had the privilege of riding shotgun in an old Rolls Royce. The Rolls was the only one that truly impressed me. The others didn't seem to feel or handle any better than your typical Subaru or Ford. The interiors were plush, but to me a car's value is how it handles on the road and how it holds up to everyday use. The Porsche impressed me with power and handling, but it wasn't something that I would consider driving often (it just wouldn't hold up to the WV roads).

The biggest issue that I have with luxury vehicles is the expense of maintenance and repairs. Many people will say that a luxury vehicle doesn't have things break as often because of higher quality parts. I haven't seen that to be true. Often parts on a luxury vehicle will fail just as quickly as on a lower end car. Then comes the really fun part.

Parts for a luxury vehicle are generally more expensive and take longer to get (I saw a man pay $700 dollars for one headlight assembly). Then you have to find a mechanic that will work on the car, which is hard because luxury cars aren't as common and many mechanics will not be familiar with them. Not only that, but often times a mechanic has to be certified by the car company or you risk voiding any type of warranty.

Even the cost of simple maintenance is often a lot more expensive. A luxury car might require specific types of products to be used. Or the manufacturer makes it difficult to  access things. So you can't just add a fluid, you have to take off this cover, then this, and finally you might be able to access the fill spout. It makes it difficult for anyone to do basic maintenance, which means more expense.

For the average person, or as an everyday vehicle, I'd say that a luxury vehicle is not worth the money. If you have the money to spend, you value the image that comes with a luxury vehicle, and you aren't worried about depreciation and the cost of maintenance then by all means, get a luxury vehicle. If you just want something to cruise in every once in a while, go for something that draws attention and is comfortable. But if you need a daily driver, a luxury vehicle is not a good long-term option.

https://www.quora.com/Are-premium-and-luxury-cars-worth-the-money-If-they-are-better-than-regular-cars-then-how






Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4359 на: 03 Септември 2018, 12:12:28 pm »
Една работа што многу луѓе ја утињаат е што изедначуваат нерасиплива кола со добра кола.

Ако (не)расипливоста е единствениот (или примарниот) фактор при купување кола (без разлика дали е нова или половна) купи постар јапонски бензинец, или у поново време корејско ауто со издржливиот (али анемичен) 1.6-литарски бензинец и вози ја колата заувек.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4360 на: 03 Септември 2018, 12:18:21 pm »
Тој се теши дека има најдобра кола, ти се тешиш дека астрата е неколку класи над неговата, Маќедонија во ЕУ, да живее златкоа со стингерот.
Ајт живели.

Нема бољи Опел од Киа Стингер.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4361 на: 03 Септември 2018, 12:39:48 pm »
Една работа што многу луѓе ја утињаат е што изедначуваат нерасиплива кола со добра кола.

Ако (не)расипливоста е единствениот (или примарниот) фактор при купување кола (без разлика дали е нова или половна) купи постар јапонски бензинец, или у поново време корејско ауто со издржливиот (али анемичен) 1.6-литарски бензинец и вози ја колата заувек.

Една работа што многу новинари упорно ја утињаат е што изедначуваат кола од иста класа  по се можно...освен по цена.

Америте поолека почнаа да се освестуваат , давајќи му значење на bang for buck моментот али европјаниве уште знаат да стават Стингер/Инсигнија/Мондео од 35.000 евра против Ауди/Мерц/БМВ од 50.000 на тест бидејќи премиумскиот германски пенис е сеуште лабоко укотвен во нивниот "непристрасен" automotive connoisseur анус за на крајот да го прогласат очигледниот победник.

Чекај бе малку...збориме за 15.000 разлика во цена во старт и "као очекуваме" поефтиниот да е и подобар во се без да се размисли каква греотица од премиумец би добил за цената на поефтиниот. Но види чудо, понекогаш поефтиниот е дури и подобар на тест :).

Убаво би било да има повеќе новинари кои ќе започнат со "Let`s see what do you get for your money..наместо со "Does the KIA Stinger match The Audi А7? We`ll have to find out." (Моментот кога гасам).

И добро е што почесто наидувам на такви како првиве...

Бројките на продажба не ми значат ништо.
After all, дур има овци ќе има и волна, а до кога, зависи од еволуцијата на потрошачот и горепоменатите негови способности. ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4362 на: 03 Септември 2018, 12:53:54 pm »
Една работа што многу новинари упорно ја утињаат е што изедначуваат кола од иста класа  по се можно...освен по цена.

Цената е важен фактор, секако, но не и единствен фактор. Да беше Bang for Buck факторот најважен, немаше да постојат други брендови освен Hyundai и Skoda (иако и таму се помешани рачуниците веќе).

Јас во ниту еден момент не реков дека поскапиот автомобил е секогаш поквалитетен, па и подобар. И тоа е океј, има различни луѓе со милион различни вкусови и да-не-праиме-муабет различна куповна моќ. Некој сака bang for buck, некој сака ексклузивитет, некој е слепо залетан по бренд, некој сака само 'таљански коли, некој сака само германски, некој само јапонски.

И тоа е во ред. И супер е ние да си праиме муабет за коли и да споредуваме и да си праиме разно-разни шта-би-било-кад-би-било есапи. Ехее, мојата dream garage до сега има сменето барем 100-тина коли.

Убаво би било да има повеќе новинари кои ќе започнат со "Let`s see what do you get for your money..наместо со "Does the KIA Stinger match The Audi А7? We`ll have to find out." (Моментот кога гасам).

Тоа бидејќи ти така размислуваш, па убаво ти е кога ќе налеташ на тоа. Ама има многу луѓе што не размислуваат така. И тоа е океј.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4363 на: 03 Септември 2018, 14:50:54 pm »
А најинтересно е што ниту си ги возел, ниту си се возел во било која од двеве аута, ГАРАНТИРАМ.
M? Тука си?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4364 на: 03 Септември 2018, 15:00:57 pm »
За кои две Мармлад? За 3јка и Инсигнија? Јас  сум ги искусил. И би избрал Инсигнија кога би зимал. Не само што помалку ми врши работа BMWто туку и треба да доплатам 20000 евра за помалку да ми врши работа.