Морам да констатирам дека темава замина во малце поинаков правец отколку што претпоставив, и сакал или не се појавија разно разни коментари кои без никакво познавање на ситуацијата осудуваат несоодветно. Настрана од тие, имаше и коментари и членови кои знаат за каква ситуација станува збор ако не лично, меѓутоа од искуство кое го имале некои нивни блиски.
Бидејќи не сакам да додавам масло на огнот, ќе ве оставам секој со вашето ценето мислење од причина што баш тоа што не знаеме да ја разбереме туѓата мака и завидуваме во одредени ситуации не можеме да направиме никаков напредок во нашево општество.
Огромно благодарам за членовите кои што убаво ме разбраа и дадоја по некој добронамерен совет.
Доколку мислите дека е исцрпена темава слободно може клуч на истата.