Автор Тема: Полагање за возачка дозвола во Скопје  (Прочитано 8058 пати)

Присутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Полагање за возачка дозвола во Скопје
« на: 25 Јануари 2022, 15:07:49 pm »
Здраво дечки,

Темава ја отворам со цел да ве прашам и консултирам во врска со насловот на темава а тоа е полагање за возачка дозвола во Скопје.

Имено, знаејќи каков е системот па како и сите останати кои што се снаоѓаат и јас би сакал да и помогнам на блиска личност да побрзо ја заврши голготата наречена полагање за возачка дозвола. Станува збор за последното полагање односно градска вожња каде што по непишано правило кандидатите се паѓаат и по 5-6-7... пати само за да се полни буџетот или нечиј џеб.

Настрана тоа, бидејќи не можам да одам сам против тој систем, би сакал да ве прашам дали некој има контакт од лице/лица кои би можеле да не упатат или излезат во преспрет како би можеле побрзо да завршиме работа? Секако, за соодветната услуга што се вели должни нема да останеме никому.

Коментари од типот ако знае да вози ќе положи или слично кој како сака нека си ги зачува за себе, бидејќи личноста е многу добар шофер која одлично ги помина сите часови и претходни полагања.

Слободно контактирајте ме и во пп ако некој не сака јавно да пише порака тука, па ќе продолжиме со комуникација настрана.

Поздрав

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #1 на: 25 Јануари 2022, 15:16:18 pm »
Нема дс ти помогнам во намерата бидејќи не знам начин, ама стварно ли до толку е работава да ги паѓаат безвезе?

Јас кога полагав, 2013та, положив градска од втора бидејќи на прва направив грешка (глупа ама нема везе) и нормално паднав, другари положија од прва и никој немавме врски. Тогаш мислам имаше албанка или турчин ка жена што ако ти се падне шансата да паднеш беше голема ама пак положуваат луѓе. Уште да не е таа во комисија?

Едно време беше во комисија Злате, бивши инструктор во Селика кој после тоа се префрли во комисија, ми беше инструктор за возење.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #2 на: 25 Јануари 2022, 15:23:39 pm »
Не ќе да е паднат некој 7 пати без причина.

Присутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #3 на: 25 Јануари 2022, 15:34:35 pm »
Затоа и наведов дека не сакам да навлегувам во дискусија кој колку пати и зошто паднал. Бидејќи популацијата на членови тука е претежно постара генерација кои имаат положено пред минимум 5-10 па и повеќе години, сакам само да кажам дека условите за полагање тогаш и сега не се исти. Во моментов испитниот центар е сопственост на приватна фирма која нормално гледа максимално да извади профит за периодот додека и е даден тендерот (а верувајте тендерот е ценет во милиони евра). Истите одат во таква насока да кандидатите возат и по 3-40 минути се со цел да се најде и најмала можност истите да се паднат...

Бидејќи кажав дека станува збор за личност која што навистина имам доверба дека е одличен шофер не би сакал да дискутирам на таа тема. Доколку некој сака и има желба да помогне супер, доколку не да се воздржиме од непријатни коментари.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7058
  • хаУс мајстор
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #4 на: 25 Јануари 2022, 15:52:22 pm »
Го седнуваш инструкторот на маса, му кажуваш дека си спремен да пуштиш кафана. Он е посредник во целата ситуација, бидејќи овие од комисија доста добри играчи се. Ја пренесува информацијата до нив, неколку пати пред следното полагање, тоа е битно, да бидат потсетени често. Седнуваат јадат и пијат како да не виделе, си го плаќаш трошокот, возачот положува.
Сето ова е смешно, жално, глупо, ниско... ама така функционира.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #5 на: 25 Јануари 2022, 16:07:04 pm »
Здраво дечки,

Темава ја отворам со цел да ве прашам и консултирам во врска со насловот на темава а тоа е полагање за возачка дозвола во Скопје.

Имено, знаејќи каков е системот па како и сите останати кои што се снаоѓаат и јас би сакал да и помогнам на блиска личност да побрзо ја заврши голготата наречена полагање за возачка дозвола. Станува збор за последното полагање односно градска вожња каде што по непишано правило кандидатите се паѓаат и по 5-6-7... пати само за да се полни буџетот или нечиј џеб.

...

i jas se cudev sto e rabotava ko polagav za motor normalno bez da angaziram luge poznanici mafijasi od drzavni klanovi neli se to kako sto si e redot koga nesto sakas da ostvaris nekoe pravo kaj nas :D

ne go polnat budzet tuku delat plenot toj sto i dal na privatna firma tenderot i firmata :) od tije pari na kandidatite treba da go kesira toj sto mu go dal tenderot i firmata da napravi PROFIT :D
To znaci kolku poveke pagaat kurbanite tolku poveke PROFIT toest ke$arica za gazda.

Neznam dali e ova vaka za na forum, ama taka e
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #6 на: 25 Јануари 2022, 16:07:57 pm »
Пих, чим дошло до тука да се пишува за ваква тема, нормално дека ќе има секакви коментари.

Тоа со кафани се прави на прво, евентуално второ полагање, овака би рекол дека нормата е исполнета и дека наредниот пат ќе помине :)

Инаку, сега да седнам да полагам гарант паѓам ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7058
  • хаУс мајстор
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #7 на: 25 Јануари 2022, 16:09:56 pm »
Јас сега да полагам, ќе одам во затвор.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #8 на: 25 Јануари 2022, 16:10:14 pm »
to polaganje nema vrska so nikakvo znaenje na vozenje...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1071
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #9 на: 25 Јануари 2022, 16:14:50 pm »
Го седнуваш инструкторот на маса, му кажуваш дека си спремен да пуштиш кафана. Он е посредник во целата ситуација, бидејќи овие од комисија доста добри играчи се. Ја пренесува информацијата до нив, неколку пати пред следното полагање, тоа е битно, да бидат потсетени често. Седнуваат јадат и пијат како да не виделе, си го плаќаш трошокот, возачот положува.
Сето ова е смешно, жално, глупо, ниско... ама така функционира.
Уште велиш то да функционира?  Јас знам  порано случка од Битола со полицајци веќе во пензија,  таксист го фатиле кај шо вози навечер со забрана уште еден месец. Си се договориле за тој месец секогаш ко ќе биле во смена по 1 хамбургер и 1 кока кола да му носи од Мики сендвичарата

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #10 на: 25 Јануари 2022, 16:16:07 pm »
Машала, значи апла корупција имало во оваа област.
Која фирма го има земено тендерот за полагање?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7058
  • хаУс мајстор
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #11 на: 25 Јануари 2022, 16:17:19 pm »
Секогаш функционира. Секаде. Таков народ сме си, за гага и гз ќе  дадеме.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #12 на: 25 Јануари 2022, 16:20:13 pm »
Машала, значи апла корупција имало во оваа област.
Која фирма го има земено тендерот за полагање?

http://www.aic.mk/
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #13 на: 25 Јануари 2022, 16:22:50 pm »
Машала, значи апла корупција имало во оваа област.
Која фирма го има земено тендерот за полагање?

http://www.aic.mk/

http://sic1.ddnsfree.com/aicrez/default.aspx

Машала, не положил од еден ден едно 90% од кандидатите

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #14 на: 25 Јануари 2022, 16:28:00 pm »
imase i finansiski izvestaaj za firmava negde da vidis miljoncinja praj... :D
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.