Автор Тема: Полагање за возачка дозвола во Скопје  (Прочитано 8056 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3064
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #15 на: 25 Јануари 2022, 16:32:41 pm »
Лошо.
« Последно менување: 28 Јануари 2022, 16:25:40 pm smole »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #16 на: 25 Јануари 2022, 16:32:45 pm »
Го седнуваш инструкторот на маса, му кажуваш дека си спремен да пуштиш кафана. Он е посредник во целата ситуација, бидејќи овие од комисија доста добри играчи се. Ја пренесува информацијата до нив, неколку пати пред следното полагање, тоа е битно, да бидат потсетени често. Седнуваат јадат и пијат како да не виделе, си го плаќаш трошокот, возачот положува.
Сето ова е смешно, жално, глупо, ниско... ама така функционира.


Тоа може поминувало со комисијата од АМСМ, со оваа новата тешко.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #17 на: 25 Јануари 2022, 16:36:50 pm »
eve go drustvoto, zdravo padnaFte dojte drugpat pak... :D
"Очекувано, најголеми се приходите на скопското друштво „Авто испитен центар ДООЕЛ“ со седиште во општина Гази Баба. Лани приходот на ова друштво е 1,55 милиони евра и верувале или не во однос на 2018 година приходот е поголем за 3,7 пати! Профитот на друштвото лани изнесува 207.000 евра, а резултатот е неспоредливо подобар од 2018 година кога работеле со загуба. Профитната маргина е 13 отсто. Сопственик на ова друштво е Виктор Серафимов."
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #18 на: 25 Јануари 2022, 16:46:03 pm »
Остана нешто во државава што не го приватизираа. После сето ова му верувам на @ile дека си има проблеми. Уште јас кога полагав знае да бутнат за глупост, тек сега шром е приватно...

Еве нешто интересно

https://www.slobodenpecat.mk/prijava-za-mito-pri-dobivane-vozachka-dozvola-se-plakaat-stoticzi-evra-za-polagane-na-gradsko-vozene/

https://www.slobodenpecat.mk/avto-ispiten-czentar-reagira-ako-na-kandidatite-nekoj-im-pobara-mito-vednash-da-prijavat-kaj-nadlezhnite/ (Нормално, се правиме наудрени :wink wink)

« Последно менување: 25 Јануари 2022, 16:55:28 pm AngelSK »

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2204
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #19 на: 26 Јануари 2022, 00:27:55 am »
За жал не е ова случај само во Скопје,така низ цела држава.
Не дека предходно го немаше ова,но сега не се поминува со софра во кафене,туку со 5-6 пати паѓање на градска,бидејќи само таму можат да те дупат  во здрав мозок.

Има опција со поднесување приговор,бидејќи се се снима со камера,но не е ова филм со Рамбо каде оди само против сите,кај нив е и каменот и оревот.

Како веќе е пишано во темава,треба сите да имаат дел од колачот,автошколата која го земала тендерот,владиката кој посредил да она го земе тендерот,па папата дел и се така натаму.

Но вака ќе биде се додека живее менталитетот ..  Ќути има и полошо.... или додека не се случи Македонско Чаушешку како во 1989 година во Романија.

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #20 на: 26 Јануари 2022, 01:36:15 am »
Чаушеску Будимпешта ојде со Пунтото пред некоја година.

Корупцијата уште постои и далеку од тоа дека ќе се намали.
Напротив, обратно е.
Само начините може да се малку различни и потешки за едни, а полесни за други.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5493
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #21 на: 26 Јануари 2022, 01:45:02 am »
Не бе брат џаба е , Ете го стрелаа Чаушот сосе жена му, 30+ години поминаја пак за кур не ги бива романците, ѓупштана од народ уште поголема се, истото е кајнас...Смрди народот однатре, нема лек за тоа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #22 на: 26 Јануари 2022, 02:13:59 am »
Уопште нема врска тоа.

Еве, колега имам еден. Го сметав за сериозен соговорник.
На прво сретнување во живо проба да ми објасни како тоа Ароманите биле дедовци на пола Македонија и насекаде биле они, тоа Србија Хрватска, све по ред...
Му викам: ок.

А, шо се тиче влашко лоби, најверојатно 2 од тројца во комисијата за полагање се лобисти
така да лесно е да се положи возачки испит, секогаш и секаде.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #23 на: 26 Јануари 2022, 06:28:57 am »
Значи ова со полагањево возачка одсекогаш било плачење.

За полагање возачка незнам како е сега. Јас кога полагав беше АМСМ, но и тогаш дел од народот кукаше, "ej местено било, пари да земат, па албанците ги пуштаат итн.
И порано луѓето кукаа. "Леле детето ми е супер, намерно го буткаат, местат за да земаат пари, таа едната му накривила очи од комисија), и разни смешни измислици

Како што кажав, тогаш испитен центар беше АМСМ. Но и тогаш се кукаше. После одреден период по телевизии велеа ставете камери, па ова па она.

Претерување имало секогаш, ама тоа мислам било кај кандидатите или поточно нивните блиски по дома..
Јас поминав од трета, и мене тогаш ми велеа еј нема да поминеш местено е, треба да дадеш пари итн.

И сета таа атмосфера, и тие муабети кои ги слушав тогаш ме натераа и јас да бидам нервозен и да направам глупости.

Набрзо потоа кога размислив со ладна глава, сфатив дека луѓето ме бутнале заради моите грешки, а не заради пари.

Ако гледам од денешна перспектива организацијата на АМСМ беше супер. Успеа да направат од мене способен возач,
Точно е дека Имаше грешки во текот на мојата обука, и можев да поминам и порано,
ама за тоа бев крив делумно јас со моите верувања за местенки, и делумно автошкола Мартин, која ја најдовме верувате или не преку препорака од пријател.

Автошкола Мартин не ме спреми добро, а инструкторот тогаш кој ме возеше, цело време ми даваше суперлативи (супер возач сум бил, па јас веќе сум знаел да возам итн. и пола време од часовите си бараше типот делови за колата, која патем не беше ни скрос исправна.
Од денешна перспектива гледам колку сум бил наивен. Верував во тогашните приказни на автошколата дека местеле, па морало да одам 2-3 пати. Таква била праксата.  :-[

За АМСМ комисијата, во времето кога полагав јас беше сосема коректна и професионална. Поминав градска од трета, но денес сфаќам дека ако ме пуштеа од прва немаше да бидам оној возач што сум денес.


Пред се За креаторот на темата имам едно прашање на кое се надевам дека искрено ќе одговори?

Од каде си ти сигурен, дека детето твое е доволно обучено за да вози кола? Од автошколата ли ти велат така?
Свесен си дека една раскрсница и мала грешка може да биде фатална?



За крај имам една порака за креаторот на темата и сите оние кои што некогаш можеби ќе го изгуглаат постов во потрага по одговор пред да полагаат..
Исто и за оние што мислат да местат, подмитуваат итн.


Треба да разберете дека возењето автомобил е одговорност, и дека една грешка може да чини некого живот, па дури и животот на вашето дете, за кое се обидуваш да подмитуваш.


И без разлика која и да е комисијата. Ете порано бил АМСМ, сега некој друг,
Сепак и тие луѓе во комисија имаат свои деца, но и одговорност пред себе. Неможат секој кандидат да го пуштат во сообраќај.
Тоа не значи дека твоето дете е смотано, туку дека не е доволно обучено, има трема итн.

Фатете да работите на случајот, ама посериозно. Променете автошкола, друг инструктор итн.
Немојте слепо да верувате на фалбите на автошколата, бидејќи сигурно нема да ви кажат еј неуспеавме да го обучиме вашето дете. Немојте толку да сте уверени дека детето знае доволно. Ако сме искрени, никој од нас таму не отишол/ла како професионалец туку како кандидат за обука на возач почетник,  [/b]
И здравје кога ќе положи, а искрено се надевам дека малку храброст и малку среќа ќе бидат доволни за некој следен пат, пак нема да биде професионалец, туку кандидат способен за да вози.

Како што голем дел од нас што не сме професионалци и по толку години искуство.
 
 

Немојте ве молам со подмитувања, повикај пријател и такви работи.
Делува смешно и трагично. Да подмитиш за твоето дете, за утре да го ставиш во потенцијален ризик, пред се него, а потоа и сите други.

Јас знам дека повеќето Денес ќе ме критикуваат за моето мислење. Ама вистината е таа. За успех во животот некогаш треба малку и самокритика, ладна глава и малку сериозност








 











« Последно менување: 26 Јануари 2022, 06:41:17 am volenos »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #24 на: 26 Јануари 2022, 07:02:56 am »
Јас ќе се надворзам на дискусијава со две работи.

Првата работа е дека огромен дел од авто-школите ги учат студентите како да положат, ама не како да возат. „Точкава под прозор израмни ја со ќошот, па полна лева, па...“ - и да, ќе положи полигон, ама нема да знае да вози.

Втората работа е моментот дека огромен процент од авто-школите ги обучуваат луѓето на најмалите можни коли. Интересно, на една round-table дискусија пред неколку години со еден автомобилски бренд, самиот бренд ја спомна истата работа - колите растат, а луѓето уште се обучуваат на минијатурни коли. Па после не знаат да се снајдат во реален сообраќај и во поголема кола.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6390
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #25 на: 26 Јануари 2022, 07:56:10 am »
Мора со нишан, инаку голем дел од луѓето немаат просторна ориентација.

Во врска со камерите, мислам беше финтата, ако сакаш приговор за нешто што те паднале, снимката ја гледаат тие што те паднале, шо значи можат ќор да те прават и нема каде да се буниш.
Од 10 души 3ца да извозат, а и ќе извозат најверојатно прописно, еден само ќе пуштат, другите 2ца ќе му измислат нешто, кај шо беше прав крив ќе го направат.

Јас го разбирам ILE а воленос зборува за 5 души од 100, ако не и 1000.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #26 на: 26 Јануари 2022, 08:27:35 am »
Јас превентивно дадов софра од 100 евра за да не полагам 7 пати.

На чело им пишуваше.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #27 на: 26 Јануари 2022, 08:42:24 am »
Јас ќе се надворзам на дискусијава со две работи.

Првата работа е дека огромен дел од авто-школите ги учат студентите како да положат, ама не како да возат. „Точкава под прозор израмни ја со ќошот, па полна лева, па...“ - и да, ќе положи полигон, ама нема да знае да вози.

Втората работа е моментот дека огромен процент од авто-школите ги обучуваат луѓето на најмалите можни коли. Интересно, на една round-table дискусија пред неколку години со еден автомобилски бренд, самиот бренд ја спомна истата работа - колите растат, а луѓето уште се обучуваат на минијатурни коли. Па после не знаат да се снајдат во реален сообраќај и во поголема кола.

Точно е ова, и јас кога полагав ме учеа да паркирам по точки. После полагање сам си учиш да паркираш, луѓе уште не знаат и маваат во браници кога паркираат па бегаат.

Друго кај нас полагањето мислам дека создава мн трема и анксиозност кај кандидатите, бидејќи тие чичиња во комисија што ги тупнуваат 3ца, најчесто се однесуваат мн арогантно. Верувам дека да има различен пристап кај нив, кандидатите ќе бидат поупуштени.

Пак ќе кажам, јас во време на АМСМ без врски без ништо, ќе положев од прва да не направев грешка, и тогаш фаќаа врски и положуваа, сега со новата комисија не знам како е, ама искрено верувам дека штом е приватно целта е полнење џеб, а не вадење квалитетни кадри.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #28 на: 26 Јануари 2022, 08:49:04 am »
Парата праве играта,морав и јас лани да и подШитнам кога полагав за Ц.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1071
Одг: Полагање за возачка дозвола во Скопје
« Одговори #29 на: 26 Јануари 2022, 08:51:13 am »
Значи ова со полагањево возачка одсекогаш било плачење.

За полагање возачка незнам како е сега. Јас кога полагав беше АМСМ, но и тогаш дел од народот кукаше, "ej местено било, пари да земат, па албанците ги пуштаат итн.
И порано луѓето кукаа. "Леле детето ми е супер, намерно го буткаат, местат за да земаат пари, таа едната му накривила очи од комисија), и разни смешни измислици

Како што кажав, тогаш испитен центар беше АМСМ. Но и тогаш се кукаше. После одреден период по телевизии велеа ставете камери, па ова па она.

Претерување имало секогаш, ама тоа мислам било кај кандидатите или поточно нивните блиски по дома..
Јас поминав од трета, и мене тогаш ми велеа еј нема да поминеш местено е, треба да дадеш пари итн.

И сета таа атмосфера, и тие муабети кои ги слушав тогаш ме натераа и јас да бидам нервозен и да направам глупости.

Набрзо потоа кога размислив со ладна глава, сфатив дека луѓето ме бутнале заради моите грешки, а не заради пари.

Ако гледам од денешна перспектива организацијата на АМСМ беше супер. Успеа да направат од мене способен возач,
Точно е дека Имаше грешки во текот на мојата обука, и можев да поминам и порано,
ама за тоа бев крив делумно јас со моите верувања за местенки, и делумно автошкола Мартин, која ја најдовме верувате или не преку препорака од пријател.

Автошкола Мартин не ме спреми добро, а инструкторот тогаш кој ме возеше, цело време ми даваше суперлативи (супер возач сум бил, па јас веќе сум знаел да возам итн. и пола време од часовите си бараше типот делови за колата, која патем не беше ни скрос исправна.
Од денешна перспектива гледам колку сум бил наивен. Верував во тогашните приказни на автошколата дека местеле, па морало да одам 2-3 пати. Таква била праксата.  :-[

За АМСМ комисијата, во времето кога полагав јас беше сосема коректна и професионална. Поминав градска од трета, но денес сфаќам дека ако ме пуштеа од прва немаше да бидам оној возач што сум денес.


Пред се За креаторот на темата имам едно прашање на кое се надевам дека искрено ќе одговори?

Од каде си ти сигурен, дека детето твое е доволно обучено за да вози кола? Од автошколата ли ти велат така?
Свесен си дека една раскрсница и мала грешка може да биде фатална?



За крај имам една порака за креаторот на темата и сите оние кои што некогаш можеби ќе го изгуглаат постов во потрага по одговор пред да полагаат..
Исто и за оние што мислат да местат, подмитуваат итн.


Треба да разберете дека возењето автомобил е одговорност, и дека една грешка може да чини некого живот, па дури и животот на вашето дете, за кое се обидуваш да подмитуваш.


И без разлика која и да е комисијата. Ете порано бил АМСМ, сега некој друг,
Сепак и тие луѓе во комисија имаат свои деца, но и одговорност пред себе. Неможат секој кандидат да го пуштат во сообраќај.
Тоа не значи дека твоето дете е смотано, туку дека не е доволно обучено, има трема итн.

Фатете да работите на случајот, ама посериозно. Променете автошкола, друг инструктор итн.
Немојте слепо да верувате на фалбите на автошколата, бидејќи сигурно нема да ви кажат еј неуспеавме да го обучиме вашето дете. Немојте толку да сте уверени дека детето знае доволно. Ако сме искрени, никој од нас таму не отишол/ла како професионалец туку како кандидат за обука на возач почетник,  [/b]
И здравје кога ќе положи, а искрено се надевам дека малку храброст и малку среќа ќе бидат доволни за некој следен пат, пак нема да биде професионалец, туку кандидат способен за да вози.

Како што голем дел од нас што не сме професионалци и по толку години искуство.
 
 

Немојте ве молам со подмитувања, повикај пријател и такви работи.
Делува смешно и трагично. Да подмитиш за твоето дете, за утре да го ставиш во потенцијален ризик, пред се него, а потоа и сите други.

Јас знам дека повеќето Денес ќе ме критикуваат за моето мислење. Ама вистината е таа. За успех во животот некогаш треба малку и самокритика, ладна глава и малку сериозност
Абе не заебавај за 18 дена по 1.5 сат возење  автошколата и Амсм напрајле од тебе способен возач. Мижи асан да ти јадам слатките

Sent from my SM-G770F using Tapatalk