Автор Тема: Предлог за нова кола  (Прочитано 44223 пати)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #420 на: 11 Декември 2024, 12:25:33 pm »
Да да ги знам овие и ги гледав. Сепак не сакам старо.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #421 на: 11 Декември 2024, 12:30:08 pm »
Ц класа  w206? На промоција беа во АМГ опрема

Иначе браво за транспарентноста

Sent from my SM-G990B using Tapatalk


Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #422 на: 11 Декември 2024, 12:34:58 pm »
И кај двете коли има нешто што ме кочи.
Алфата е стара, иако е обновена, стар модел. Многу помала и поскапа. Ја добив понудата сега, 64к.
Супербот не ми фаќа око дизајнот од надвор. Внатре е класа ипол подобар од претходниот. Некако многу минус ми е што нема панорамски кров. Еднаш реков дека наредната нема да има но реалноста вика дека сакам...

Ц класата од промоција е дизел.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1001
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #423 на: 11 Декември 2024, 12:38:00 pm »
Алфата бе. Имав прилика да пробам деновиве, исто 2.0. Неверојатен хендлинг има, вртењето и прецизноста како на Ферари се.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #424 на: 11 Декември 2024, 12:38:13 pm »
Земи ја алфата. Чисто да сфатиш после година дена дека си требал да ја земеш шкодата :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5903
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #425 на: 11 Декември 2024, 12:47:00 pm »
Втората.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #426 на: 11 Декември 2024, 12:56:30 pm »
Со среќа да се трошат и да се пренасочат во нешто уште поубаво. Никогаш не сум те земал за подсмев, да се разбереме, сепак сме луѓе. Секогаш сум open mind и ако имаш желба, можеме да испиеме по едно точено во гарсон, како со тебе, така и со други од тука што успеав да запознам. Единствено, не го сакам тој бренд Шкода, и тоа е тоа. Првин, почит како човек кон човек и кон сите останати. Што се однесува до автомобилите – секоја промена е за три дена-чудо потоа back to reality. Што ти прави кејф на душата, тоа ќе возиш. Лично, сум за бензинци и ги преферирам на бензин, особено БС 95. :) Ако можам да ти предложам нешто, нека биде Lexus SUV, GLE или GLC-мече, по можност со бензински мотор. Уште еднаш, среќно и со здравје да се троши!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #427 на: 11 Декември 2024, 13:26:11 pm »
Зависи што преферираш во животот, ако си пензионер земи си пак Шкода, ама знајме дека не си, така да се знае што останва. Стара кола била, стар модел е ама 100 пати е поубава од било кој нов Волксваген модел. Или Камри, типично такси возило

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #428 на: 11 Декември 2024, 13:28:09 pm »
Нов Суперб.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #429 на: 11 Декември 2024, 13:41:08 pm »
Кај стар модел, па и 64000€, бооог да чува!

Отсутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 139
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #430 на: 11 Декември 2024, 13:47:43 pm »
За вистински ентузијаст како тебе само ова и на цена ќе си држи секогаш за продажба

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #431 на: 11 Декември 2024, 13:48:50 pm »
Плус нема ни лед светла Џулијата.

А добро иде 2.0 200кс. И изгледа одлично. Нешто ко Моника Белучи ќе му дојде. Старо и добро. Ама старо.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #432 на: 11 Декември 2024, 14:05:47 pm »
Новиот А5, вчера го промовираа
Ете седан најнов модел вчера излезе и бензин и премиум

Sent from my SM-G990B using Tapatalk


Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #433 на: 11 Декември 2024, 14:15:27 pm »
И кај двете коли има нешто што ме кочи.
Алфата е стара, иако е обновена, стар модел. Многу помала и поскапа. Ја добив понудата сега, 64к.
Супербот не ми фаќа око дизајнот од надвор. Внатре е класа ипол подобар од претходниот. Некако многу минус ми е што нема панорамски кров. Еднаш реков дека наредната нема да има но реалноста вика дека сакам...

Ц класата од промоција е дизел.

Алфата не е лоша... ама и јас не би ја зел баш заради тоа што е стара... за некоја година ќе излезе нов модел, па би ми било мака... ќе треба да се шитка и губат пари...

Супербот е топ внатре, топ мотор... ама надвор е класика... панорамски кров сум немал, немам што да мислам за него :)

Го гледам по билборди новото Audi A5... многу добро изгледа. Со добар мотор и опрема ќе дојде колку 2 суперб-а или?
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: Предлог за нова кола
« Одговори #434 на: 11 Декември 2024, 15:05:47 pm »
Octavia RS + APR третман?
Ако мора ново да биде и со бааги коњи...
64к се премногу за веќе технолошки застарен модел.