Ајде апдејт малку. Пред извесно време јако мотивиран дека Шкодата ќе оди како алва, на конец бев да ја порачам госпоѓицата Џулија, но за среќа или не, еден момент имаше коа ми дојде слика пред очи ваква: Џулија во гаража и две коли од окулу. Па така у задњи моменат одложив се до конечното заминување на Шкодата.
Вчера, 10.12.24 со поминати 136.500km и без 10 дена, 6 години, ја возев последен пат и ја предадов на новиот сопственик.
Наспроти сите муабети и да не речам потсмев окулу цената, ја продадов за 29.500 евра без бандажите OZ, што мислам дека е солидно.
@Jimny добро утро.
E сега да прејдеме на темата нова кола.
Да анулираме се што е кажано претходно и да почнеме од почеток.
1. Alfa Romeo Giulia Veloce 2.0TB my23 +Pack Techno, +Pack Harman Cardon, +Панрамски кров, Moonlight grey со црвени седишта. Чекам официјално обновена понуда денес.
2. Skoda Superb L&K 2.0 TSI 265 4x4 со буквално се од листата на опрема со тоа што панорамски кров во најновиот модел не се нуди, Icetea со коњак внатрешност. 55.000 еура.
....
....
Многу сум ограничен со не СУВ и не дизел па ако имате некоја дополнителна идеа кажете
Она што би влегло у цена е
BMW 318i со средна опрема во М стил, без адаптивен темпомат и нормално без сончев кров, и156 коња е смејурија за 53.000 евра.
Имав идеа и да увезам некоја од крај на 23та или 24та со максимум 15.000 но како гледам исто ќе ме кошта а ништо плус нема да добијам.