Автор Тема: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)  (Прочитано 42606 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #360 на: 13 Март 2024, 12:02:57 pm »
Она кога не знаеш што со себе


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #361 на: 13 Март 2024, 12:30:53 pm »
Знаеш, знаеш...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #362 на: 13 Март 2024, 12:33:20 pm »
...каква терапија е ова 😀

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #363 на: 13 Март 2024, 13:04:13 pm »
Не е само терапија, него и дијагноза :P

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #364 на: 13 Март 2024, 13:38:47 pm »
Ај сеа, ќе се вреѓаме ли?

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #365 на: 13 Март 2024, 21:59:27 pm »
Aauuu i ti ista bolestija imas kako mene. Proslata nedela koga zemav mercedesot od majstor koga sreduvaa granata otposle sedam se dosaducam doma pa koga mu vlegov nadvoresno so nekoja slaba hemija plastiki,kapaci,creva,rezervarcinja za tecnosti sum svetnal apteka. Zenava projde bas pokraj mene me zagleda i samo prokomentira places ti doma generalka da prais.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #366 на: 21 Март 2024, 13:39:27 pm »
Денес најдов време и ги сменив задните амортизери. Супер лесна процедура бидејќи нема спирали, така да одштрафи-заштрафи. Старите дефинитивно си го одслужиле своето, на целосно собран амортизер несака да слушне да се врати. Нешто што приметив на старите, имаа одбојници но без прашинарки или манжетни како што ги викаат. На новите нарачав нови одбојници и прашинарки, се си легна на место. Разлика има, тропкањето се изгуби и не е кљанкава во кривини. Со оглед на тоа дека и предните амортизери се исти како и задните, верувам и дека се во исто време монтирани, нарачав и предни па и тие да се сменат. Не покажуваат знаци предните за промена, ама ајде, превентивно.

За гуми одлуката падна на Toyo proxes sport, кој до крајов на неделава очекувам да стигнат, па да се монтираат на бандажите. Искрено едвај чекам...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #367 на: 07 Април 2024, 19:14:21 pm »
Едно тизерче само

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #368 на: 07 Април 2024, 19:57:10 pm »
Љубим ти ваљаците задни 😍

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #369 на: 07 Април 2024, 20:05:56 pm »
Лепота! Се пријавувам да напраам неколку саглам фотки. :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #370 на: 07 Април 2024, 20:37:00 pm »
Ај на пошироко сега.
Гумите каснеа ептен, битно стигнаа. Како што кажав земав Toyo Proxes од Мотоцентар, кога сме кај нив, една фалба да им дадам за внимателно завршената монтажа на гумите.
Монтажата на кола си ја направив сам, извадив старите, исправ пластики под крила, ставив заштита, ги исчистив гумите од тоа мачканиците што ги ставаат при монтажа, ги наштрафив на кола и и мавнав едно перење. Бандажите не успеав да ги поминам со керамика, ама си добија восоче. Гумите премачкани со средство.

Ја пробав колата на кратко, први впечатоци се позитивни, на комфор мооооожеби малку е покрута, ама искрено не ми смета, на волан добив многу подобар фидбек, побрза е реакцијата при вртење и е постабилна. Гумите не осетив да бучат, што ми е ептен важно, утре ќе искочам на отворено па ќе дефинираме за сигурно.

Е сега лоша работа...
Еден од задните бандажи шантраше на балансерка, се залепија доста тегчиња и малку ми скрши мерак, другите се океј и поминаа со мали грамажи. Утре на отворено ќе видиме ситуација, дали ќе има тресење или вибрации. Така да после тоа ќе видиме што понатака.

Генерално сум презадоволен пред се од изгледот, задните некако ми изгледаат кнап, ама не фаќаат на полумесец.
Наредно ми е сервис да се направи, масло филтри, со тоа што ќе биде малку подетален, подетален околу дихтунзи на куќиштето од филтерот за масло, малку подлизнува ако добро гледав, кога сум кај него сакам да сменам и ладилник за масло што иде на него, дихтунзи на усисна ова превентивно, респираторот за маслени пари, лани сменив само филтер, сега ќе иде комплет со куќиште и слични зафати што сум гледал по нетов, како превентива.
Тоа би било тоа.




И да, напред плаче за спирали па и некое дистанцерче за да биде како што треба, ама тоа тешко да се случи.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #372 на: 07 Април 2024, 21:25:57 pm »
Одлично!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #373 на: 07 Април 2024, 21:30:45 pm »
Бреееј! Браос! БРАОС! Мора едно 2-3цм у земја да отиде.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #374 на: 07 Април 2024, 21:42:12 pm »
Тоа нема да фаќа на полумесеци и да го товариш 2т.Назад има и јастуци.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D