Автор Тема: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017  (Прочитано 33784 пати)

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #120 на: 18 Март 2022, 13:37:05 pm »
Колку за оштетувањата,  ебу му матер, шо самите „градски архитекти“, што ние како „сељаци“ тоа е Скопје. Паркинг места проектирани на димезнии од smart. Купува другар мој стан во Дебар Маало, му  продаваат паркинг место,на кое Kia Sportage неможе да отвори врата за излегување, сем ако не си анорексична маникенка. Ама и таа на таа широчина или ќе скине холахопки, или ќе удри со врата. Додуша кај тебе е друго, некое говедо враќало на рикверц ама јас ти зборувам за секојдневни „бацувања“  со   врата.

A BMW , ALFA,  JAGUAR, ми е топ 3-ка, што би сакал модел и автомобил да поседувам. Ама ништо од тоа сеуште не сум поседувал. Се надевам, на Tonale. :P


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #122 на: 18 Март 2022, 17:10:12 pm »
Тој точакот позади ми е некако ептен залепен за колата.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #123 на: 18 Март 2022, 17:16:04 pm »
За мерак беверлито.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #124 на: 24 Март 2022, 11:44:17 am »
Марјанот, можеш ли да направиш една мала споредба на Алфата со баварецот?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #125 на: 24 Март 2022, 11:57:59 am »
секако :)

само каква споредба те интерсира, во која насока?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #126 на: 24 Март 2022, 12:07:11 pm »
Споредбата би била вака:
Giulietta vs 430i

2010 vs 2017 година
Hatch vs Sedan (речи го купе)
235КС vs 250КС
6 степен мануелец vs 8 степен аутоматик
преден погон vs заден погон

2 реда дот матрикс дисплеј vs tacoi на секаде :)
вс МПацкет

 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #127 на: 24 Март 2022, 12:35:38 pm »
Logic  :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #128 на: 24 Март 2022, 13:37:47 pm »

ај покрај очигледното, да направам малку поинаква споредба :)

разликата помеѓу возилата е 7 години, разликата во класа е веројатно класа и пол

Внатре:

 - алфата можеда има прост медија систем и борд кој дава доволно информации, мене лично не ми се допаѓа само полуфинкционалниот Blue & Me систем кој работи во зависност од расположение (нема проблем за да се поврзе со телефон и да функционира, ама останатото..),
 - кај бенџото и покрај тоа што има тач, него го штракнале децата два пати за да покажат дека бил тач, јас сеуште не сум го тачнал ;D. Од целиот медиа систем единствено што активно користам е Спотифај, другите информации се небитни споредено со алфата (нави сеуште не ми требало, убаво е што има разно разни сензори и приказ на ниво на масло, притисок гуми, сервиси итн.) Борд компјутерот не нуди нешто дополнително од алфата, освен ако возиш еко колку км си ќарил и приказ на насоки од нави. Озвучувањето е многу подобро тука. (да напоменам дека предност при изборот на ново возило имаше она со аналогни инструменти)

 - алфата има многу убави седишта, седењето е добро. ПЛастиките се веројатно на ниво на 2010-та и се крути кај вратите, помеѓу седиштата итн.
 - F-серија општо не зрачи со некој посебен квалитет на внатрешност и треба да се земе во овој пакет за да личи внатре на нешто. Седењето, возачката позиција, седиштата се далеку подобри него кај алфата и имаш чувство дека ти земал шнајдер мерка пред да седнеш. Седењето е полежечко, ама па и колата е поголемка. Пластиките во долниот дел од вратите и тука се тврди, само џебчињата во вратите се обложени со текстил

 - алфата има панорама што премногу значи за атмосфера во возење, било низ град или планини/езера. Кај бенџото нема, па гледам колку ми фали.

 - алфата има многу послаба изолација односно заптивање од надворешни влијанија. Зошто? КОлата седи во гаража, за две недели се полни внатре со прашина. Бенџото го забришав некни после 3 месеци. Отворив хауба да дотурам течност за стакла, моторниот простор немаше ни прашина, како го исчистил швабата, така беше после 3 месеци.

Надвор:

 - дизајнот, изгледот, е субјективна работа и тука се џабе дискусии. Алфата сеуште не ја варам од напред и после 5 години, ама целосно како пакет ми е убава кола (обичните со 16-ки тркала, без прагови и когаре подвозје не можам да ги гледам ;D ). Бенџото ми е убаво од секој можен агол. Уште како излезе ми беше најскоцкан седан што постои, па затоа и ми беше примарен во изборот на ново возило.
 - двете коли имаат инзвонреден избор на бои и двете се „легендарни“. Nero Etna кај алфата е црна со црвени прашинки и изгледа неоpишливо на сонце и зајдисонце. Единствена маана е што кај нас, бојата може да се ужива 20 минути после перење односно првите 10-тина километри. Бојата на бенџото ми беше приоритет број 1 покрај моторизацијата и сум, многу, многу среќен што ја начекав.

Возење:

 - алфата е мноооооогу забавна кола за возење. Џабе ќе кликам на ооооооо, треба да се извози за да се сфати што пишувам. Многу е брза, одлични меѓузабрзувања, одлично кочи, управувањето е картинг. Ниту еднаш ме нема разочарано ниту пуштено кога ќе ја насочам каде што сакам, а пар пати ми поминал животот низ очи, додека вртам или кочам
 - бенџото е лимузина. Многу е брзо. Многу е добро на меѓузабрзувања. Брзините ги шалта како машина за шиење, автоматикот е совршен. Мноооооогу ми смета фејк звукот од звучници, ама ќе го решам наскоро (Алфата звучи многу подобро). Кочи корне, управување има директно и прецизно, но се осеќа многу тежината кога мора да споредам со Алфата.
 - алфата над 130-140 станува бучна, најмногу од ветер и гуми, бенџото на 170-180 почнува да шушка од околу колку да приметиш дека веќе иде над дозволена брзина

Резиме:

 - алфата е хот-хеч и како таква треба да се доживее, ако треба да одам некаде сам, СЕКОГАШ ја земам алфата. Прирасната ми е за срце, забавна е, ме смее, лечи депресија, смирува живци. Прекрасно, прекрасно авто за уживање. Беше фамилијарно скоро цели 5 години и ниту еднаш не рекла не палам и ниту еднаш не ме разочарала :) (на моја огромна жалост, веројатно за наскоро ќе оди на оглас)
 - бенџото е друга категорија и нуди посебен тип на уживање. Иако сите ми велеа дека никогаш нема да ги користам шалтерите, јас сум тип на човек кој редовно сака да си дауншифта под стоковна куќа мост и по булевар ;D . Иако ја имам прекраток период за да кажам нешто дополнително, колата ги задоволи сите мои критериуми, дури и ги надмина :)

отприлика тоа е, ако некој го интересира нешто друго, ќе пишеме :)


Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #129 на: 24 Март 2022, 18:25:54 pm »
Која би би била отприлика цената на алфата? Ќе направиш грев ако ја продадеш надвор од форум :)

Ако е за инбоЏ пиши инбоЏ

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #130 на: 24 Март 2022, 19:17:37 pm »
Ќе пишам во соодветната тема, да не ја расплинувам оваа, бидејќи знам во која насока ќе отиде дискусијата :)
Цената ќе биде соодветна на понудата кај нас и најевтина ако се спореди со околина и странство.

Нема потреба за инбокс пошто нема што да се крие, а би сакал да не правам грев и да остане на форум ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #131 на: 24 Март 2022, 20:52:16 pm »
Убава и детална споредба и покрај тоа што се работи за различни класи на возила. Генерално ме интересираше чувството зад волан. Иако се работи за различни генерации на возила, тоа е релативно исто како и видеоигрите, па може да се даде субјективна оценка. Пред 10, 20 или 30 години некоја игрица ми изгледала дека има невидена графика, а кога ќе ја погледнам денес ми излегуваат прашалници пред очи како можело тоа да ми биде убава графика. На пример, од секогаш чувството зад волан во Мерцедес ми било врв, онака мечкесто. Почнувајќи од 123-ка која некогаш ја имаше татко ми и му ја крадев како дете, па се од Мерцедес што сум возел наваму. Убаво чувство ми давале и Ауди и (поновите) Фолксвагени, но и повеќето јапанци. Канта чувство сум имал секогаш кога ќе седнам зад волан во Рено, Опел или Шевролет и друго, без оглед колку биле опремени и колку чинеле.

Во товојов случај се работи за комплетно различни групации на возила, не само брендови. Обично луѓето се врзуваат ако не со брендот тогаш барем со групацијата. Во товојов случај си отишол на нешто комплетно различно од претходното иако си бил среќен и со тоа што претходно си го возел. Tоа ми беше чудно, па затоа и прашав за споредба.

Како и да е, Бенџамин изгледа безобразно добро, а бојата го прави уникатен. Кога го видов пред мене знаев дека си ти бидјеќи друго такво воопшто не сум сретнал. Не знам само како можеш покрај него да седнеш во Алфата :D


П.С. Поголема глупост со укинување на „аналогните“ лајк врталки и замена со копчиња кај поновите возила не можеле да направат. Нешто што многу ме нервира кај Артеонот е тоа. Ако сакам да намалам или зголемам јачина на звук треба да се окозам стискајќи n пати наместо културно да завртам колку шо сакам.
« Последно менување: 24 Март 2022, 20:59:10 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #132 на: 29 Март 2022, 19:26:54 pm »
Денес средена колата кај Антонио
Човекот е уметник и си ја знае работата.
Има голема препорака од мене, пошто покрај одлично завршената работа, си направивме и муабет и каде и како е „школуван“, каде и што работел и ми го покажа портфолиото.

Лично, не бев уверен дека може да се среди без да се познава.
На сликиве не знам колку ќе се приметува заради отсјај на светла, ама буквално не се приметува дека нешто имало на вратата, освен ако се загледаш микроскопски кај два „подлабоки“ реза, кои пак ќе напоменам не се приметуваат




Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #133 на: 29 Март 2022, 19:41:57 pm »
Постои ценовник на услуги или истата варира од интервенција до интервенција?

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #134 на: 29 Март 2022, 20:01:53 pm »
Ги видов сега сликите на FB.Одлично е средено.Деновиве кога ке идам за Скопје планирам да го посетам имам и јас неколку длапки за поправање.