Автор Тема: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017  (Прочитано 33751 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #105 на: 10 Март 2022, 10:13:24 am »
@marjanot

Искрено, многу ми е жал и душа ме боли како за моја кола.

Апропо муабетов за стадото и барање место...



Сликава е во Дојран, на ОГРОМНИОТ БРИШАН ПРОСТОР пред недоизградениот хотел, Стар Дојран, на влезот. Ја паркирав колата, немаше ЖИВО ПИЛЕ дур паркирав. Отидовме да се прошетаме по пешачката патека покрај ќејот, се враќам... Ова.

Гледате, паркингот е УШТЕ ПРАЗЕН.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #106 на: 10 Март 2022, 11:02:16 am »
Значи ни гаража не штити од идиоти.. ах племето нивно.

не е во гаража закачена, некаде надвор е
гаражните места се доволно големи и од една страна слободни, башка се знаеме кои сме

Според висинава - сувче со браник заден ќе е. Од тие попрегледни што се... ;D

не се ни обидувам да одгатнувам од што е и како е, на горниот рез има вдлабнато

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #107 на: 10 Март 2022, 22:15:04 pm »
Jebiga mene istoto mi se sluci na parking vo sistina abe so sila udrena vrata se gleda, ama toa ti e. Cim se poprava so pari ne mu se zamaraj ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #108 на: 11 Март 2022, 11:49:21 am »
Фантастично возило. Жалам за ударот, со ефтино да го санираш.
Инаку генерално сите што работиме во централно градско подрачје го имаме проблемот со стадото, т.е. сељаците. Многу пати до сега ме удриле и никој не остава порака со бројче. Сеуште неможам да разберам што ќе ги кошта еден европски да направиме. Тоа е најмалку што можат да направат и едно мало извини за тоа што ќе идеме да се малтретираме по сервиси. Ама не го прават ни тоа...



Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #109 на: 11 Март 2022, 13:38:29 pm »
@marjanot

Искрено, многу ми е жал и душа ме боли како за моја кола.

Апропо муабетов за стадото и барање место...



Сликава е во Дојран, на ОГРОМНИОТ БРИШАН ПРОСТОР пред недоизградениот хотел, Стар Дојран, на влезот. Ја паркирав колата, немаше ЖИВО ПИЛЕ дур паркирав. Отидовме да се прошетаме по пешачката патека покрај ќејот, се враќам... Ова.

Гледате, паркингот е УШТЕ ПРАЗЕН.

Хахахах 2020 година и мене на истово место истото ми се случи.

Нели тука има и маркет. Паркирав на 20 метра од маркетот. Имаше гужва за чудо, башка дојдоа Унгарци џандари два три Рекстони.

Никој немаше до мене ...и една фуфица со Киа Рио до мене се залепи.

Кога барав плочки лани во Шате на Качанички пат исто.

Паркирам сам да бидам на влез на плацот. Една фуфица со Фиат 500 ...се залепи до мене.

И викам „Госпоѓо,... ЦЕЛ ПЛАЦ е ваш. Зошто до мене се начука. Како ќе влезам сеа в кола?!“

Трепкаше 5 минути со очите дур да сфати што и кажувам.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #110 на: 11 Март 2022, 22:58:52 pm »
@marjanot Имаше по фб дечки што исправаат без фарбање, вреди да се проба. Штета али јбг ќе се среди.

EDIT: https://www.facebook.com/PDRMacedonia/

« Последно менување: 12 Март 2022, 08:07:46 am ace-106 »

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #111 на: 12 Март 2022, 17:17:58 pm »
@marjanot probaj da ti go sredat vdlabnatoto  so izvlekuvanje a drugoto jas ke ti go ispoliram  ....probaj kaj darko 070353765, babarko +38970353606 i antonio ama za nego neznam kako raboti +38975203305

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #112 на: 12 Март 2022, 17:48:27 pm »
@dame kaj se naogaat darko/babarko za izvlekuenje, prasuem za drugar odnosno brat mi :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #113 на: 12 Март 2022, 17:57:17 pm »
Бабарко има во Прилеп, само ако е тој пази да не ти побара 1000 евра, на другар  првично 2500е му побара за фарбање .
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #114 на: 12 Март 2022, 18:12:17 pm »
@dame kaj se naogaat darko/babarko za izvlekuenje, prasuem za drugar odnosno brat mi :)
@M3V8 darko e blisku mene ,babarko e od prilep ama doagja redovno gi sreduva kolite na ovlastenive servisi

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #115 на: 13 Март 2022, 10:03:38 am »
Од Дарко во Лисиче што е блиску до Даме сум презадоволен како ја среди колата. Цел кров беше од град оштетен плус браник, задна врата и ова на сликиве. Штета немам повеќе слики од пред да ја прави. Ја дотера без никакви забелешки, дури и таму кај што мислев дека не може, се среди.








Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #116 на: 18 Март 2022, 12:51:30 pm »
Вчера на 64.338км, односно после 1.223км поминато со зимскиот сет, сменети со летен сет.

Се појавив во Мотоцентар - Момин Поток околу 18:00 да си ја пробам среќата.
Немаше никој.
18:05 ја ставив во бокс, четворица земаа по едно тркало, додека да се раздужам завршија и во 18:15 ја извадив од бокс.




Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #117 на: 18 Март 2022, 12:54:52 pm »
Бре, што убава кола!

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #118 на: 18 Март 2022, 13:05:39 pm »
Секс во движење е автомобилов. Мислам дека те видов во Неделата кај Тинексот во Аеродром, ако беше ти, тогаш уште поубава е бојава во живо.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #119 на: 18 Март 2022, 13:26:33 pm »
бев, веројатно јас сум бил :)

за бојата сум пресреќен што ја начекав
во зависност од светлина, варира од светло/небесно плаво, па се до виолетово

БМВ имаат прилично долга листа на плави бои, мојава е дури на 23-та страна ;D