Автор Тема: VW Golf mk3 VR6  (Прочитано 6368 пати)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 719
VW Golf mk3 VR6
« на: 08 Декември 2021, 23:51:44 pm »
После продажбата на мојата Golf 3 GTI 16V за која претходно овде имав тема, па купување на нова Шкода Карок, не издржа срце без Голфче 3 во гаража.
Па така после 5 минутно размислување со брат ми ( @GTI16V  ) се решивме да се подновиме.
На огласи Golf 3 VR6 скоро и да нема, а и тешко е да се најде зачуван, барем да има добра основа за средување.
Од претходно знаеме дека кај наш пријател на продажба има VR6-ка, која едно време се вртеше по огласи па ја тргна ама уште беше кај него.
Среќа му била пишана да заврши кај нас.
Возилото е набавено со мал дефект во моторот кој сами ќе го санираме бидејќи ги имаме потребните резервни делови.
Во кратко за Голфот, година на раѓање е 1994 или 1995 (не ми текнува во моментов точно која беше).
Од опрема има клима, централно заклучување, електрика на сите стакла и ретровизори, ел. шибер, клима (обична) во исправна состојба, греачи на дупе и муда.
Ентериерот е фабрички кожен, покрај седиштата и тапацирите и воланот се облечени фабрички во кожа.
Ентериерот со оглед на годините е доста зачуван, и колата е целосно префарбана од претходниот газда во фабричката боја по код.
Колата има Borbet бандажи, не знам точно кој модел се, но му даваат убава линија.
Спуштен е со спортски спирали, не е на штелки така да донекаде би требало да има малце поудабна вожња од мојата тројка која беше крута.
Се на се, освен санирање на дефектот и регистрација колата нема трошоци по неа, освен се разбира редовно одржување кое секако ќе го добива во иднина.





















Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #1 на: 09 Декември 2021, 00:17:08 am »
Абе уште ќе се расправате со овие 3јките ?  ;D Остајте ги нека скапуваат на рает  :) Како и да е здраво изгледа, памтам пред 10тина години се возев во Голф 3јка, интересна вожња имаат.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #2 на: 09 Декември 2021, 09:02:48 am »
Прекрасно! Сигурно звучи одлично, снимете едно клипче кога ќе го средите!

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 719
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #3 на: 09 Декември 2021, 09:27:52 am »
Се разбира, ќе пратам видео во прва прилика.
Кога сме на темава за снимање, со брат ми имаме идеја да снимаме видеа на youtube при работа на колите, тие што веќе се реставрирани и сегашни проекти кои уште се во тек.
Идеи и предлози се добредојдени.
Брат ми веќе има набавено опрема која е потребна.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #4 на: 09 Декември 2021, 09:40:33 am »
Супер изгледа примероков, со здравје да се вози. Од кај Боро е купена? Гледам тој продава зачувани коли, ама цените му се ... :D

Идејата за снимање видеа ви е одлична. На англиски ќе бидат видеата? На македонски мислам дека нема цел, многу хејтери на м2 има :D
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #5 на: 09 Декември 2021, 10:04:30 am »
Се разбира, ќе пратам видео во прва прилика.
Кога сме на темава за снимање, со брат ми имаме идеја да снимаме видеа на youtube при работа на колите, тие што веќе се реставрирани и сегашни проекти кои уште се во тек.
Идеи и предлози се добредојдени.
Брат ми веќе има набавено опрема која е потребна.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Goonzquad на youtube имаат доста едноставна продукција, снимаат со iPhone без исклучок, и единствено нешто што ги издвојува е енергијата што ја имаат :)

Редбули и бело ви треба само, и ќе растурате ;D

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 719
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #6 на: 09 Декември 2021, 10:16:03 am »
Супер изгледа примероков, со здравје да се вози. Од кај Боро е купена? Гледам тој продава зачувани коли, ама цените му се ... :D

Идејата за снимање видеа ви е одлична. На англиски ќе бидат видеата? На македонски мислам дека нема цел, многу хејтери на м2 има :D
Да, од Борче е колата.
Сме размениле неколку коли веќе. :)
Хејтери имало и ќе има, не обраќам внимание.
Еве и Борче дур ја огласуваше еден куп такви луѓе му коментираа за цената.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #7 на: 09 Декември 2021, 17:10:50 pm »
VR6 многу ми се допаѓа звукот. Доаѓаше еден на ВЕРО мислам со суперчарџер VR6. Добро примаше.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #8 на: 09 Декември 2021, 20:20:13 pm »
Тој беше 2.10
Со зборови....

два, десет

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #9 на: 09 Декември 2021, 22:19:41 pm »
Два ... десет? Que?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #10 на: 10 Декември 2021, 08:27:14 am »
Еден идеше со VR6 на Веро. Од браќата.
Паркира и отвора хауба и ние го прашваме ова е 2.8 или 2.9 ?
И тој низ заби вика два ..... десет.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #11 на: 10 Декември 2021, 09:38:04 am »
Еден идеше со VR6 на Веро. Од браќата.
Паркира и отвора хауба и ние го прашваме ова е 2.8 или 2.9 ?
И тој низ заби вика два ..... десет.




Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #12 на: 10 Декември 2021, 10:25:10 am »
Македонискиот Волфсбург се појак и појак...
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #13 на: 10 Декември 2021, 19:55:49 pm »
Прекрасен! Со здравје да се вози.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #14 на: 26 Декември 2021, 22:49:40 pm »
Полека се спрема трансплантацијата на срцето, среќа е кога познаваш доста луѓе и има луѓе што те знаат по тоа што си или работиш.

Ситуацијата е следна, колата дојде со дефект на мотор т.е. прочука на радилица. Имав мотор во делови и најбитното здрав блок со радилица. Планот беше да ги земам блокот и радилицата да се премерат одстапките и да се искористат клипови, глава и сите периферни делови од оригиналниот мотор. Но, времето и условите моментално не дозволуваат да средам мотор комплетно како што сакам, затоа добив мотор од пријател кој што беше во кола, исправен, пали и вози. Тој сака 1.8Т па лесно се договоривме да го добијам моторот комплетно за да биде директно ставен кај мене и брат ми во кола.





Сега за сите оние кои што пратат детали или би сакале да научат нешто ново. Колата е 94 година и е обд1, моторот кој што ќе се монтира е обд1 но на сликата ќе видите дека има разводна капа, додека моторот во колата беше со бобина.

Мој личен избор е бобина пред разводна капа, со самото тоа останува оригиналната моторна инсталација у кола и нема да отварам дополнителна работа. Следен чекор е конверзија на моторот од разводна капа да користи бобина, тоа е возможно со следните промени, се вади усисната грана и се отвара поклопец на брегасти, се одстранува горниот капак на ланецот и се заменува зупчаникот на задна брегаста (поради сензор на брегаста). Следно се става капак на ланецот заедно со затегач од мотор кој што е со бобина (бобината се штрафи на капакот). Се враќа назад усисната грана и моторот може да се користи со оригиналната инсталација и компјутер.