После продажбата на мојата Golf 3 GTI 16V за која претходно овде имав тема, па купување на нова Шкода Карок, не издржа срце без Голфче 3 во гаража.
Па така после 5 минутно размислување со брат ми (
@GTI16V ) се решивме да се подновиме.
На огласи Golf 3 VR6 скоро и да нема, а и тешко е да се најде зачуван, барем да има добра основа за средување.
Од претходно знаеме дека кај наш пријател на продажба има VR6-ка, која едно време се вртеше по огласи па ја тргна ама уште беше кај него.
Среќа му била пишана да заврши кај нас.
Возилото е набавено со мал дефект во моторот кој сами ќе го санираме бидејќи ги имаме потребните резервни делови.
Во кратко за Голфот, година на раѓање е 1994 или 1995 (не ми текнува во моментов точно која беше).
Од опрема има клима, централно заклучување, електрика на сите стакла и ретровизори, ел. шибер, клима (обична) во исправна состојба, греачи на дупе и муда.
Ентериерот е фабрички кожен, покрај седиштата и тапацирите и воланот се облечени фабрички во кожа.
Ентериерот со оглед на годините е доста зачуван, и колата е целосно префарбана од претходниот газда во фабричката боја по код.
Колата има Borbet бандажи, не знам точно кој модел се, но му даваат убава линија.
Спуштен е со спортски спирали, не е на штелки така да донекаде би требало да има малце поудабна вожња од мојата тројка која беше крута.
Се на се, освен санирање на дефектот и регистрација колата нема трошоци по неа, освен се разбира редовно одржување кое секако ќе го добива во иднина.









