Автор Тема: VW Golf mk3 VR6  (Прочитано 5873 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #15 на: 26 Декември 2021, 23:02:07 pm »
VW енциклопедија сте, лесна работа!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #16 на: 26 Декември 2021, 23:23:02 pm »
Како е правилно? Бобина или бомбина?

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #17 на: 26 Декември 2021, 23:44:51 pm »
Бобина е правилно, слично како вечната загатка дали е друк или друг лагер 😂

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #18 на: 26 Декември 2021, 23:50:21 pm »
Србите велат дека правилно е бобина:

Ta imenica, kojom se označava kalem (za konac, predivo, filmsku traku i sl.) ili, u elektrotehnici, kalem sa namotajima bakarne žice, indukcioni kalem, potiče od francuskog bobine.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #19 на: 07 Февруари 2022, 23:17:04 pm »
ОК турбулентен период, се надевам напред има помирни води, како и да е еден апдејт до каде сме со работата :D

Празници, ладно у гаража, недостаток на делови поради не планирана работа и се тоа се собра у Јануари кој што трае 365 дена. Како што пишав претходно планот беше моторот од палец да се конвертира на бобина, а за тоа да помине требаше да се замени горниот капак на ланчето. Епа тука започна интересниот дел, незнам дали да речам дека беше среќа што го отворивме моторот или малер.

Кога се пристапи до ланчето воочливо беше дека облогата на затегачот од ланчето е потрошена и мора да се замени... кога веќе моторот е надвор од кола нели, а за да се замени затегачот и клизачот на ланчето мора да се вади менувач. Голготата во потрага по делови започна, веројатно дека се помалку ги има кај нас на пазарот како мотор/кола не се чуваат веќе залихи од делови. Special thanks to @andrej_111 кој што дел од деловите ги нарача оригинал VW од останатите залихи во Германија, а она што го немаше и таму е нарачано преку autocentar.mk и секоја чест и благодарност за дечките таму исто.















Има уште работа, да се потсреди моторниот простор, да се зачисти. Треба да се наместат полуосовини, системот за ладење, да се нареди климата... релативно ситници кои не би требало да одземат повеќе од ден два работа се надевам.

П.С. Иако е во ваква состојба, му го свртев клучот чисто да му чујам гласот.... добро е на палење е наместен плус конверзијата функционира :D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #20 на: 09 Февруари 2022, 01:13:21 am »
Денес успеав да одвојам малку време да поработам, поладно денес и ветар бричи. Нејсе, моторот што го земав имаше компресор за клима, не користен одамна и доста сомнителен па решив да го користам тој што дојде со колата од зарибаниот мотор.



Кога тргнав да го вадам компресорот забележав дека алтернаторот е од 70 ампери... искрено првпат лично гледам ВР6 со алтернатор под 120 ампери. Така да си отворив дополнително работа, прво одстранив затегач на линиски каиш за да пристапам до еден од двата штрафови кои го држат алтернаторот. Со тоа си отворив поголема прегледност и простор за работа да го демонтирам компресорот од климата.

Исто така подсредив дел од каблите, ставив изолација таму каде што немаше така да намален е малку нередот.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #21 на: 12 Февруари 2022, 02:00:24 am »
Ок другари, нов пост малку у доцни саати ама до пред половина час работев во гаражата. Па да започнам по ред.

Во последниот пост пишав дека треба да заменам компресор за клима, алтернатор и воедно да се намести серво пумпата.



Следно да се среди нередот.



Наместена бобина, пумпа за кумплуг дел пд цревата за антифриз и дополнителната пумпа за вода (намената и е уште некое време да ја врти водата низ главата после возење за да ја лади да не дојде до искривување).



Последни припреми пред палење.





И за крај ова…

https://youtube.com/shorts/l1Ptp3Z1t0s



« Последно менување: 12 Февруари 2022, 02:15:31 am GTI16V »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29789
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #22 на: 12 Февруари 2022, 10:51:48 am »
Прекрасно!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #23 на: 16 Февруари 2022, 22:51:59 pm »
Другари бидна работа, си доби колата таблички и пројде технички преглед.

Па ред по ред, за дешавките пред да дојдеме до регистрација. Кога го растурав предниот дел од колата за да може да се монтира моторот забележав дека каишот кој треба да ја врти помошната перка не е таму. Си помислив ок се скинал, паднал, нарачав друг и чекав да дојде редот за челниот да се мести па да го ставам каишот. Арно ама нече среча поштеног човека, за да дојдам до перките мора да извадам ладник за климата и мотор... за да откријам дека се скршила шајбната на главната перка. Се гледаат траги од некој лепак на сликата долу, шајбната е ставена на позиција чисто да ја сликам за табло



А ова е новата перка



Па проба дека лежи се у линија





Од тука колата замина на технички преглед ако е ссе во ред да може да се регистрира, беше константирано дека е потребна промена на стабилизатор и глицерин што беше веднаш сторено и така ете не овде :




Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 567
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #24 на: 24 Февруари 2022, 16:27:52 pm »
Да пријавам дека добив кругче, колата фуче :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #25 на: 25 Февруари 2022, 11:27:13 am »
@andrej_111 велиш стаклата се тресат? :D

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 713
VW Golf mk3 VR6
« Одговори #26 на: 25 Февруари 2022, 21:45:26 pm »
Мал апдејт.
Голфчето си е супер, моторот е освежен и досега не покажа проблеми. Климата и цела електрика околу колата работат.
Некои работи што треба да се средат:
-нов среден и заден лонец (среден нема, задниот е отиден)
-репарација или замена на серво пумпа.
И секако наредно во план е хемиско на ентериерот, кој е во прилично солидна состојба со оглед на годините, но потребно е прописно одржување на кожата.











Последната слика е од заедничката спална соба на двете VR6-ки.


Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: 26 Февруари 2022, 00:10:11 am Lhasa Green »

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 567
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #27 на: 26 Февруари 2022, 10:42:56 am »
@andrej_111 велиш стаклата се тресат? :D

Ма нека се тресат, ништо да не сте чепнале на издувот!
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #28 на: 26 Февруари 2022, 11:00:28 am »
 Видео, видео, видео!!!!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7690
  • Хорска Секција
Одг: VW Golf mk3 VR6
« Одговори #29 на: 13 Март 2022, 14:18:52 pm »
Одлично тајмерче. Вреди да се чува и да се инвестира во него. Кога би бил јас на ваше место би му фукнал една K&N печурка и безобразен издув за да правам терор по улиците (дур не е забрането со закон) :)

Ум шо идит отпосле не јет ум!