Автор Тема: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium  (Прочитано 5408 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #45 на: 28 Октомври 2021, 14:53:59 pm »
Елантра ко на Сале иде до 100 со 10.7 секунди. 2008 иде до 100 за 8.9 секунди. Да не праиме муабет дека Елантрата има 145 -150 Nm (колку што ме држи сеќавање) На околу 5000 вртежи во минута, 1.2 турбо има 230 на 1750 вртежи во минута - а тоа го прави турбашот да е значително полесен за секојдневно возење и се чувствува како да е значително побрз, бидејќи нема потреба од „газење“ до високи вртежи.

Турбо-бензинецот е супериориен во секој аспект. И во еластичност, и во перформанси, и во потрошувачка.

Едит: Затоа напоменувам, не се сечии потреби и желби исти. Кога се купуваше Elantra / i30 со ваков мотор за 13-14к, приказната беше комплетно поинаква. Сега веќе нема такви цени. Е сега, затоа има момент како 7 години гаранција, едноставен и нерасиплив мотор, можност за конверзија на плин, итн, итн, итн. Како што рече Сале, за фирма се одлични.

Гарант продавачите ви Ми-Да кубат коси како да ги остварат таргетите од Хјундаи сега.

Зависи со што. i20 / i30 потешко оди во однос на порано. Tucson си пичи. Kona си пичи.
Хаха, поради тоа што е супериорен се појавуваат повремено коментари на разочарани членови на форумов откако повозиле 1.0 турбо.
Токму поради суперлативите се појавуваат коментари кои одат во негативна крајност за атмосферците како за Типо што имаше пред некое време :)


Се сложуваме сите дека е подобар турбашот и за неговите предности (мислам дека ги опишав погоре во 2-3 најкратки црти), но исто така е предмет на размислување на одредени купувачи дали основно ниво атмосферец, дали премиум ниво атмосферец vs основно ниво турбаш, особено ако се знае дека основниот пакет е веќе "пребогат".
Ова секако ако се исклучи митот  "тукушто развозена 10 годишна половна кола".

Се јавуваат коментари на разочарани форумџии, заради тоа што можеби очекувањата биле преголеми или нереални, или едноставно не знаеле како да возат турбо-бензинец за да го извлечат максимумот.

Атмосферци има сè помалку и помалку, особено во колку-толку поголемите класи на возила (да речеме класата на i30 и поголемите).

Дали основниот пакет е „пребогат“ или не е многу субјективно - на некого основниот пакет му е пребогат, на некого не му е. Затоа и постојат пакети. Затоа и постојат различни мотори, за секој да може да си одбере тоа што го сака и тоа што му одговара на потребите и желбите и приоритетите. Да не се разбереме погрешно, јас не го кудам атмосферецот, само имам субјективен став дека еквивалентните турбо-бензинци се супериорни во секој поглед, освен во ограничувањето во однос на вградување плин.

Тој став е изграден врз еден куп тестирани возила со еден куп различни мотори.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #46 на: 28 Октомври 2021, 15:20:48 pm »
Се потсетив на возење атмо кога го возев Nissan Note на татко ми пред година и нешто. Одевме фамилијарно две коли до Дојран па да не го оставам он да вози јас седнав. 1.4 атмо, 85 коња - пали вози. Никој не му се секира. Се е тоа супер дур не треба да поминеш 2 -3 саати на автопат каде на брзини над 100 км/ч веќе  се осеќа зголемена бучност/намалена агилност и еластичност да се повлече. Може и 150 да го цвичиш ако имаш нерви да го трпиш. Во град е супер, никогаш не ми затребало нешто екстра. Мазно оди не се осеќа инфериорност. Можеби  овој нов атмо е порафиниран ама споредено со 1.0 ТБ верувам дека тие екстра 70 мкд на 100 км многу  подобро е да се потрошат отколку да се чудам во која брзина требаше да ставам за да претицам скапано Тамче на ргионален пат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #47 на: 28 Октомври 2021, 15:24:55 pm »
Се потсетив на возење атмо кога го возев Nissan Note на татко ми пред година и нешто. Одевме фамилијарно две коли до Дојран па да не го оставам он да вози јас седнав. 1.4 атмо, 85 коња - пали вози. Никој не му се секира. Се е тоа супер дур не треба да поминеш 2 -3 саати на автопат каде на брзини над 100 км/ч веќе  се осеќа зголемена бучност/намалена агилност и еластичност да се повлече. Може и 150 да го цвичиш ако имаш нерви да го трпиш. Во град е супер, никогаш не ми затребало нешто екстра. Мазно оди не се осеќа инфериорност. Можеби  овој нов атмо е порафиниран ама споредено со 1.0 ТБ верувам дека тие екстра 70 мкд на 100 км многу  подобро е да се потрошат отколку да се чудам во која брзина требаше да ставам за да претицам скапано Тамче на ргионален пат.
Не е само 1.0т 120кс, имаш и 1.2т 120кс, и 1.4т 120кс... И меѓу овие има многу голема разлика, иако се по бројки исти. Лагот, турбо дупката, зависноста од бустот, недоволно моќ во делот на дупката, клима. Си има разни работи.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #48 на: 28 Октомври 2021, 15:29:05 pm »
Така де, муабетитве се да се искристализираат малку работиве по однос различни коментари при што се добива впечаток дека некој е малоумен доколку купи Типо или i30 атмосферец, барем додека сеуште се нудат, иако би очекувал барем 1000 евра подоле за i30, колку конверзијата за на плин да испадне гратис.

Брамовск, уште со минатиот модел на i30 беше тивко во кабина до 120, на 130 многу пригушено режење.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #49 на: 28 Октомври 2021, 16:05:01 pm »
Атмо само над 3.0 в6. А и тие умреа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1104
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #50 на: 28 Октомври 2021, 16:18:05 pm »
Не е само 1.0т 120кс, имаш и 1.2т 120кс, и 1.4т 120кс... И меѓу овие има многу голема разлика, иако се по бројки исти. Лагот, турбо дупката, зависноста од бустот, недоволно моќ во делот на дупката, клима. Си има разни работи.
1.0 немам возено ни се имам возено. 0.9 Renault captur и crossland 1.2 110, има разлика. crossland-от помазно возеше.Дури помазно и побрзо и од opel astra j 1.6 115ks, атмосферец.А да и на нејзе не препорачаа плин да се стави :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #51 на: 28 Октомври 2021, 16:35:44 pm »
Атмо само над 3.0 в6. А и тие умреа.
И 3.0 атмо треба цедење да се движи поштено,додека турбо ќе се движи поштено со понормално возење.А со самото тоа ќе дојди и разлика во потрошувачка,ама и во одржување.
Едно 3.0 v6 би турбо за мене,а и линиски 6-ак не ми смета само би турбо.
Се друго е колку да се тркала.  :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D