Значи овака, 1.4 mpi Хјундаи i30 (претходна генерација) и 1.0 екобуст Фокус (сегашна генерација).
Првиот не е толкава катастрофа, а вториот не е нешто спектакуларен.
Првиот е екстра тивок во кабина, на 130км/ч вртежите се нешто под 4.000 кога и се појавува едно пригушено режење, барем додека е нова колата. Меѓузабрзувањето на автопат споредено со дизел е тиња, па затоа и лежерно ќе си возиш без некакви амбиции.
Во град си брка работа солидно, освен ако не е целта да испредњачиш 500 метра пред останатите и да ги чекаш на црвено на наредниот семафор
Вториот има чудно режење на тргнување и мислам на додавање гас од пониски вртежи, потоа се смирува, и е доста тивок на 130км/ч бидејки е под 3000 вртежи (не се сеќавам точно). Меѓузабрзувањето на автопат не е ништо поразлично од првиот, освен на штоперица можеби.
Во град се осеќа дека е пожив и со леснотија се завртува моторот.
Што се однесува до потрошувачката во град, на исти релации со дизелот 1.4 што го возам е 6.5л, со 1.0 екобустот е 7.6л, со 1.4 mpi е 8.7л.
На автопат е поекономичен екобустот поради пониските вртежи, односно 5.5л за разлика од атмото кој лапа 7.2л со 130км/ч.