Фала ви на сите на честитките и убавите зборови! Да ви се враќа се што ќе посакате!
Мењачот е дефинитивно многу чуден, ама на крај на денот се е навика. Кога се вози низ град не се осеќа и колата е стварно уживање, чудните звуци се јавуваат при интензивно забрзување.
Точно е колата ја земав на старо од Тојота, испадна дека го познавам првиот газда и ми се направи кејф, ја добив со фулл сервисна историја и уште една година фабричка гаранција. Морам да ги пофалам дечките од Тојота користени возила, дефинитнивно позитивен впечаток ми оставија.