Аирлија нека е, него кажи тоа пикерот за боја што го зема го проба ли како функционира?
Се избришале некои одговори при миграцијата на новиот сервер. Не го пробав, ми фали желба и материјали некои што ми требаа
Иначе, деновиве и дојде денот на пластиката од воланот, која беше излитена од константно држење на иста точка и од претходните газди, и од мене:
Отидов во продавница за бои и лакови, ги замолив да скенираат боја од маската на радиото, и ми направија во спрејче.
Истругав прво со скоч брајт, па со 800ка шмиргла, и се симнав во гаража да фарбам. Резултат после пластик прајмер, 3 слоја боја и 2 слоја лак:
Искористив прилика да ги исчистам копчињата од командите на волан, контактите си се запрљале од 14 години експлоатација. Склопено:
Додека работев, си се дополнуваше и освежуваше акумулаторот:
И да не го вадам акумулаторот недополнет, решив пак да го фарбам воланот, зошто прошли пат беше само зафарбан. Налево круг до продавницата за бои и лакови, и после 4-5 слоја, резултат:
И финален резултат:
Малце ми е сјајно, ама тоа е што е. Тој што ја правеше бојата ми рече дека не може да извади најмат на светот поради состојките што ги става во бојата.
До следно вклучување, од Влае, Мартин Алфиста.