Автор Тема: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp  (Прочитано 71422 пати)

Присутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 408
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #690 на: 20 Октомври 2023, 18:28:57 pm »
Со здравје да ги користиш, ептен се убави. За капачињата, имаш и такви кај кинезиве, имаш и лого лепенки сигурно за да не се замараш пластиката да ја вадиш позади.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #691 на: 20 Октомври 2023, 18:39:27 pm »
Ситно ќе речеш, а колку значи теписонска патосница. И старите не делуваа којзнае колку лошо, ама си го дале своето. А новите, како нова кола да е дошло. Нова кола.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5456
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #692 на: 20 Октомври 2023, 19:59:29 pm »
Сега нема веќе со патики влез во митото, само со пресно перена чорапа внатре :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #693 на: 21 Октомври 2023, 11:43:30 am »
Да се чуди чоек, ама што погуст теписон, помалце се прља 😁

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #694 на: 10 Ноември 2023, 11:13:54 am »
167640 километри, сменети летни со зимски и исправен пак преден бандаж, пак кај Смилевски во Радишани.

Со летните годинава извозени 8500 километри, машала.

Процедурално слика од гнасна кола:


Присутен Zizi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #695 на: 10 Ноември 2023, 14:28:22 pm »
167640 километри, сменети летни со зимски и исправен пак преден бандаж, пак кај Смилевски во Радишани.

Со летните годинава извозени 8500 километри, машала.

Процедурално слика од гнасна кола:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Која цена е исправање бандаж?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #696 на: 10 Ноември 2023, 15:02:07 pm »
Јас имав искривување што би го нарекол нормално за 8500 километри по македонски патишта и ми беше наплатено 500 денари за санирање, иста цена како и на пролет.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1806
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #697 на: 10 Ноември 2023, 16:49:03 pm »
Аирлија нека е, него кажи тоа пикерот за боја што го зема го проба ли како функционира?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #698 на: 14 Ноември 2023, 19:34:25 pm »
Аирлија нека е, него кажи тоа пикерот за боја што го зема го проба ли како функционира?

Се избришале некои одговори при миграцијата на новиот сервер. Не го пробав, ми фали желба и материјали некои што ми требаа :)

Иначе, деновиве и дојде денот на пластиката од воланот, која беше излитена од константно држење на иста точка и од претходните газди, и од мене:



Отидов во продавница за бои и лакови, ги замолив да скенираат боја од маската на радиото, и ми направија во спрејче.

Истругав прво со скоч брајт, па со 800ка шмиргла, и се симнав во гаража да фарбам. Резултат после пластик прајмер, 3 слоја боја и 2 слоја лак:





Искористив прилика да ги исчистам копчињата од командите на волан, контактите си се запрљале од 14 години експлоатација. Склопено:



Додека работев, си се дополнуваше и освежуваше акумулаторот:



И да не го вадам акумулаторот недополнет, решив пак да го фарбам воланот, зошто прошли пат беше само зафарбан. Налево круг до продавницата за бои и лакови, и после 4-5 слоја, резултат:



И финален резултат:



Малце ми е сјајно, ама тоа е што е. Тој што ја правеше бојата ми рече дека не може да извади најмат на светот поради состојките што ги става во бојата.

До следно вклучување, од Влае, Мартин Алфиста.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #699 на: 14 Ноември 2023, 20:10:39 pm »
Убаво освежување си направил, алал нека ти е. Мислам дека сјајот после некое време нема да биде толку интензивен како сега.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #700 на: 14 Ноември 2023, 20:45:36 pm »
Се прашувам дали со водена шмиргла ќе се добиеше мат ефектот или само глупости ми текнуваат :)
Инаку супер си е "....ама на вас младите сѐ ви смета"
;D

Присутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1382
  • Велешанче
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #701 на: 14 Ноември 2023, 20:52:34 pm »
Алал да ти е како си го одржуваш и пазиш количево
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #702 на: 14 Ноември 2023, 21:25:30 pm »
Убаво освежување си направил, алал нека ти е. Мислам дека сјајот после некое време нема да биде толку интензивен како сега.

Фала ти, се надевам дека си во право, ма да се навикнува човек дури и да остане вака. Сепак, сите вие со VW возила имате волан лампион, па никој не се буни ;D ;D

Се прашувам дали со водена шмиргла ќе се добиеше мат ефектот или само глупости ми текнуваат :)
Инаку супер си е "....ама на вас младите сѐ ви смета"
;D

Сигурно ќе добиев со водена 2000ка, ама оди да те видам шмирглај ваква овално/цилиндрична форма со еднаков притисок насекаде ;D

Алал да ти е како си го одржуваш и пазиш количево

Мене искрено вакви козметички зафати ми се терапија, ме смируваат и особено кога ќе добијам надпросечни резултати од трудот - ми даваат самодоверба дека замислите и процесите што ми поминуваат низ глава можам да ги постигнам и во реалност :)

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7784
  • Плинаш!!!
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #703 на: 14 Ноември 2023, 22:20:03 pm »
Одлично испаднало, ќе изматира малку ако фарбан воланот со спрејот од самад. Туку од каде зимаше боја?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #704 на: 14 Ноември 2023, 22:25:53 pm »
Не е спрејот од Motip, правен спреј е, го правеа во продавницата за бои и лакови позади Порта Влае, таа што е одма до НЛБ.

Океј погодуваат, земав и бела боја во спреј за Сеат, точно ја погодија.