Автор Тема: Vozzi Помош на пат! - Пропадна и не работи веќе апликацијата  (Прочитано 19805 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #105 на: 12 Октомври 2023, 00:52:28 am »
Има опција мислам да кажеш директно да те носат дома.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #106 на: 12 Октомври 2023, 08:11:21 am »
Процедурата е следна:
- пријавуваш дефект
- те контактираат од Vozzi
- објаснуваш што се случило
- проценуваат интерно дали ти треба мобилен сервис или шлеп служба
- ако проценат дека е за мобилен сервис и не успее да ти го среди проблемот, пак добиваш шлеп
- те носат на мајстор со кој соработуваат
- мајстор дијагностицира и кажува цена за истото
- имаш буџет од нив до 200 евра да си го решиш проблемот, над тоа доплаќаш
- ако не ти одговара цената, бараш шлеп до дома

Низ целото времетраење на дефектажата и поправката си покриен ти заедно со патниците од страна на Vozzi со сместување до 50 евра вкупно, и исто секакво развозување вклучува ти + патници.

Јас викам да си ја користиш апликацијата за која си платил и да не бркаш мајстори сам.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #107 на: 12 Октомври 2023, 08:41:26 am »
Да така беше, ги контактирав одма ми звонаа од таму, ми собра информации о по две минути ми звона шлеп од Битола, чекам сњга со него да ми презвони за шо како.

Не знам од кај течи сите црева ги фатив суви се, а истече цело казанче овде, извадив капак долу ама џабе не се гледа ништо.
Ќе пишам како ќе помини цела работа до шлепот.



Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #108 на: 12 Октомври 2023, 10:06:05 am »
I jas sum so vozzi ama za motorot go kupiv paketot. kTM znae da rikne nenadejno a znam do Mavrovo da odam sam 🤣

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #109 на: 12 Октомври 2023, 16:14:21 pm »
Водна пумпа е можно да испуштила душа или пак е некое црево испикано некаде каде што неможиш да видиш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Vozzi Помош на пат!
« Одговори #110 на: 13 Октомври 2023, 08:34:22 am »
Одлично искуство, топла препорака да се има во џеп, едно 500/600 евра би коштал овој шлеп. Иначе се се одвиваше многу брзо, после приискањето на копчето за помош за шлеп по дваесетина секунди ме контактираа од Србија и ми прибраа информации за што и каква е состојбата со возилото, успат ги знаеа другите информации оти го имв вметнато во апликацијата. После краткиот разговор ми рекоја имај го телефонот при рака ќе бидеш исконтактиран, по две минути добив повик од шлеп служба Мајор дека се пушта возило на зададените координати.
По гугл мапс од Битола до местото кај што бев на планина на 40км од Јанина е три и пол саати, шлепот стигна за околу 3:45, се остави колата на сервис, а мене  со дел од работите до дома.
Уште еднаш топла препорака да се има во џеб апликацијава.
Еве некој слик од  шлепот и  од еден од најдлабоките кањони спрема ширината во светот :)








Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #111 на: 13 Октомври 2023, 08:39:47 am »
Барем си одмарал очи додека си чекал, иначе таму накај Јанина погледите и природата се спектакуларни...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #112 на: 13 Октомври 2023, 09:05:32 am »
@vladic3110 - Ако имаш LinkedIn, често споделуваат постови од вакви случувања на корисници, може и ќе закачиш некое попустче за наредно купување.

Како да си знаеше дека ќе ти треба Vozzi...

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #113 на: 13 Октомври 2023, 10:13:50 am »
 Богами ја сети со совреме. Сега кога веќе е шлепот искористен шо останва за користење?
Поправка во најблизок сервис?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Vozzi Помош на пат!
« Одговори #114 на: 13 Октомври 2023, 10:23:00 am »
Јас мислев дека со ова во Европа дека го искористив цело осигурување ама не било така, останува пакетот за Македонија.



Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #115 на: 13 Октомври 2023, 11:59:13 am »
Свака част.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #116 на: 13 Октомври 2023, 14:30:05 pm »
Чекајте сега, ќе дојде еден „многу паметен“ да ти го каже ова:

Или ништо, кој ли ви натепа толкав страв.

Тури и пепел на колата ако не може да издржи 2000км,
Осигурувањето е токму за неодговорни и глупи и прпатори што можат да си дозволат 50 евра.
Тоа па со застарена ЈУ логиката нема никаква логика, папагалско блебетање, чуено од некаде па повторено, исто како со митот за "Миланееее"😄

Неодговорни и глупи и прпатори што можеле да си дозволат 50 евра.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #117 на: 13 Октомври 2023, 14:52:22 pm »
@vladic3110 колата ја оставија на сервис во МК? Уште нема инфо што се случило, од каде толку губење антифриз?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #118 на: 13 Октомври 2023, 15:03:25 pm »
@vladic3110 колата ја оставија на сервис во МК? Уште нема инфо што се случило, од каде толку губење антифриз?
Да во Официјалниот сервис во Бт ја оставив, ама немам инфо уште, вероватно се фул, ќе одам утре сабајле да проверам шо како.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Vozzi Помош на пат!
« Одговори #119 на: 13 Октомври 2023, 15:54:11 pm »
А памтам, сто пати прашуваше за вози пакетите, како да си кобеше.
Со помин нека е. Поправката ќе ја платат вози?

И ај сега, ќе рече човек не вреди. Исто како со колегите што се карам за патничко осигурување, за 10 евра, не вадат....
Никогаш не вели никогаш.