Автор Тема: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style  (Прочитано 13257 пати)

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« на: 26 Јули 2021, 15:17:53 pm »
Од пред некој месец се возиме со оваа Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style

Година на поризводствo 2018 - регистрирано Март 2018. Купена и одржувана на домашно ниво - Porche MK.
Преземена од прв купувач со 67xxx км и возена до сега едно 52хх км пред и официјално да ја завериме у матично.













Од опрема нема:
  • Virtual Cockpit
  • Panorama sunroof
  • Leather interior ни Alcantara
  • Ventilated/cooled seats
  • Трет ред на седишта
  • DCC
  • 360 Camera и странични сенозори
  • Lane Assist
  • 20" Alu Wheels
  • 220в ~ инвертор

Најкорисно од опрема/опции:
  • Адаптивен темпомат - добра функционалност и одлична ускладеност со DSG го прави и во град употребливо
  • LED светла со автоматски долги светла - не е секогаш најдобро на автопат, но на магистрални патишта фино се справува со задачата
  • Помош за паркирање со камера позади
  • Протектори на врата - малце се осетливи и се поткршуваат ама лесно се менуваат
  • Затварање/отварање на петта врата на копче - особено за госпожата
  • Добри опции за пакување и редење низ багажникот. Плус место за да преспијат двајца легнати во зорт :)


Фалинки:

  • Инфотејментот - во најмала рака очаен од кориснички аспект. Не ми е јасно како си дозволуваат вакво конфузно, недоделкано и од кориснички аспкет мизерно решение. Особено ако си љубител на музички враголии, плеј листи, лесно менаџирање и навигација преку едноставно бирање опции - епа нема такво. Овде си оставен на немилост на аљкав андроид програмер кој го заболе уво што треба да се прави кога се вози кола,
  • Kessy - никогаш не ми бил прифатлив во подобрување на конфорот во животот. Напротив, клучот си имаше место во кола и не можеш да го затуриш низ кола
  • Старт/Стоп - сеуште не успевам да го разберам како да го контролирам кога на раскрсница нема семафор и чекам да завртам на лево. Во Мерцедесот далеку полесно го правeв тоа со педали и менувач
  • Isofix не можеш да монтираш вo средина - Може некому му изглеа непрактично, ама мене во моментов тоа ми беше нешто што мнoгу ќе ми ги олеснеше семејните патувања
  • DSG- некако не ми е доволно софистициран и низ град е падни - стани и во најмала рака  во комбинација со големината на колата те прави да се осеќаш ко слон затечен во антикварница за порцелански реликвии
  • Квалитот и завршнатаобработка - дури и за ова ниво на опрема сеуште го експонира „Прима мембел“ пристапот. Како и да е, лошиот вкус се компензира делумно со корпоратините платформи за механички решенија и логистиката што ја имаат обезбедено преку VAG  групацијата. нешто на лик на Веге Бургер.

Од опрема која ја има а не би дале пари ако ви бараат дополнително:

  • Чадор(и) - не знам каде ми е вториот ако некогаш имало
  • Капаче за ќеса за ѓубре во вратата (ја викаат канта не знам зошто)
  • Гребалка за мраз во вратничката за дотурање гориво
  • Батериска ламба во багажник која е на полнење и го осветлува дополнително багажникот со магнетче да може да си ја залепш(ова е добра финта)
  • Припрема за украс за лажни издуви во браник (невозможно е да бидат чисти)

Планови за иднина:

  • Да средам кровни носачи пред одмор, да не зафали уште 300л (имам веќе кровен куфер).
  • Да купам зимски гуми за другиот одмор.
  • Да турам гориво, адблуе, редовни сервиси, и да се вози многу.


Повеќе слики барајте од тестот на zeroSignal бидејќи мислам дека се скоро идентични, освен алкантарата на седишта и Canton озвучувањeт.

За искуството до сега.

Прилично робусно, грубо и нединамично возило. Оние 190кс веројатно сaкаат некако да хартија да те намамат дека има овде муабет за перфроманси, но нема. Поточно има, ама серка е да стигнеш до нив. Послабата верзија можам да замислам дека не мрда ако оваа се осеќа ко тиња. Претпоставувамдека на габаритот и тежината тоа е тоа. Нема бегање ако сакаш прифатливо возење заеби слабашни 150 кс.

Најдобар начин на користење веројатно е крузање во опсег 100-130 км/ч. Во тој начин на употреба потрошувачката оди докај 7,5 - 7,7 л/100км. Нерамнините на пат и на скопските улици се осеќаат целосо и не е нешто голема удобноста во поминување преку нив.

Од друга страна просторот внатре е удобен и на долги релации не е тешко да се поминат повеќе часови зад волан и на задна клупа.
Ако треба да почнеш да јадеш кривудав пат веројатно ќе поминаш ко гуштер у војска кога се учи на Дајц. Динамиката е скоро на тоа ниво, со DSG што не се осеќа пријатно во такви услови кога почести промени се неопходни. Мануелниот начин на менување понекогаш помага но е исто неинтуитивени напорен дури и со педалите на волан(може треба целосно да се навикнам за добро да го владеам).

Сепак, за семејно возило кое ќе собере 5 члена во редовен состав со доста опрема која си ја тркаламе за секое патување ова беше примамлива шанса и ни го замени Mercedes B180 што ни беше примарно семејно возило.

« Последно менување: 26 Јули 2021, 15:39:23 pm bramovsk »

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #1 на: 26 Јули 2021, 15:35:51 pm »
Честитки.

Иначе, 8.6  секунди до 100ка не ти се доволни за 190кс во џип?

Брат ми го има истово со тоа што е 150кс моделот со 7 седишта и пар повеќе гаџети (панорамски кров, спортски седишта и волан, греење на шофершајбна, итн.) но дефинитивно 150кс не се доволни и се осеќа слабост, особено на семафор кога треба да тргнеш. Како камионче да возиш :). Но на отворено нема гајле, 160км/ч на автопат е идеална брзина тивко комфорно освен ако не ти смета високата потрошувачка на тие брзини.

На 50.000 задните плочки беа сменети, веројатно тежината си го прави своето.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #2 на: 26 Јули 2021, 15:38:08 pm »
Нема леснотија во возењето која што би ја очекувал за таква моќност на моторот.

Фала за честитките!

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #3 на: 26 Јули 2021, 15:46:27 pm »
Аааааа честитки за возилото! Верувам дека е купено со одредена намена или ниет што би рекле, штом планираш и кровен куфер да монтираш. 70тина ккм се загревање таман за возилото, ти посакувам многу долги патувања.

Како SUV се води? Изгледа доста голем, дали така во дворот ми се чини релативно со другите.

Морам да признаам дека ме одвлече инфотејнментот бидејќи баш барам такво нешто во поново возило, посебно ако е од 2018та. Како и да е, мислам дека ти се балансира со останатите работи и потребата ради која си го купил.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #4 на: 26 Јули 2021, 15:47:06 pm »
Инфотејнментот мислам дека главна идеја е да поврзеш телефон на блутут и да користиш се од телефон.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #5 на: 26 Јули 2021, 15:55:13 pm »
Многу го дрвиш брат..... Седи точи и вози... ;)

BTW, фасцинира големината на говедово, а и не е е лошо „да го пуштиш и да те вози по пат“. Да го видиме малце оффроуд во иднина, можда помалку критичен ќе бидеш :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #6 на: 26 Јули 2021, 16:01:38 pm »
Со здравје да се вози!

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #7 на: 26 Јули 2021, 16:03:14 pm »
Многу го дрвиш брат..... Седи точи и вози... ;)

BTW, фасцинира големината на говедово, а и не е е лошо „да го пуштиш и да те вози по пат“. Да го видиме малце оффроуд во иднина, можда помалку критичен ќе бидеш :)

Освен инфотејментот кој е чипес бижутерија со добра резолуција, останатови е give or takе OK ко за работна механизација :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #8 на: 26 Јули 2021, 16:05:55 pm »
Со здравје да се вози!

Во врска со ДСГ-то гледам не си задоволен. Види разбарај на интернет дали може да направиш рестарт на менувачот за да "учи" од твоето возење. Претпоставувам ја има таа опција.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #9 на: 26 Јули 2021, 16:07:20 pm »
Искрено, мислам дека корисникот треба малце да се прилагоди на дсг логкиката, обратно е малце - до скоро невозможно...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #10 на: 26 Јули 2021, 16:10:11 pm »
Дсг то во кодиакот на пример многу поразлично работи од дсг во пасат. Кај шкодата е направен повеќе како торк конвертер кога возиш нормално, мене тоа лично повеќе ми одговара.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #11 на: 26 Јули 2021, 16:12:24 pm »
Мислам дека ќе се сведа на тоа Симо што го вели. Ќе се навикаваме. Не е паника.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #12 на: 26 Јули 2021, 16:20:09 pm »
Искрено, мислам дека корисникот треба малце да се прилагоди на дсг логкиката, обратно е малце - до скоро невозможно...
Тој кутриот едвај наштелуван во 3та децимала за да може да помине еуро стандарди, ќе учел од тебе.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #13 на: 26 Јули 2021, 16:47:38 pm »
не бе, не се давам...

со здравје да се возат позади ;D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #14 на: 26 Јули 2021, 16:58:36 pm »
Тоо златан, честито! :)

Ако толку не ти се допаѓа возењето во кривини, почувај го некоја година па ќе ми до даеш на мене :)
Сепак е тешкаш... не би ни очекувал добро снаоѓање во тој поглед.
Дури и кросоверите се многу слаби во тоа наспроти хеч.

Еве ти сув пример:
на моиве кривини во маало постојано гледам на една дали ќе извадам повеќе од 40км/ч - еднаш влегов со 45 и имаше доста клатење и пролизга...
Со таа една 147-ца црна што ја знаеш, секој пат беше со 50 и не мрднуваше :))
Исто и со Форд Фиеста.
Добра плата.
Прав скопјАнец.