Автор Тема: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style  (Прочитано 13248 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #30 на: 04 Август 2021, 22:32:47 pm »
So zdravje da si go vozish, barem kotorot i menjacot si go pogodil ;)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #31 на: 05 Август 2021, 00:36:06 am »
So zdravje da si go vozis uste mnogu kilometri. Ako ne e tajna kolku go osteti budzetot ova posto i jas baram vakvo vozilo moze klasa podole karoq.

Sent from my SM-G985F using Tapatalk



Не би споделувал прецизни податоци. Имам свои причини за тоа. Ама да речеме можеше Карок од салон да се извади за истите. Ама, имавме толкава кола.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #32 на: 05 Август 2021, 00:48:28 am »
Ако си со ниет да направиш прошетка кон Бистра (и додека си тука вистински планински тест) повели до 15.8.2021, кон Селце, Тресонче, Росоки. Ќе ја пробаш во теренски услови, а потоа ќе се напиеме студена планинска вода и, ако има, по некоја ракија.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #33 на: 10 Август 2021, 16:51:30 pm »
Фала ти за поканата. Сеуште нема некои поголеми амбиции да одам далеку од пат. Имам во план некои места на кои би поминал(скршнал) и прошетал каде што претходно знам дека и со малце мака би бил ок со нормална кола.  За сериозен оффроуд не би тргал сам и не со туринг гумиве. Особено не би се амбицирал за калливи патеки и водени премини.
Ја гледав стазата баш над Тресонче (дечки ја спуштаа со велосипеди и снимена е цела) и многу е живописна, но ако не си спремен за сериозен офроадинг поарно не тргај сам. За сега знам и сум бил делумно накај Китка, делови од Бистра околу скијачките терени и некои селца во повардарие ми се на агенда за лесни излети без ризици. Коалва има погон на сите 4 тркала но далеку е од теренец.

Еве една слика од првата проба по ридовите над Мечкин Камен од празников.

« Последно менување: 10 Август 2021, 16:58:19 pm bramovsk »

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #34 на: 10 Август 2021, 18:22:26 pm »
Јас стварно не знам како на форумов се дрзнуваш да критикуваш една Шкода, макар била и СУВ???

Шала на страна, те разбирам и сочувствувам со твојата тага. Од возачки аспект СУВ е најголемата несреќа што ја има задесено автомобилската индустрија. И јас си го попив

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #35 на: 10 Август 2021, 18:35:57 pm »
Кога ќе прифатиш дека си услужна дејност по дома полесно ти е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #36 на: 10 Август 2021, 19:02:08 pm »

Од возачки аспект СУВ е најголемата несреќа што ја има задесено автомобилската индустрија.

Одлично срочено.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #37 на: 10 Август 2021, 19:47:54 pm »
Може не е за ептен офроуд, ама таман ти е за да си фатиш накај Стара Планина со водопадите во Србија. Одличен предел што е ризик да се посети со обична кола.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #38 на: 10 Август 2021, 20:24:18 pm »
Има кај нас доста места каде комотно може да прошеташ без да ти треба сериозен оффроуд,  а ќе ти биде ризично со нормално ауто. Може да се направи и некое прспивање на планина а да не мора шаторот на грбб да е :) Ама, сепак тоа некако повеќе е „трекинг“ и веројатно многу сув возила со погон на предни ткала лесно би го совладале.

Сум поминал веќе неколку со далеку понесоодветни возила. Но, сепак ова ако го заглавиш, заглавен си. Правилото вели дека со оваква кола ќе заглавиш каде што со обична нема (нема ни да се обидеш да се глупираш со обична).

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #39 на: 30 Септември 2021, 09:24:06 am »
Еден апдејт за во captains log.

Вчера направен редовен сервис во Porsche MK.
Километража: 81150 (поминати нешто окилу 14000 км)
Цена: права ситница денар/км за редовен серис со златна штопна и Swarovski циркони.

Дополнително сменето старт копчето за палење и гасење на моторот. Ова го приметив уште кога ја земав, но палеше со трикови и изненадно стискање кога најмалце очекуе, ама одење во Porsche за ваква интервенција вклучува „упат за специјалистички“, „мој термин“ и „ургенција кај министеро“. Решив да дочекам редовен и тогаш да го средам. Цена околу 2800 + работна рака.

Дополнително ми спомнаа дека предните плочки се за промена и ми понудија дарежлива опција да ги сменат за само 11000 мкд плус работна рака. Се разбира дека со воодушевување им реков да си ги пишат во буџетот за следното столетие. Во меѓувреме од доверливиот добавувач на авто делови (Прчот) добив инфо дека најскапата варијанта на афтер маркет плочки од АТЕ се значително под ова. Парите за работна рака со задоволство ќе му ги дадам на мајстор од доверба (Жаре).


Од впечатоците нема нешто посебно прменето од првите стеканти во 2000 - 3000 км. Престанав да се нервирам поради DSG-то, и најчесто кога има промени на условите на патот правам промена на модот на возење Eco - Normal - Sport. Разликата е во одзив на педалата за гас и вртежи кога се менува брзина нагоре инадолу. Не којзнае колкава промена но се осеќа, а  во критични сутиации кога не е баш се потпомага со шифтерите на волан.

Од овие 14000 км повеќе од 10000 се поминатина отворено. 3500 поминавме на одмор до Хрватска и назад, и прошетките низ разни крајолици на потег Задар -Омиш, стационирани близу до Трогир. Најголемиот дел извозен по автопат.

Од оффроуд можностите срамежливо се свртевме на Бистра и ги посетивме трите бачила без било каков проблем, како што  го направија и една Golf Двојка, една Astra B и еден Citroen ZX. Без разлика што е едноставно и не бара којзнае колкав напро за колата не би одел на непозната делница без соодветни гуми и телефонски број од локален тракторист.



Цитат
Планови за иднина:

Да средам кровни носачи пред одмор, да не зафали уште 300л (имам веќе кровен куфер).
Да купам зимски гуми за другиот одмор.
Да турам гориво, адблуе, редовни сервиси, и да се вози многу.


Според иницијалните планови останува решавањето на зимскиот сетап. Сеуште сум во потрага по рационален и квалитетен сет на гуми или гуми со бандажи. Многу веројатно ќе одам на целосезонски квалитетни гуми бидејќи летниве се веќе 3 години возени а 4 стари ем една ми е распар (претходниот газда имал дешаванка со едната). Така да два сета гуми во краток период е прилична ставка ем чување на волкави тркала по дома е исто предизвик.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #40 на: 30 Септември 2021, 09:57:26 am »
Изгледа и плочките се во најмала рака позлатени. :))))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #41 на: 30 Септември 2021, 10:26:40 am »
ми рекоа дека се со дијамнтска прашина собрана од брусењето на скапоцените камења од накитот на жените на Хенри 8ми откако ги убил.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #42 на: 30 Септември 2021, 10:45:25 am »

Цена: права ситница денар/км за редовен серис со златна штопна и Swarovski циркони.

Дополнително ми спомнаа дека предните плочки се за промена и ми понудија дарежлива опција да ги сменат за само 11000 мкд плус работна рака.


jaпанските биле скапи за одржување  :)
штопната 4-пати поефтина  ;D


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #43 на: 30 Септември 2021, 11:37:55 am »
Кочници на секои 40К Км :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #44 на: 30 Септември 2021, 11:44:12 am »

jaпанските биле скапи за одржување  :)
штопната 4-пати поефтина  ;D


Абе земи еднаш во рака фати ја оваа штопна и Јапонската, одам ќе ти биде јасно на која стране е квалитетот. Знаеш дека The devil is in the details.