Голф тјунинг се знае:
- Голф 3-ка.
- Металик љиљакова.
- Обледен кров без лак.
- 5 врати
- Спуштен до земја.
- 3 алуминиумски бандажи, купус напраени.
- 1 челичен.
- Гумите до пола во кал.
- Angel eyes фарови.
- Lexus штопови.
- Едниот штоп црн од дизелот.
- TDI GTI значки.
- Се гледа дека I-то на едната од овие значки се одлепило.
- Издув што шета лево-десно 10-15 сантима на давање гас.
- Метални патосници.
- Ноу-нејм звучки на плочата позади, кабли висат ко шпагети.
- Затемнети (ама, а-ла Рики) стакла со попукани фолии.
- М3 ретровизори, хромирани.
- Предна маска без VW знак.
ЗАБОРАИВ!
- Бел правоаголен освежувач за воздух со црн X на него.