Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 311903 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #675 на: 23 Ноември 2014, 20:03:31 pm »
Сакаш кажи дека неќам или дека избегавам, ама стварно неможам да одвојам време за такви научно-истражувачки дружби, и тешко дека ќе можам во догледно време...


Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #676 на: 23 Ноември 2014, 21:02:02 pm »
Крел одби слеп тест на неговата декларирана способност по уво да разликува различни usb кабли. Ако добро го разбрав...

А ти? Ти се нафаќаш? xonar вс 15 години стар саундбластер од најевтините? звучници, соба, музика, све по твој избор. Ај, шо, ко изговор за дружба, ја ќе донесам алколол и месо. Батали ги овие шапшаливе од томсхардвер што пишувале глупости, да видиме ти дали разликуваш. Шо викаш една олабаена научноистражувачка дружба да напраиме?

Јас одма ќе го прифатев ова, да не имав претходни искуства со тебе (на други теми).

Што всушност очекуваш од предлогот?
Што мислиш дека другите (од своја перспектива) очекуваат од твојот предлог? Дека ќе привлечеш аудиофили со „алкохол и месо„??

Навистина сметаш дека некој (што темава ја прати од не-тролски намери), сака да се дружи со (ро)бот што цитира рашионал вики, сето тоа во комбинација со минимум свое животно искуство, и (помалку од) минимум капацитет за нови сознанија?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #677 на: 23 Ноември 2014, 21:04:45 pm »
Искрено вака не се тестира аудио опрема како што е нагласено во тој тест, а ни така ти ко што бараш.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #678 на: 23 Ноември 2014, 21:08:54 pm »
Јас одма ќе го прифатев ова, да не имав претходни искуства со тебе (на други теми).

LoL :D

Чудно, но теми каде што има натегања и препирања се дуели помеѓу filipv и некој втор соговорнил :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #679 на: 23 Ноември 2014, 21:11:33 pm »
Искрено вака не се тестира аудио опрема како што е нагласено во тој тест, а ни така ти ко што бараш.
Како се тестира?

« Последно менување: 23 Ноември 2014, 21:27:18 pm Deni »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #680 на: 23 Ноември 2014, 21:16:30 pm »
Јас одма ќе го прифатев ова, да не имав претходни искуства со тебе (на други теми).

LoL :D

Чудно, но теми каде што има натегања и препирања се дуели помеѓу filipv и некој втор соговорнил :D :D :D

Баче, смеење на недоквакани не е дуел.  :-/    ( ;) )

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #681 на: 23 Ноември 2014, 22:34:40 pm »
Искрено вака не се тестира аудио опрема како што е нагласено во тој тест, а ни така ти ко што бараш.
Како се тестира?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Како што беше спомнато некаде во тестот, мислам дека на звучници ако тестирале ќе се добиеле малку поинакви резултати.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #682 на: 23 Ноември 2014, 23:07:17 pm »
Па затоа заклучокот им беше дека со тие слушалки во најголем дел од тестовите не најдоа никаква разлика.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #683 на: 24 Ноември 2014, 08:25:41 am »
Сакаш кажи дека неќам или дека избегавам, ама стварно неможам да одвојам време за такви научно-истражувачки дружби, и тешко дека ќе можам во догледно време...

Нема проблем, животот е пред нас. Еден ден, кога ќе најдеш време, јави се и кажи освен саундбластерот што јадење и пиење да донесам со мене. До тогаш: pozzz.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #684 на: 24 Ноември 2014, 08:43:24 am »
Како се тестира?
Не знам како се тестира. Ама знам дека на увото му треба бар една недела слушање за да се прилагоди на различна боја, длабочина и динамика на звукот за истата да може да ја перцепира. Исто знам дека 5 различни нумери не можат да доловат ни малку од севкупното искуство кое се стекнува со многу-часовно слушање на различна музика.

Од прилика тестов преведен на клаберски би му дошло ко двајца PC-ентузијасти кои не се упатени во автомобилизмот да прават тест на возила и тоа: Mercedes S класа, Audi A6, Mazda 6 и претходниот модел на Fiat Linea. Тестирачите се седнувани на задната клупа од автомобилот со заврзани очи при што не знаат во кој автомобил се возат, а се возат на следниве тест релации: Карпош 2-Карпош 3, Чаир-Топанско Поле, Центар - Буњаковец, Јурумлери-Колонија и Ѓорче-Сарај. Тестирачите после секое возење погодуваат со кој автомобил пристригнале на тест-дестинацијата.
На крај исходот од тестирањето е дека тестирачите тешко погодуваат во кој автомобил се возеле, а притоа стигнале на посакуваната дестинација. Затоа заклучокот од овој тест е дека квалитетот на возење во Mercedes S класа и старта Fiat Linea е ист. Притоа овој тест има огромна предност во однос на сите тестови на автомобили направени до сега, а тоа е дека тестирачите не се комерцијално поврзани со ниту еден од брендовите и немаат причина да фаворизираат некој од нив.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #685 на: 24 Ноември 2014, 08:52:09 am »
Да се разбереме, и тотален баук ќе направи разлика меѓу возење на задна клупа во S-Class и Fiat Linea.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #686 на: 24 Ноември 2014, 09:15:10 am »
Не е тоа поентата. Поентата е дека не може да погоди во која кола се вози. На пример ќе ги меша A6-ката со Mazda 6-ката и S класата, потоа ќе ја меша Linea-та со Mazda-та и така неколку пати ќе ја погоди А6-ката затоа што веќе поседувал иста таква A6-ка и е навикнат на нејзината вожња, ама сепак ќе ја меша на наврати со другите. На крај се установува дека со затворени очи на тие релации и седење на задна клупа не може јасно да се каже која вожња од која кола е и дали у се погодиле повеќе дупки при n-тото возење или потврда била суспензијата. Заклучок од тестот е дека возењето во сите е горе-доле исто и нема разлика во квалитет.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #687 на: 24 Ноември 2014, 09:41:06 am »
Од прилика тестов преведен на клаберски би му дошло ко двајца PC-ентузијасти кои не се упатени во автомобилизмот да прават тест на возила и тоа: Mercedes S класа, Audi A6, Mazda 6 и претходниот модел на Fiat Linea. Тестирачите се седнувани на задната клупа од автомобилот со заврзани очи при што не знаат во кој автомобил се возат, а се возат на следниве тест релации: Карпош 2-Карпош 3, Чаир-Топанско Поле, Центар - Буњаковец, Јурумлери-Колонија и Ѓорче-Сарај. Тестирачите после секое возење погодуваат со кој автомобил пристригнале на тест-дестинацијата.

Ова е лоша аналогија на најмалку два начини.

Првиот проблем е суштински: во твојов пример, предметот на тестирање се колите.

Но, она што го предлагам јас, не е тест на разликата во звукот, туку тест на твојата способост да ги приметиш тие разлики - оние кои претходно ги опишуваше како „ден и ноќ“, а сега како „забележителни“. Значи, предметот на тестирање не е звукот сам по себе, туку твоите тврдења. Разлика „ден и ноќ“ или „забележителна“ се.... забележува. Точно тоа сакам да го проверам. Дали ти навистина ги забележуваш. Дали ја има или нема се проверува со разни мерни инструменти. Но дали ти ја приметуваш се тестира само со слеп тест.

Користејќи го твојот пример, замисли некои ти каже „разликата во возењето на задната клупа меѓу мечка и ауди и ден и ноќ“. Како ќе провериме дали разликата е навистина толкава или овој малце претерува? Не е спорно дека некаква разлика има. Спорно е дали таа е „ден и ноќ“. Читај понатаму.

Вториот проблем со твојата аналогија е специфичен за предметот на тестирање: на задното седиште на колата патникот чувствува мал милион дразби кои можат да ја „оддадат“ конкретната кола: обликот на седиштето, мирисот, звукот на моторот, ово, оно... Нема еден изолиран параметар кој би го тестирале.

Ништо од тоа нема кога тестираме аудио интерфејс. Кога споредуваме xonar и чкарт саунбластер единствено нешто што евентуално е различно е изворот на звукот. Матерјалот кој го слушаме, собата, звучниците, каблите, се друго е исто. За разлика од тестот на задната клупа на колите.

Да се разбереме, и тотален баук ќе направи разлика меѓу возење на задна клупа во S-Class и Fiat Linea.

Точно. Голема, јасна, „ден и ноќ“ разлика ја забележува секој, секогаш, речиси без исклучок, без утка, и Филип и Гојдо и Зеро и глуптарите од томсхардвер... сите и секогаш. Треба да бидеш особено сакат на некој начин да не приметиш таква разлика.

Искрено вака не се тестира аудио опрема како што е нагласено во тој тест, а ни така ти ко што бараш.

Ова не е тест на аудио опрема, туку тест на тврдењата на слушателот.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #688 на: 24 Ноември 2014, 10:42:38 am »
Немам ниту намера, ниту пак време да одам на тестирање за да ми докажуваш дека моите преференци и перцепции на работите се погрешни од твојата преспектива. Да завршиме на тоа дека за тебе не постои разлика, а за мене постои и ќе ја наречам како сакам „ден и ноќ“, „мравка и слон“ и т.н. Тоа е мое право, исто ко што твое право е да тврдиш обратно, ете се искажавме, сите не прочитаа и сватија што сакаме да кажеме и било која понатамошна дискусија на ова прашање е само непотребно тупење. Не можам да те спречам да го тупиш и понатаму, само ќе се изземам и нема да сум дел од тоа.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #689 на: 24 Ноември 2014, 11:15:04 am »
Зошто бе го нападнавте човекот. А он убаво сака слеп тест да прави, башка и кафана нуди, вие неќете?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.