Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 312142 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #420 на: 22 Мај 2014, 17:00:34 pm »
Нема логика да одбира опрема на слеп тест, кога се базира на тестови, но незнам дали сите одбираат опрема која е поврзана со УСБ кабел или со класични кабли?
Јас на времето одбирав компоненти поврзани со пинови и нормални кабли за звучници.
Сега и покрај поставените тестови за кабли, каде е покажано дека нема никаква разлика, јас ке ви речам дека квалитетот на жицата во кабелот има улога, односно прави разлика, најчесто кога должината е во прашање.
Сватив дека нема логика докажување на многу од темите, па нема да си го трошам времето на објаснување и докажување.
Најпрост пример ви е оптички маус, поврзан директно или пак преку продолжен кабел од 5 метра. Или меморски стик, кој може и да биде непрепознаен заради должината на каблите.
Убав ден.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #421 на: 22 Мај 2014, 17:04:48 pm »
Filip, Како да знаеш дали лампашки McIntosh е подобар или полош од Benchmark Dac1 Pre?

Едноставно.. Правиш Blind Test со материјал што ти е добро познат , и во соба каде што знаеш како звучат работите, и тоа ги имаш без стрес едно 10 дена за да натенане послушаш (бидејќи имаме и други работи во животот па не може 24/7 само тоа да правиме).



И покрај што е McIntosh от поскап, и покрај што тестовите велат поинаку, мене лично повеќе ми се свиѓаше звукот на Benchmark -от и тој го задржав, а McIntoshoт от го продадов (исто на Blind Test мене повеќе ми се допаѓаше Benchmark ot).

Филип, што ти воопшто си тестирал од Аудио опрема во вакви услови? Не зборам за на 20 минути одење до Аудио Центар и слично..? Некоја сликичка да ни пуштиш од тоа што си споредувал? Па човек со таква воља за документирање сигурно има направено цел албум од тоа..



Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #422 на: 22 Мај 2014, 17:05:59 pm »
јас ке ви речам дека квалитетот на жицата во кабелот има улога, односно прави разлика, најчесто кога должината е во прашање.

Да, кога се работи за кабли кои носат аналоген сигнал. Тогаш е и тоа како битен кабелот и инвестиција во добар кабел носи чујни подобрувања.

Но не и УСБ кабел. Зборуваме само и исклучиво за УСБ кабли.

Друго, за да правам тест со некого, треба да има барем трунка ентузијазам и реално познавање, а не се ради реда читано ама не доживеано, а понекогаш и воопшто неразбрано.

Напротив, целата поента на слепиот тест е токму да се елиминира влијанието на ентузијазмот, читањето, разбирањето или што-веќе. Слеп тест е најпрактичен замислив тест.

Опремата што ја имам купено базирано на тест, воглавно сум ја имал барем 7-10 дена за да слушам и споредам натенане (ќе ти пуштам и слики како тоа изгледало во мојата дневна).

Ти, јасно, ќе направиш се ОСВЕН тоа што се бара од тебе. Немој да мислиш дека со праќање на ипресивни сликици од скапа опрема ќе го скриеш фактот дека одбиваш твоите тврдења да бидат ставени на проверка.

Filip, Како да знаеш дали лампашки McIntosh е подобар или полош од Benchmark Dac1 Pre?

Едноставно.. Правиш Blind Test со материјал што ти е добро познат , и во соба каде што знаеш како звучат работите..

Супер! Ај сеа истото со различни усб кабли пред сведоци. Имаш гс?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #423 на: 22 Мај 2014, 17:09:15 pm »
Апсолутно.. Така избирав и УСБ кабли.. Ги имав дома едно 7-10 дена и тоа натенане..И при тој слеп тест победи 0.5 метри ClickTronic од 10 еур во однос на Кимбер Сребрен од 1.8 метри. Јас мислам (милионити пат), дека должината кај УСБ кабли е тоа што прави разлика кај доволно квалитетни кабли.

Тест што трае 2 саата под стрес не е прав тест (ќе ти пуштам еден текст на оваа тема утре).

Чисто од зезање веќе со Сале одамна се договараме за нешто такво, веројатно ќе дојде и СИмо и Томе (луѓе што горе доле имаат осет, слушале стварно и немаат предрасуди), па ќе ти споделиме што сме чуле (иако за да е меродавен тестот треба натенена и тоа барем пар денови).

Него, некоја сликичка да ни споделиш од твоите слепи тестови?



Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #424 на: 22 Мај 2014, 17:11:22 pm »
Апсолутно.. Така избирав и УСБ кабли.. Ги имав дома едно 7-10 дена и тоа натенане..

Кој ти помагаше? Кој ти ги менуваше каблите без ти да знаеш кој е кој? Кој ти ги запишуваше резултатите?

Ако сам си ги мењал каблите тогаш си знаел кој кабел у кој момент свири. Тоа не е слеп тест бидејќи наместо да го елминира - напротив - го стимулира плацебо ефектот.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #425 на: 22 Мај 2014, 17:13:57 pm »
Апсолутно.. Така избирав и УСБ кабли.. Ги имав дома едно 7-10 дена и тоа натенане..

Кој ти помагаше? Кој ти ги менуваше каблите без ти да знаеш кој е кој? Кој ти ги запишуваше резултатите?

Ако сам си ги мењал каблите тогаш си знаел кој кабел у кој момент свири. Тоа не е слеп тест.

Filip, filip.. Па ти поаматер си бил него што мислев.. Што мислиш, кога даваш пари за опрема од овој ценовен ранг, би одговарало да се лажам себеси?

Микич другар ми

Девојка ми (која што плус има осет за музика и звук бидејќи пее во хор).

Сесиите на тестирање траеа Филип.. Не е тоа тала насилнички и со силување како што ти замислуваш дека е.

Менувањето на компонентите беше скроз RANDOM без да знам воопшто која свири и по воља на менувачот на кабли од опремата.Кога се тестираше опрема што има диода, беа упалени за да не знам дали свири и ли не, и покрај што не била поврзана.

Ќе ти пратам утре уште слики од опрема тестирање.. И за разлика од тебе, мене стварно ова ми е до некаде пасија, и стварно со ќеиф го правам, а не ради да се најдам у муабет.. И совет, за да можеш да се мешаш во било која дискусија, да стекнеш малку реално искуство за промена?

Што, сам си тргна со претпоставка дека сам сум менувал кабли и слично , и покрај што ти објаснувам дека друг ги менувал дури јас сум бирал.. А да.. Истото и јас го правев (менував кабли и опрема), а девојка ми требаше да избере компонента што подобро звучи и да објасни зашто (не и беше замарање до еден момент, бидејќи и она сака музика многу).Кога и стана заморно, продолжив со другари..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #426 на: 22 Мај 2014, 17:16:26 pm »
Filip, filip.. Па ти поаматер си бил него што мислев.. Што мислиш, кога даваш пари за опрема од овој ценовен ранг, би одговарало да се лажам себеси?

„Лажењето“ сам себе е интристично својство за секој нормален, здрав хомо сапиенс, вклучително и за тебе. Тоа е класичен, нормален, природен и очекуван cognitive bias. ТОКМУ ЗАТОА луѓето измислиле слепи тестови.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_cognitive_biases

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #427 на: 22 Мај 2014, 17:18:40 pm »
Filip, filip.. Па ти поаматер си бил него што мислев.. Што мислиш, кога даваш пари за опрема од овој ценовен ранг, би одговарало да се лажам себеси?

„Лажењето“ сам себе е интристично својство за секој нормален, здрав хомо сапиенс, вклучително и за тебе. Тоа е класичен, нормален, природен и очекуван cognitive bias. ТОКМУ ЗАТОА луѓето измислиле слепи тестови.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_cognitive_biases

Филип, некоја слика да ни пуштиш од слеп тест што си праел?

Барем еден.. Еве и споредба на музика од телефони се важи.. Само покажи дека си праел барем еден слеп тест за нешто во живот.. Покажи дека барем 2 саати пракса имаш кога се наоѓаш да дискутираш?

Не ме разочарувај.. Барем една слика.. Да не ми биде криво дека сум потрошил толку време со НАЈБОЉИте и помошниците а појма немаат за што у ствари станува збор

И исто, молим те објасни ми, како може да се лажам себеси ако само бирам што повеќе ми се допаѓа а некој друг ја менува опремата и јас не ни знам која е опремата што свири? Јас само кажував мислење која опрема е таа што свири , а некој ги запишуваше моите одговори... Со цел да не се лажам себеси по цена/бренд туку да изберам што ми се бендисува повеќе

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #428 на: 22 Мај 2014, 17:21:53 pm »
До сега имам организирано два слепи теста, но за жал никој не сликаше.

И што сеа? Што менува тоа?

Ај пер да видиме како 5 метарски усб кабел од пазар ќе го омекне басот и ќе ја стесни звучната слика. Ај, шо. Ај, ќе донесам пиење и јадење! Ај пер.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #429 на: 22 Мај 2014, 17:25:20 pm »
До сега имам организирано два слепи теста, но за жал никој не сликаше.

И што сеа? Што менува тоа?

Ај пер да видиме како 5 метарски усб кабел од пазар ќе го омекне басот и ќе ја стесни звучната слика. Ај, шо. Ај, ќе донесам пиење и јадење! Ај пер.

Филип, јас стварно имам пасија за аудио за да дозволам да бидам поткуплив и да правам било какво слушање со некој што ем нема појма, ем немал никакво практично искуство, ем е толку негативно настроен и со предрасуди  да нема поента веќе дискусија.. Како што кажав. .HiFi е нешто далеку пософистицарно и ненасилничко и несилувачко нешто за да биде поткупливо на начин што веројатно ти пали кај другите насилнички работи..

Филип, Филип..

1. Надмини си предрасуди

2. Почни да учиш и читаш како треба.

3. Доживеј во живо и искуси..

4. Почитувај некој што има поголемо искуство од тебе и учи.

Па така пар години, и можда ќе тестираме нешто заедно од опрема..

EOD (EndOfDiscusion) (И дефинитивно се враќам на учење)

P.s. А да.. И направи си под итно референтно ЦД со музика, каде што точно знаеш што со која песна тестираш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #430 на: 22 Мај 2014, 18:06:10 pm »

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Пеер, phase plug имаш ставано на средните... или фабрички идат така?   :o

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #431 на: 22 Мај 2014, 21:47:09 pm »
Така си се по дизајн, односно фабрички. Постои можност да се заменат со дрвени или алуминиумски, ама не сум се заинтересирал дали воопшто вреди и дали има поента. Кај сите B&W 800 серии со FST дривер е така (сите floorstand ери односно 804, 803, 802, 800)



Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #432 на: 23 Мај 2014, 08:15:35 am »
Филип, јас стварно имам пасија за аудио за да дозволам да бидам поткуплив и да правам било какво слушање со некој што ем нема појма, ем немал никакво практично искуство,


Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #433 на: 23 Мај 2014, 10:59:06 am »
Krell јас незнам зашто уште се објаснуваш. Убаво ги увиде работите остави го филип да слуша музика на хартија и да се замара со калкулации. Ебате тестот ако се напињате со теоретски глупости место да слушате музика.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #434 на: 23 Мај 2014, 11:22:13 am »
Не знам како можеш така да ме сфатиш, кога цело време го дробам токму спротивното: да баталиме теории и кој што сфатил, туку да направиме практичен, ултрапрактичен слеп тест.

При слеп тест нема никакво теоретизирање. Нема ништо по практично од слеп тест.

Иронијата да биде поголема, токму Крелл е тој што се повикува на теорија, кој што учел на факултет, кој имал кој немал исустов, и кој што разбрал.

И стварно не разбирам зошто одбива да го направиме тестот со кабелот?

Ја ко на мониторов да му пишувам.

Томе, ај крел што неќе - неќе. Можеби ти ќе сакаш да се пробаш дали можеш по уво да разликуваш краток скап усб кабел од долг евтин? Или и ти неќеш?