Извини вака Симо, али јас на ривјуа повеќе не верувам ама ич.
Ривју само на лице место да се слушнат.
Пример во сите големи маркети во Европа, имаш по еден тест примерок од слушалките на кој оди иста музика. Така можеш да направиш директна споредба.
Слушалки кои добиваат високи оценки од моето искуство звучеле многу очајно и неверојатно лошо. Во споредба со слушалки за кои можеш едвај да најдеш и податоци, зборувам од реномиран бренд, споредбата во звукот е драстична така да ке може да забележи дури и лаик.
Минатата година јас барав слушалки, и читајќи по ривјуа и рецензии требаше да купам Сони или Филипс. Но кога ги слушнав најефтините Зенхајзерки HD201, кои беа дупло поефтини од горе спомнатите, и кога направив директна споредба со слушање, уствари увидов дека се е тоа фејк со ривјуата и оценките кои ги даваат.
Без никакво размислување си ги земав нив и си заминав со насмевка на лицето.
И на едните и на другите им фалеше опсег на звукот, или немаа високи, или средните беа пренагласени, или пак басот убиваше како вуфер да си пуштил.
Стварно незнам што им е репер за давање на оценките, но едни со други немаа никакви допирни точки. Разлика небо и земја.
edit:
http://forum.it.com.mk/threads/sennheiser-hd201-over-ear-headphones.47443/