Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 311781 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #900 на: 18 Октомври 2016, 16:07:21 pm »
Moра да бидат бежични??

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #901 на: 18 Октомври 2016, 16:52:18 pm »
@zero

Beats Studio се добри слушалки и не треба да се мешаат со Solo слушалките.

@tjolie
http://www.soundencore.com/best-studio-headphones/

Разгледај ја листава.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #902 на: 18 Октомври 2016, 16:55:36 pm »
Па знам дека се прескапи, дека не се вредни за тие пари(исто како и ајфонот) и дека сигурно има подобри за тие пари, затоа и прашав некој предлог да имате. Да господине филип, преферирам беЖични, ке дадеш предлог или онака само ке тресеш по цел форум?

DarthJe5us ги имаш лично пробано или онака што си слушнал, пошто јас сум пробал Соло и беа солидни, ме интересира со батерија конекција слабости...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #903 на: 18 Октомври 2016, 16:57:59 pm »
Чим мора бежични тогаш оваа листа.

http://www.techradar.com/news/audio/portable-audio/best-wireless-headphones-1280344

Не се прескапи Studio-то. Ама Сенхајзерот се подобри за малце повеќе пари.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #904 на: 18 Октомври 2016, 17:02:54 pm »
Само да не мешаме Ајфон со Битс. Ајфон е најдобар телефон на пазарот само што е скап, од друга страна пак Битс не се најдобри слушалки на пазарот а се скапи.

Купи си Битс. Створени се за тебе.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #905 на: 18 Октомври 2016, 17:10:25 pm »
Абе јас едвај се одлучив да ги купам овие поради цената, инаку би земал Bose, ама Bose се поскапи. Сега не знам овие што се поефтини дали го имаат истиот квалитет(или подобар) од Битс Студио?

Дени, според мене и тебе ајфонот е најдобар за нашиот пазар, ама азијците какви телефони направија и со технологијата се светлосни години напред, но ајфонот и битс имаат многу работи заеднички, превисоки цени, американски познати актери/спортисти/музичари во прескапи реклами, добар квалитет, но воопшто не вредат за парите.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #906 на: 18 Октомври 2016, 17:17:45 pm »
Не можеш да одиш во продавница некоја и да пробуваш? Преку блутут не очекувај некој си wow звук како и да е.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #907 на: 18 Октомври 2016, 17:29:29 pm »
Секако дека можам, само не баш кога и да сакам пошто не живеам во некој голем град(околу 70км) да прошетам и разгледам, најверојатно викендот ке одам лично да разгледам, само ме интересираше да не имаше некој да ми предложе некоја алтернатива од лично искуство

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #908 на: 18 Октомври 2016, 18:01:57 pm »
Ако ти е за поевтино исто така погледни и Solo 2 wireless. Звукот на сите ривјуа го фалат дека е добар за разлика од тој на Solo 1.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #909 на: 18 Октомври 2016, 20:37:24 pm »
Мислев од таа класа што е со поголеми слушалки или overear како се викат, ама сепак мислам на крај ке земам Студио 2 Вирелес, здравје викендот ке одам да ги пробам прво.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #910 на: 18 Октомври 2016, 21:44:54 pm »
На едно патување ги имав овие и мислам дека може да кажам дека се едни од најудобните слушалки што сум ги пробал. Некако многу ми легнаа. Сони серијата без разлика дали имаат жица. Секако безжичните секогаш се понеудобни заради интегрираните појачала и батерии. Исто и 1R од сони. Малку по басести се сониава.


А обично користам AKG скоро секаде од различни класи, ама со жица. За мене тоа е исто фантазија од слушалка и можам најтопло да ја препорачам. Зборувам за over ear слушалки. По неутрелни се акгињава.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #911 на: 18 Октомври 2016, 22:14:57 pm »
Како мислеш понеутрални? Гледав едни безжични акг, ама по рецензиите некако немаше баш задоволни(норлмално и до вкус е) и непозната марка(општо за слушалки доста непознати марки пошто немат реклама како битс) за мене. Сони знам и за слушалки и општо за звучници се покажале скоро секогаш добро. Сега малце ме замисли, да не речам предомисли. Имав лошо искуство со блутут овер еар слушалки(некоја си бош марка) и кратко траеја. Подобро да се тргнам од безжични, нели, само овереар да се. Инаку баш ке ги погледнам и пробам овие што ми ги препорача, ти благодарам за предлогот

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #912 на: 18 Октомври 2016, 22:16:36 pm »
Сони басести, АКГ понеутрални - демек помалку бас, пореален звук.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #913 на: 18 Октомври 2016, 22:19:01 pm »
AKG не познати...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #914 на: 19 Октомври 2016, 08:17:38 am »
Исто и sennheiser.
Скроз непознати и но нејм брендови.