Како моден додаток може да го користи некое богато дете кое мама и тате не си знаат парите, па да се покаже пред другарите
ВО МАКЕДОНИЈА. Не верувам дека баш како моден додаток ги користат луѓето по Европа, може некој ептееен мал процент на луѓе со балкански корени

. Едноставно луѓето сакаат да слушаат музика додека патуваат од/до дома/работа/школо и слично. Јас ја немам таа навика и ми е некако срам да ги носам слушалките(само во Македонија), баш поради тоа балканско мислење(ги носат ради чалм), плус не сум навикнат да слушам музика додека патувам пеш, само дома и во авион користам. Имам пријатели што буквално нонстоп се со слушалки, дали ке оде до продавница по леб или до кафич на кафе, нонстоп си слуша музика, но ретко кој го приметува пошто си има оние in-ear(bulbs) слушалки. Пред се, доста се ефтини, а и практични. НО, да би можеле да си дозволат да речеме некои поскапи познати марки(Boose, Dre, AKG, идр) 300+евра, би биле радосни и со задоволство би ги носеле, па малце и би се пофалеле. Од друга страна, знам доста народ би рекле, што се замислува оваа/овај, нема леб да јаде слушалки купува, ми продава нешто чалам итн... ама тие што си слушаат и уживаат во слушањето музика додека патуваат, пак ке си слушаат без разлика што ке речат другите.