Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 312260 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #210 на: 24 Ноември 2013, 17:21:25 pm »
Ако ТЕБЕ ти е подобро да слушаш ЦД, ок. Фер.

Не ме разбираш. Уште еднаш: бројните даблблајнд тестови покажуваат дека и оние кои сакаат плочи и се крстат во „аналоген“ звук го одбираат звукот од цедето како подобар.

Не јас. ТИЕ.

Инисистирам во слободно време да го погледнеш клипчето кое го постирав. 20 минути е. Во него нема само зборување и објаснување, туку и демонстрации со АНАЛОГНИ извори на звук, АНАЛОГНИ осцилоскопи и АНАЛОГНИ спектрум аналајзери. Веруј дека вреди да го изгледаш. Изгледај го. Те молам, ок?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #211 на: 24 Ноември 2013, 17:44:32 pm »
Ок. Кога слединот даблблајнд тестер ќе сака да го фрли својот (аудиофилски, претпоставувам) грамофон, нека ми го поклони, ќе му дадам кинески цеде плеер за замена. Го погледнав клипчето, верувај. А ти го прочита ли текстот што го постирав? Едноставен е и краток. Земен е винил и цд, кои имаат ист звук наснимено. Веројатно на почеток на ЦД ерата, кога мастерингот претежно бил аналоген и потоа е дигитализиран звукот за да се насними на цд. Има еден спектар на звук кој недостасува. Можеби ќе го чуе некој, можеби друг нема да го чуе. Како што кажав, ако се водиме кон математичките равенки за репродукција на звукот, дигиталната репреодукција е подобра, и попрецизна. Но идивидуалниот пристап кон слушањето музика е баш тоа - индивидуален.  Баш покажи ми некој даблблајнд тест и што е барано од учесниците, баш ме интересира. Дали им е пуштена матрица, па потоа винил и на крај ЦД или само разлика меѓу винил и цд?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #212 на: 24 Ноември 2013, 18:09:24 pm »
nedostauva toplinata na zvukot. Pri konverzijata na zvukot analog - digital se gubat mnogu od harmonicite a tokmu tie ja davaat vistinskata slika na zvukot i mnogu drugi raboti.
Ne mozes da me ubedis deka spored zakon za zapazuvanje na energija (priroden zakon) pri konverzija od eden vo drug vid energija se javuvaat zagubi.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #213 на: 24 Ноември 2013, 18:10:33 pm »
Зошто би се изгубил било кој хармоник?

Тоа не е точно.

Нема потреба од понатамошна дискусија, FLAC форматот е светлосни години пред плоча. Има луѓе што сакаат плоча од извесни причини, но тие причини ние се квалитет - туку сентиманталност и останати виши сили. Исто така можеби сакаат да го избегнат Лауднес усерувањето во песните кое трае последниве декади. Но, тоа не е до „плочата“ туку до добрата продукција. Пак лослес дигитал е далеку, далеку, далеку поквалитетно. Сепак сентиментот и доживувањето е различно.

Обичниот човек набавува опрема за да слуша музика, аудиофилите набавуваат музика за да ја слушаат опремата.

Повеќе ги интересира техниката од музиката. Кое наполно го разбирам и поддржувам.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #214 на: 24 Ноември 2013, 18:19:22 pm »
Ако се семплува доволно густо, нема да има никакви приметни загуби во хармоници или било кои други звуци.
Ако концерт аналогно свирен во соседната зграда, се семплува и репродуцира преку дигитален извор прикачен на аналогно појачало со : 5,644,800 Hz  Double-Rate DSD, 1-bit Direct Stream Digital at 2x the rate of the SACD. Used in some professional DSD recorders, нема да има никаква разлика од тоа да биде пренесуван аналогно преку аналогно појачало во мојата соба. Освен што може да се појави некој шум во аналогниот пренос.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #215 на: 24 Ноември 2013, 18:30:50 pm »
Ако се семплува доволно густо, нема да има никакви приметни загуби во хармоници или било кои други звуци.

44.1 kHz е повеќе од доволно густо за да нема никакви приметни загуби во хармоници или било кои други звуци.

Сфатете дека уште во студио, пред воопшто работата да стигне до деливери медиумот, звукот се бандпасира и ништо над 20 kHz нема.

И повеќе од тоа: уште во пред-продукциската фаза, во миксерот не влегува НИШТО над 20 kHz, најчесто и пониско од тоа. Доколку и по некоја случајност влезе (како?! од каде?!) се третира како ѓубре, се кине. Нема извор на звук кој би влегол у миксерот, а кој има опсег кој не може да влезе у цеде.

Човечкото уво слуша до 20 kHz (во супероптимистично сценарио). Уште поважно: разликува различни бои до 20/2=10 kHz. Над половина од чујниот опсег - значи над 9-10 кхз - за човековото уво се е синусоида. Разни хармонски дисторзии, ово, оно, ако се над 9-10 kHz се потполно, потполно ирелевантни.

семпл рејт од 44.1 го покрива сето тоа и уште останува дебел вишок таму горе. 44.1 не е доволно, туку е значајно повеќе од доволно.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #216 на: 24 Ноември 2013, 18:38:40 pm »
Не можам да го сфатам тоа ако не ми покажеш со некој пример од студио. Некоја изјава релевантна или нешто слично. Во миксерот ќе влезе нешто над 20кхз од овде:



или ќе биде дигитално произведено - сеедно.

Why Record Ultrasonics?
As is widely recognized, most of us can ’t hear much above 18 kHz, but that does not mean that there isn’t anything up there that we need to record – and here's another reason for higher sampling rates. Plenty of acoustic instruments produce usable output up to around the 30 kHz mark – something that would be picked up in some form by a decent 30 in/s half-inch analog recording. A string section, for example, could well produce some significant ultrasonic energy.

http://www.digitalprosound.com/Htm/SoapBox/soap2_Apogee.htm

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #217 на: 24 Ноември 2013, 22:53:07 pm »
Батка е скупџија,има еден дечко во велес нема што нема а со цени е доста поефтин

По мене е обратно.

Кој е со ниет да купува нека иде кај двајцата па нека пише негово согледување.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #218 на: 25 Ноември 2013, 13:57:48 pm »
Today I learned дека првиот албум на Rage Against The Machine (особено песната Take The Power Back) се смета за совршено продуциран, и дека аудиофили го користат за тестирање на појачала и звучници.

http://en.wikipedia.org/wiki/Rage_Against_the_Machine_%28album%29#Critical_response

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #219 на: 25 Ноември 2013, 14:24:01 pm »
^^ On that topic.

Фаст форвард до новиот албум на Дафт Панк (Random Access Memories) кој се употребува за истите причини. Интересното е што е нов, зошто во денешно време тоа е реткост. :)

http://www.grantland.com/story/_/id/9283113/looking-daft-punk-new-album-random-access-memories

Повелете: https://mega.co.nz/#!w4cjyAjR!NJqtAExwcomfffztl_putAfNVdtqE_SXw25DGY4POl0
« Последно менување: 25 Ноември 2013, 14:37:07 pm Deni »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #220 на: 25 Ноември 2013, 14:42:50 pm »
 Warning for non-audiophiles. DO NOT judge audiophiles by the records they use to test HiFi with. Those discs serve only as a quick reference comparison test, nothing else. Audiophiles love Music and listen to Music, independently of the way it has been recorded.

He who swears to love Music should try to listen to it in the best way is possible.

http://www.tnt-audio.com/topics/testrecords.html

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #221 на: 25 Ноември 2013, 23:58:07 pm »
Уууу very nice. Потсетник добар. :)

Не само што ги има битните ствари кои знам дека се прекрасни, туку и нови кои треба да се пробаат. :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #222 на: 26 Ноември 2013, 19:22:53 pm »
Зошто би се изгубил било кој хармоник?

Тоа не е точно.

Нема потреба од понатамошна дискусија, FLAC форматот е светлосни години пред плоча. Има луѓе што сакаат плоча од извесни причини, но тие причини ние се квалитет - туку сентиманталност и останати виши сили. Исто така можеби сакаат да го избегнат Лауднес усерувањето во песните кое трае последниве декади. Но, тоа не е до „плочата“ туку до добрата продукција. Пак лослес дигитал е далеку, далеку, далеку поквалитетно. Сепак сентиментот и доживувањето е различно.

Обичниот човек набавува опрема за да слуша музика, аудиофилите набавуваат музика за да ја слушаат опремата.

Повеќе ги интересира техниката од музиката. Кое наполно го разбирам и поддржувам.

FLAC -ot не значи default дека е high end квалитет. Тоа е само контејнер, зависи што се содржи во него. Инаку wav, flac и другите lossless формати се на исто ниво.

Не си сосема во право дека сите аудиофили набавуваат музика за да ја слушаат опремата. Кај стварните љубители на музиката а воедно аудиофили процесот оди вака:

Правиш сетап, мењаш додека не добиеш задовлително ниво на звук. Кога ќе добиеш веќе не пипаш, и слушаш музика (не дека и во процесот на градење не си слушал).

Инаку самиот критериум за што е квалитетен звук е нешто што се гради, што се тренира, што се изоштрува, а донекаде и индивидуална преференца.

На пример, на мојот домашен главен систем, луѓе што немаат доволно изграден критериум им фали бас, а не приметуваат дека нема матен бас, туку само цврст, слоевит и детален (им фали она матното бучење што е у ствари најчкарт нешто што може да му се случи на звукот) (тоа е она ко ќе ти пројде некој со кола, и кога му се тресе целата кола од што има само бучење а не звук, од woofer -от од гепек).

Јас на пример сакам звук со добар Imaging, цврст бас, неутрален, детален и отворен звук. Има некои што сакаат што потопол звук, позатворен итн итн, ама не значи дека мојот вкус е правиот или нивниот е правиот.



поздрав

Дарко
« Последно менување: 26 Ноември 2013, 19:34:49 pm krell »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #223 на: 26 Ноември 2013, 19:36:35 pm »
Апсолутно. Не значи Флак, квалитет! Ќе се изнасимињаш верзии, па може некоја ќе се погоди да чини! Баш вчера се занимавав да најдам да не има некоја поквалитетна верзија од Symphony & Metallica, и најдов. (а си имам стара лослес верзија, ама си викам чекај да видам можда има нешто подобро) Глупости. Некој си се занимавал и си направил FLAC од 192kbps (Шпекулирам, може и друг е проблемот) и си го качил на торент. Ѓубриња.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #224 на: 07 Декември 2013, 21:13:55 pm »
Може ли да ви улетам на вас тројца најактивни на темава со едно прашање од купопродажна природа?

Дома имам студиски микрофон AKG Perception 420, кој е купен и донесен од USA пред 3 години, и е грижливо чуван и запечатен во фабричкото куферче, т.е. ниту еднаш неискористен. Во куферчето има и студиски држач „пајаче“.
Дали има пазар за микрофонот во Македонија, и ако има, која е реалната цена по која може да се понуди, а по која можам реално да го продадам?