Оној кој го сфаќа дигиталното аудио сфаќа дека цд 44/16 дава поприроден звук (читај: по верен на оригиналот) од кој било аналоген извор (плоча или лента)
Оној кој не го сфаќа и тврди дека аналогно=подобро, паѓа ко крушка на double blind тест. Грешката која ја прави е што прави аналогија меѓу дигитална слика и дигитален звук, па дигиталното аудио го смета за некакви многу ситни „скалички“, па така колку повисока резолуција, толку по ситни скаличките и толку поблиску до мазното аналогно. А аналогното, бидејќи нема никакви скалички, е во принцип недостижно.
Таквото гледиште е фундаментално погрешно. Излезот од аудио D/A конвертерот, за разлика од дигиталната слика, нема никакви, ама баш никакви „скалички“. Кога тоа еднаш ќе се сфати, веднаш станува јасно како тоа при слеп тест скапаното цеде некако магично звучи подобро од најдобрата плоча.
вие како сакате. треба и штампариите на винили да живеат од нешто, конечно...