Батали оптички кабел, тоа е веќе стара технологија не се ни развива, имам читнато нешто за тоа од статијата на Симо, не сум пробал, али нема зашто да пробувам. Идеалното решение е со квалитетни ХДМИ кабли. Тоа е стандард кој се развива активно и има голем напредок и придобивки. Башка целиот процес ти се автоматизира поради АРЦ и ЦЕЦ, работат во спрега и можеш да постигнеш да кога палиш ТВ автоматски ти пали и рисивер и префрла звукот на него да иде.
Овие кликтроник покрај квалитетен конектор, и остатокот од нив е квалитетен, лесни се, лесно се превиткуваат за манипулација, можеш да си направиш убав менаџмент на каблите итн итн инт. Е сеа скапи се... скапи се, ама тоа е, гледај да земеш оптимални должини, пошто имаат од 1,5м и од 3 метри или 2,5 ми се чини дека беше, па такоа ако имаш два уреди да поврзеш на рисиверот и уште еден кабел од него до ТВ веќе е змачителна сумата. Али две години ништо не ми мрднало ниту трепнало ниту па шушнало.
Апликацијата за андроид и иос е многу ок, јас си ја користам и работи на вифи, нема потреба бт. Секако дека рисиверот ми е поврзан на вифи, работи стримање без проблем, а контролата најлесна е преку апликација за оваа активност. За гледање филмови, командите ги користам од даљинското на тв-то, а користам и РПи со ОСМЦ и мрежен сториџ за складирање и целиот тој склоп е феноменално искомбиниран.
Тоа микрофончето за штеловање и процедурата генерално е ок. Јас имам штелувано неколку пати, после само некои финеси малце ги дотерувам за мое уво, али сепак е убав фичр.
Иначе прееска некој спомна во болин да ти ги пуштата ХК и Денон на некои звучки и да си бендисаш, али да ти кажам право, не е баш веродостојно. Јас кога отидов да го купам денонот, типот ми го поврза на едни ЈБЛ, не ми текнува кој модел, дали бе а студио 80, али подностоечки, големи. Толку тажна фаца имав што сакав да го баталам и да барам друго некое. Сигурно стоев така 15 мин и бев скроз разочаран. Сепак го земав и отидов дома го поврзав со моите звучки, монитор аудио силвер и незнаеш какво олеснување беше. Тотално друг звук, се запрепастив. Дури и истата музика ја пуштив, истите фајлови од ист медиум. Драматична разлика.