@igor_xxxx Веќе 80% сум решен за Денон AVR-X540BT,нов модел е,со прифатлива цена,а и како што кажавте пред јамаха 381.Утре најверојатно одам дирек во Болин,го имаат на лагер и ако не ме предомислат го земам Денонот.
Пред 1ч ги видов звучките,стигнале кај братучеда ми,преку видео чат ја отвори кутијата еден заден и еден преден ги извади,ги видов и одлично изгледаат.Едвај од ДХЛ ја качиле кутијата во станот(1.1x0.6x0.4m)со преку 50кг тежина.Во среда попладне ќе ги имам кај мене.
Уште едно прашање во врска со поврзувањето на звучките со појачалото.

Предните звучки имаат по два пара конектори,дали да се оди со Bi-wiring или со еден кабел.Од појачалото има два конектори на секој излез,+ и - а на звучките има по два + и два -.