@pirat_07 ТВто е Sony KDL43W805C кој го гледам од некои си 3.5-4м,да беше 45-49 ќе беше подобро но што е тука е.
Инаку во оваа куќа седиме само јас со сопругата ,татко ми и мајка ми.И татко ми долу има Техникс ех770 и ова е да му парирам малку,бидејќи знае да си пушти народно малку погласно.Самсунгот 6030 40 инчи е кај моите на први спрат.Проблемот со стрико ми беше во братската куќа,во која живееше сестра ми до пред 2 месеци,а сега е во план да се издаде спратот.
@velestrumf @Bicikle @osmica8 Печката е на пелети и странично не испушта никаква топлина,цевките позади генерираат повеќе топлина од печката.
За вратата може само да се смени со друга,за да се затвори или премести нема можност.Таков е распоредот,кога се градеше куќава во 92 не се размислувало толку надалку за сараунди и слично,бев 5-6 години тогаш.Во тоа време имавме еден нишки тв спарен со видео и руско грамофонче кое до ден денес си работи одлично.


Тоа е просторот и мислам дека според можностите подобар распоред од овој неможе да се има.
Што се однесува до каблите,за левиот преден веќе е почнато да се работи,под самата врата има преодна алуминиумска лајсна и ќе оди под таа лајсна и под лајсната на паркетот и ќе излегува кабелот од самиот ќош.Во процедура е комода каде ќе има посебна празнина/преграда за ресиверот а централнот или ќе оди на комодата или ќе се закачи на ѕидот под самиот телевизор или над телевизорот.Десно каблите од(десниот преден и од задните два+кабелскиот)некако ќе се бара начин но откако ќе стигне комодата.За задните веќе имам некои идеи но и тоа ќе се среди.