Па да почнемо, што би рекол еден тиктокер
Имав наумено од порано да ја спуштам Алвата, во меѓувреме ми кажаа дека колата имала скршена предна спирала, што ми се совпадна таман со идеата за спуштање, па така и бидна.
Еве една слика од скршената спирала, со која и си дојдов до МК без никаков проблем
Потоа следуваше демонтажа на старите амортизери, која и не беше лесна бидејќи мораше да се извади и рамото од лежиште
Морав да ги расклопам старите амортизери, само заради гумиците, прашинарките, затоа што сум заборавил да купам а тука немаше никаде да се купат без да ги чекам 1 месец. Се друго е ново, буфери, гумици, амортизери..
Со задните спирали поминав лесно, само ги врзав со армирачки тел како што беа на кола и ги избив со хебла.
Колата е болид во кривини, ама и тврда по нерамнини, ама со малку пазење и нема гајле.
Успут монтирано и фејслифт решетка и преден лип.
Сега уште предни дистанцери во иднина и доволно е.