Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170  (Прочитано 65339 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #360 на: 24 Мај 2022, 20:01:00 pm »
Кој ги вади муабетиве дека вњ биле нерасипливи демек да звучат фенси? Алфисти 90% и 10% луѓе што возеле цел живот опел и форд.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #361 на: 24 Мај 2022, 20:01:10 pm »
Битно во глата да не си дефек, за колата се наоѓа чаре :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #362 на: 24 Мај 2022, 20:07:31 pm »
Реално нема кола што не се расипува, а тоа кој што и кога менува е до човекот, така да џабе дискутираме  :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3479
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #363 на: 24 Мај 2022, 20:09:44 pm »
Од 19 Јуни повели кога сакаш, посебно со моите најнеомилени нерасипливи VW, ако сакаш и ќе ги тркаме  :)

Ако догураш до Битола и кафе ќе добиеш  ;D

Се надевам ќе догурам, ќе праам паузи да не се расипе.
Ама за тркање ќе мора да дојдеш накај автопат, Битола немаше автопат кога бев последно.

Тоа што ти си го врзал у крпче дека се нерасипливи, или некој те има излажано или сам си створил таков впечаток. Генерално е исто како кај Алфите, 2-3 пати неделно до сервис. :D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #364 на: 03 Јуни 2022, 12:32:26 pm »
Машината беше на инспекција за tüv и пронајдена е една мана т.е дефект, очигледно е дека и Алфата се согласува со мене и сака да биди спуштена и затоа скршила предна спирала  ;D Јас не осеќам ништо, нема тропање ништо...ќе се тера за Мк, па таму ќе ги сменам со Eibach- от, па потоа ќе се бркаме за tüv со германците  ;D



Спија еј  ;D Само лошо сум паркиран, од задна страна можи да рѓоса од предна пак да ја префати расипливост   :P ;D ;D

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #365 на: 03 Јуни 2022, 12:48:05 pm »
Не знам колку е паметно да возиш од ДЕ до МК со скршена спирала, избегавај дупки колку можеш и земи си некој пакет за помош на пат за секој случај. Мојата коа се скрши почна да гребе на бандаж, одма застанав шлеп и у сервис, среќа не ми скина гума....таа уствари може и била скршена порано ама коа ја акнав дупката кај Џевахир почна да гребе и не ми се возеше така.


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #366 на: 03 Јуни 2022, 12:51:33 pm »
Овај механичаро вика немало гајле, баш го прашав..како и да е секако ќе ја имам на ум, а и ќе ја кренам овие дена на дигалка, да видам и сам каква е состојбата.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #367 на: 18 Јуни 2022, 22:17:34 pm »
Стигнавме во татковината safe&sound  :)


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8965
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #368 на: 18 Јуни 2022, 22:28:21 pm »
Aj sea fakaj se so modifikacii :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #369 на: 18 Јуни 2022, 22:47:26 pm »
Пофали се за потрошња и колку евра те сољупи патот со овие цени :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #370 на: 18 Јуни 2022, 23:03:36 pm »
Сега по ред.
Голем сервис, фарбање/корекција, заби, мини реновирање дома, малку плукање по населението, и назад.  ;D
мала шала
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #371 на: 18 Јуни 2022, 23:15:33 pm »
Пофали се за потрошња и колку евра те сољупи патот со овие цени :D

Па не рачунав точно, ама грубо околу 132л бензин потроши до тука, множено со 2€(секаде е толку, само Србија 1.76).
Сега по ред.
Голем сервис, фарбање/корекција, заби, мини реновирање дома, малку плукање по населението, и назад.  ;D
мала шала

Се сам си правам во двор, само делови си набавувам од горе  :) Нема што да се плука, се е веќе исушено за жал.
Од 1750км, само кај нас рокнав 20-30  дупки и ме  мереа со радар на 3 места, ама дома си е дома.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #372 на: 18 Јуни 2022, 23:18:46 pm »
Ти платиле тебе патот за на митинг да дојдеш, остај ти 2 и 1.76€  :D
ПС: Добро дојде.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #373 на: 19 Јуни 2022, 11:27:27 am »
Се надевам дека заби не си правиш сам во двор  ;D Добредојде и убав помин во родниот крај.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #374 на: 19 Јуни 2022, 15:55:02 pm »
Низ Србија мерењето на просечна брзина од патарина до патарина фаќа странски таблици?