Вчера вечерта на 4 степени, по 6,5км ми постигна работна температура, но возена беше преку ден.
Наутро, кога преку ноќта е добро оладен моторот, на слична дневна температура не успева да ја достигне работната по 7 км, односно стигнува до 3та црта од 5те, згора што цепам по угорниците низ Пржино.
Заглавувам кај Баба Цана во гужвата, каде претежно е стигнато до 2 црти, и тука понекогаш се случува да симне една црта, ова повторувам на утрински температури од 0 до кај 4 степени.
Колкава температура означуваат цртичките поединечно појма немам, а тргнуваат од 50 степени.
Ова во врска со изминати километри до постигнување работна температура, што значи дека
@Knight_ треба малку подетално да опише во какви услови ја вози Астрата.
А за термостатот доколку не е исправен, нели е логично во вожња да паѓа температурата, а не во лер?