Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.9 150  (Прочитано 27784 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #120 на: 12 Јануари 2022, 08:50:28 am »
Да не ти ги испразнал “ремаперов” ДПФ и катализаторот кога си ја оставил за ремапирање? 🤔

Цитат
Па така, се погоди мајстор за ауспуси во куќата карши...

Организиран криминал ;)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #121 на: 12 Јануари 2022, 08:56:22 am »
Да не ти ги испразнал “ремаперов” ДПФ и катализаторот кога си ја оставил за ремапирање? 🤔
До него бев цело време дур ремапираше, не чепкаше ништо механички по колата. Мајсторот карши него што се погоди за ауспуси, по некоја случајност излезе дека е познаник со минатиот газда на колата, па му се јави и овој потврди дека ДПФ-от бил изваден и наводно исклучен софтверски, а за лептирите кажа дека биле калибрирани (а не угасени како мене што ми кажа дур ја купував). Затоа и ја оставам таа можност дека можеби стварно не било чепкано ништо по софтверот на колава, мада веќе ништо не ми е за верување..

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #122 на: 12 Јануари 2022, 10:03:43 am »
Те преебал овој школски, како лекција во буквар.

Sent from my SM-N770F using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #123 на: 12 Јануари 2022, 10:13:21 am »
Минатата недела пријател однесе кола дс му изфарбаат браник. Му го извадија катализаторот :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #124 на: 12 Јануари 2022, 10:22:43 am »
Е тоа се мајстори, покрај браникот и некој коњ плус му дадоја на колата гратис не како овие другите, да се натегаш за едно фарбање.
« Последно менување: 12 Јануари 2022, 10:28:37 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #125 на: 12 Јануари 2022, 10:37:01 am »
Минатата недела пријател однесе кола дс му изфарбаат браник. Му го извадија катализаторот :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Молам?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #126 на: 12 Јануари 2022, 10:56:11 am »
Не се чудете, катализатори кренаа на цена 300-400€. Сече, го вади, заварува цефка, чао. Ако не смени звук колата нема да приметиш веднаш и тек на кревање дизалица случајно ќе приметиш ама касно ќе ти биде.

Sent from my SM-N770F using Tapatalk


Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #127 на: 12 Јануари 2022, 11:30:58 am »
Минатата недела пријател однесе кола дс му изфарбаат браник. Му го извадија катализаторот :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Баш заради вакви ситуации спомнав…

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #128 на: 12 Јануари 2022, 11:51:38 am »
Мене мајстор за ауспуци сакаше да ми го "укради" катализаторот. Јас појдов за да го извади (демек да продиши колава :D ), а тој ми вика немаш катализатор, ќе ти се расипи турбината во скоро време, мора одма да ти ставам нешто (заборавив што) тој што го правел за да нема гајле турбината. А кај ауспухот немаше никаков вар, ама со чукање сети дека нема ништо внатре :D . Значи ќе си земеше пари од катализаторот (50-100 евра ги продаваат), башка за то неговата направа (претпоставувам само цевка) и за рака плус. Ене ја турбината мака нема околу 40-50к км  :D

Дојде работава да ги пазиме катализаторите и ДПФ ко очите. Сори за офф топик, ја затрувме малку темава.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #129 на: 12 Јануари 2022, 19:11:42 pm »
Од Понеделник почнувам и јас со крадење катализатори ,ќе ти ебем наука, денар скршен не сум видел од истата.

P.S. Фелицијата на стариот немала катализатор, fuck my life еднаш ќе пробам нешто паметно и тоа нема да ми тргне. Ај Спаркот прво да го препишам на жена ми па да и го извадам катализаторот, шо ја ебам.... мада за тој ни 100 денари не добивам а не па 100 евра.

Присутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #130 на: 12 Јануари 2022, 19:19:32 pm »
Мене на Фордот ми го украдоа, ама не знам кој бидејќи на 3 различни мајстори беше во рок од една недела..

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #131 на: 12 Јануари 2022, 19:26:03 pm »
  А кај ги продаваат ? По европските земји сигурно не. Некако не ми се за верување муабетите дека некој би крадел катализатори.

Сте слушнале вие некој кој купил/му наместиле половен катализатор ? Јас не

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #132 на: 12 Јануари 2022, 19:28:18 pm »
Се рециклираат, мислам имаат платина внатре.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #133 на: 12 Јануари 2022, 19:29:35 pm »
Ко ќе ти го штават од алфата ќе видиш кај се продават :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #134 на: 12 Јануари 2022, 19:36:56 pm »
  А кај ги продаваат ? По европските земји сигурно не. Некако не ми се за верување муабетите дека некој би крадел катализатори.

Сте слушнале вие некој кој купил/му наместиле половен катализатор ? Јас не
Имаат платина и родиум во нив, а тоа се прилично скапоцени матријали. Не за џабе Џонсон Мети години уназад се најпрофитабилна компанија во Македонија, дебел кеш има во катализатори.

Јас некако не сум изненаден од ова, на почеток на пандемијава ми текнува во Америка имаше еден масивен бран на крадење катализатори, буквално пред салони оставени коли преку вечер ги краделе катализаторите. А за кај нас, еве рецимо на дизел ќе ти украде пошто и вака и така се тивки преку ауспух, али на бензинци како крадат без да примети сопственикот? Одма треба да си примети тоа, доста повеќе брмчи бензинец без катализатор.