Ми се допаѓа размислувањето на
@Rakun4e, ме премисли да го пренасочам фокусот во комплетирање на OPC Line пакетот, па за крај да оставам бандажите. Инаку, баш вчера повозев една Астра со Penta 18-ки и за ова си во право, не осетив некоја голема разлика од моите. Сега, кај би барал опц прагови и липови, хммм.. треба кај Кардаш да се јавам пак
-----------------
Друго, денеска се одлучив да го исчистам ЕГР-от повторно, иако во Април некаде го менував пошто рикна стариот. Приметив дека на ладен мотор, првото стискање гас знаеше да избаци некои црнила позади, па потоа низ цел ден да се понаша нормално. Тие црнила беа поврзани и со некој шубе краток ајде турбо лаг да го наречам, кој исто така беше присутен само на прво тргнување сабајлечки.
Отворив ЕГР-от и што да видам:
Ми дојде сомнително за неполни 7 месеци волку гареж да се собере, се до моментот кога ми текна дека мајсторот што ми менуваше воопшто не го зачисти делот на кој што се поврзува ЕГР-от со усисната грана, а тоа изгледаше вака:
Шта речи а не заплакати. Сликава не го доловува баш моментот колку гареж имаше, беше стигнато до ниво каде што 2-та пролази беа презапушени, кутриот ЕГР немал ни кај да ги носи гасовите од кога ќе прошле преку него.
После една убава чистенка и на вентилот и отворот кај граната, склопив се и буквално се препороди колава. Сега нема никакви црнила на прво палење, па дури и се осеќа како да се подобри low down torque-от.
Ако дојде ред за повторна ваква ексукрзија, мислам дека наместо да рибам пак, ќе ставам блок плејт и ќе го исклучам софтверски, мислам дека и првиот пат требаше да го направам тоа, али ај, you live and you learn.