Ама нели со ова последново не го правиш тоа за што ме обвинуваш мене - ме вадиш од контекст?
Тој последниот цитат е реакција на нешто друго, чиј контекст може да се види веднаш ако се кликне на
цитатот.
Нејсе...
Јас искрено мислев сакаш да дискутираме со студии и податоци во одреден контекст, ама според ова и според хеуристиката, воопшто не е така.
Секако, мене искрено ме интересираат аргументите ЗА, исто колку и аргументите ПРОТИВ.
Без разлика што веќе имам став.
Но тоа не значи дека на аргументите ЗА нема критички да се осврнам. Што и го правам, а за што ме критикуваш (мене лично, а не самите критики).
Настрана реториката (и семантиката, а и ад хоминемот) јас повторно ќе ги посочам најважните моменти а ти како сакаш продолжи (или немој, по твој избор):
- покажа два текста со нискобуџетни проекти на мерења со анекдотална вредност, кои згора на сѐ примарно истражуваат емисии на јаглерод диоксид (ок, второто мерење вклучува и јаглерод моноксид, ама пак нема мерење на ппм честички)
- емисии на јаглерод диоксид се од секундарна (или можеби од терциерна) важност кога зборуваме за загадување и за здравје
- емисии на ппм честички се примарна важност кога зборуваме за загадување (и за здравјето како последица од загадувањето)
- не видовме истражувања и докази дека старт/стоп позитивно влијае на загадувањето кое ни го уништува здравјето (ппм честички)
- не видовме податоци со колкав удел автомобилското загадување влегува во вкупното загадување, и следствено колкав удел ќе биде уделот на старт/стоп технологијата во намалување на ВКУПНОТО загадување
Мојата теза е дека старт/стоп не менува ништо важно за загадувањето во сегашната констелација на работите. Естаблишментот го знае ова, и затоа нема озбилни истражувања за импактот врз екологијата - што е факт кој не може да се спори со два текста за мерење јаглеред диоксид на три аута со рачни инструменти, и со игнорирање на емисии на ппм честички кои се многу порелевантни.
Таа теза сеуште стои.
едит: За мачкањето очи... Tокму садењето шума во западна Европа е мачкање очи. Најголемиот фактор за рециклирање СО2 денес е шумата на Амазонија. Таа огромна прашума секојдневно се сече и се соголува, само во последниве децении се исечени помеѓу 15 и 17% а науката вели дека ако (кога) тој процент некогаш достигне 25% тогаш едноставно нема да има доволно дрва за циклирање на влагата. Прашумата ќе се исуши и ќе деградира во савана... И тогаш господ нека ни е на помош.
Засадените шуми во западна Европа не се ни еден процент, од еден процент од шумата на Амазонија.
Да не ги спомнуваме и големите шумски пожари лани во Азија (Русија), кои се дел од специјалната војна и геостратешките превирања кои се случуваат... Без намера да дигресирам, поентата е дека големи површини со шуми горат и садењето дрвца во ЕУ, мачкањето очи со старт/стоп во автомобилите, и играње и пеење Кум-ба-ја, ништо од тоа нема да смени ништо. Не додека сите колективно се правиме слепи за реалноста и со ваквите глупости како старт/стоп се филмаме дека сме еколошки одговорни.
Е тоа е демагогија. Самоуништувачка и самоубиствена демагогија со која сите ние се самономинираме за Дарвинова награда.
Е и за дизелгејт... Класична политичка и корпорациска пресметка и рекетирање, и никаков научен репер за маргини на грешки на специфични инструменти. Тоа што јас го реков не е „плукање по алатката“ туку едноставно го констатирам
фактот дека измерените разлики се во маргините на грешка на инструментот.