Го потврдуваш тоа што го реков: Приморани сме сите да плаќаме за глупоста старт/стоп. Без никој да не праша како купувачи и корисници, и без реални аргументи за потребата од непотребната глупост.
Тоа што што ти сметаш дека мнозинството е глупо (нема да го спорам тоа), не го менува фактот дека е недемократски и насилен моментот каде корпорации заедно со власта (или користејќи ја власта) на сите ни наметнуваат избор кој повеќето од нас не би го избрале... Доказ ти се сите кои го исклучуваат старт/стоп системот, не само овде туку секаде во светот. Следствено и има куп видеа и совети како да се исклучи старт/стоп.
Ароганцијата на индустријата/власта, и вокалното оправдување и навивање од консумеристите, е тоа што ме вчудоневидува.
Ете и ти самиот, воопшто не ти смета што на мене и на мнозинството, ни се наметнува изборот. Не размислуваш дека утре и тебе може да ќе ти се удри од глава да бидеш приморан на нешто што ти лично не го сакаш.
Едит, накратко за другите моменти:
[1] екологијата, таму во Германија не знам точно како е со ќумбиња и оџаци (чинам регулирани се и емисиите на ппм по домаќинство, и сертификациите на печките за ефикасно согорување), но знам дека овде во Македонија сообраќајот е мал дел од загадувањето... лицемерно е (овдешните власти или било кој) да го посочуваат старт/стоп како некакво решение за загадувањето
[2] Тата/Голем Ѕид или Лада не сакам да возам (Лада можеби, кога би живеел некаде во планина со офроуд патишта), но тоа не го менува фактот дека не е слободно-пазарна ниту капиталистичка одлуката да се наметнува избор на потрошувачите, и тоа во држави кои се декларираат како слободни
[3] заштедата, хаха еве практичен пример: колегава новиот АГМ акумулатор го плати окулу двеста евра а месечно не троши ни пола од таа сума на гориво, тие неколку проценти „заштеда“ од потрошувачката во тие неколку години не стигнуваат ни пола акумулатор да му го исплатат, а каде е тука зголемената амортизација на другите делови од автомобилот, и нервозите не ако туку кога набрзо ќе откаже акумулаторот
[4] искусни лопови/обијачи на брави со соодветен алат има многу помалку од копиљаци со софтвер на телефон/лаптоп кои може со лопата да ги ринеш
[5] мојот голф, освен со кантичка бензин и со кибрит, не можеш да го запалиш (уште помалку да го украдеш) и во тоа се обложувам во пијачка или ручек, во секое време.
Можеш да си увезеш кола од УСА/Канада/Јужна Кореа без старт-стоп. Никој не те принудува да купуваш кола од ЕУ со вграден старт-стоп систем.
Мене воопшто не ми е гајле за твојата лична интепретација дека некоја си корпорација ти наметнува избор кој ти хипотетички не би го избрал.
Исто како што и тебе во основа не ти е гајле за мојата интерпретација, туку само сакаш да го дрвиш од тука до недоглед и притоа да испаднеш паметен, угнетен, далекуглед и просветлен во врска со старт-стоп системите и генерално западот, корпорациите, филмот, не-демократијата, глобалните завери, итн. Ама тоа е друг муабет.
[1] Се разбира дека е смешно дека од сите возможни мерки и дејствија некој се фаќа само за тоа и го продава како филм дека со тоа ќе се реши проблемот со загадувањето.
[2] Имаш многу интересно-чудна интерпретација на слободата, капитализамот и западниот свет. Од километар се гледа дека си теоретичар без ден искуство во тие држави и системи на уредување. Излези, поживеј, поработи, создавај, осети на своја кожа, па дрви го до бесвест за слободата и неслободата на капиталистичките држави.
[3] Фактот што го испушташ со Старт-Стоп систем е дека добиваш многу подобар анласер, многу подобар алтернатор, многу подобар замаец и разладен систем со многу поразличен капацитет отколку со возило без таков систем.
[4] Многу видеа гледаш на интернет. Без соодветен хардвер/алат не се крадат и модерните возила. Кој пишувал софвер/програмирал електронски уреди знае дека не е баш така.
[5] Немам ни најмала намера да ти го палам/крадам голфот, а уште помалку да се докажувам дали може или не.
Конкретно ако веќе разглобуваме непотребни работи во коли (од кои речиси сите аналогни) и сите до еден имаат негативно влијание кон потрошувачката, загадувањето и чинат многу дополнителни средства:
- Серво управувач
- Поголеми бандажи и пошироки гуми (алу бандажи уште помалку)
- Електрика на прозорци/огледала
- Централно заклучување
- Мерач на вртежи
- Осветлена шалт-табла со вградени лед/сијалички позади
- Тонирани стакла
- Знаци/беџеви на колите
- Сензор за бришачи
- Звучна изолација
- Алуминиумски компоненти по подвозје (кај многу возила целото подвозје е комплетно алуминиумско)
- Вентилирани дискови (многу поскапи и покомплексни за производство)
- Независно подвозје напред и назад
- Спирали/пружини на подвозје