Автор Тема: Ауто старт стоп системи  (Прочитано 22922 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #60 на: 23 Март 2021, 12:23:32 pm »
Ако гледаш и запалените светла преку ден придонесуваат за зголемена потрошувачка на се. Имаше некаде студија каде што пишуваше колку точно повеќе бензин се троши ради светлата, ама јбг. Во светов приоритет е безбедност и екологија/околина.
:)
Жити се, а како тоа старт/стоп придонесува до безбедност??  :D

Денските светла имаат логика од аспект на полесно забележување возила, посебно за луѓе со оштетен вид - пешаци, ама и возачи.
Старт/стоп можеш во контекст на безбедност да го спомнеш само негативно, на пример ако ти изгаси аутото на семафор и потоа не можеш да запалиш, како на колегата што му се деси.


Цитат
Едит: А ако веќе барам непотребни технологии, тогаш кејлесот ми е беспотребен ради кражба на кола и електрична рачна. Уште сум останат во југославија, кај што рачната треба да е emergency brake. вака на копче додека го најдеш... 
Ете за ова се согласуваме.


Цитат
@Van  изгледа не се разбираме. Во ЕУ фокус е ставен на животна средина. Во принцип среден им е животот на секое поле и екологијата им е приоритет. ДПФ филтри, старт/стоп итн, се е измислено за поздрава животна околина.
ДПФ филтет има практична и потребна намена.
Старт/стоп е непотребна глупост... Не можеш да ги споредуваш од тој аспект.


Цитат
И стварно не знам што толку ти смета? Или не си возел таква кола или?? Мене првиот ден ми гасеше колата на семафори, од вториот ден натака не ни заприметувам веќе. Се е ствар на навика.
Што па тебе ти смета - нa мене што ми смета?  ;D
Но не дека е толку озбилен муабетов... Mалку јадење бурек за се понагласеното наметнување работи кои се непотребни, и скоро никој не ги сака (само да нема забуни со работи кои никој не ги сака ама СЕ потребни).

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #61 на: 23 Март 2021, 12:33:39 pm »
@Van очигледно не се разбираме или пак вадиш работи од контекст.

Мојот пост: (Малку сум тапа, не можам да се снајдам фенси да вадам делови од разговор, па морам копи/пејст)
@Van  изгледа не се разбираме. Во ЕУ фокус е ставен на животна средина. Во принцип среден им е животот на секое поле и екологијата им е приоритет. ДПФ филтри, старт/стоп итн, се е измислено за поздрава животна околина. Дали тебе ти сметало што дупло ти бил поскап акомулаторот нив ги заболе. Ако ти е скап акомулаторот труј се со дизелите што тие ги фрлаат. Или купи старт/стоп па стави му акомулатор од југо и нема да ти гаси колата.

Ти на тоа ми одговараш со:
Жити се, а како тоа старт/стоп придонесува до безбедност??  :D
Денските светла имаат логика од аспект на полесно забележување возила, посебно за луѓе со оштетен вид - пешаци, ама и возачи.
Старт/стоп можеш во контекст на безбедност да го спомнеш само негативно, на пример ако ти изгаси аутото на семафор и потоа не можеш да запалиш, како на колегата што му се деси.

Никаде не пишав дека старт/стоп е за безбедност, туку за екологија исто како и дпф от, а дека светлата се за безбедност иако преку поголемо трошење на енергија/бензин доведува до загадување па пак здравјето ќе ти е во доведено прашање :) 

Пошо стварно никаква поента нема темава, а и фактот дека не можеш да се помириш со старт/стоп, еве за се што и да пишеш ти си во право и старт/стоп под итно да се укине и срам да им е на сите што имаат коли со старт/стоп, а на тие што не им е срам да им се расипе акумулаторот и после да си платат поскап за кармата во универзумов да е балансирана.
Едит: П.С. А производителиве сите да пропаднат до еден зошто на наш грб се богатат со старт/стоп, па ние наместо со 1000 денари акумулатор изваден од лада, мора да купуваме 6000 денари. Уааа ѓубриња непрокопсани :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #62 на: 23 Март 2021, 12:38:46 pm »
Не знам зашто е толкав проблем што има старт/стоп, кога можеш да го исклучиш. Го правев и јас тоа првата недела дека од кога ја земав колата, немав претходно искуство со системот. И толку, сега си го оставам активен, иако ретко и го користам, најчесто возам надвор од град. Ама како што пиша претходно Луки, ако придонесува за помало загадување на околината, а барем до сега не видов во темава некоја анализа за зголемени дефекти ради системот, јас ќе продолжам да го користам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #63 на: 23 Март 2021, 12:44:55 pm »
Не знам зашто е толкав проблем што има старт/стоп, кога можеш да го исклучиш.
Најверојатно затоа што не запамтува како што ќе го поставиш, туку се пали на секое палење на колата. Реално сите знаеме зошто е проблематично тоа.

Тоа е слично како апдејтот на Windows кога го овозможија само да го „одложиш“, а не и да го исклучиш. Па мораш преку регистри да си го стокмиш виндоусот пред да го користиш.

Како што за „каиш“ имаш на некои возила можност да го исклучиш римајндерот за каиш. Имаш опција, немора да ја користиш, ама ја има.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #64 на: 23 Март 2021, 12:50:32 pm »
И толку, сега си го оставам активен, иако ретко и го користам, најчесто возам надвор од град. Ама како што пиша претходно Луки, ако придонесува за помало загадување на околината, а барем до сега не видов во темава некоја анализа за зголемени дефекти ради системот, јас ќе продолжам да го користам.
;D ;D ;D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #65 на: 23 Март 2021, 12:53:50 pm »
@Deni Каишот е твоја лична работа, за твоја безбедност па затоа на некои возила имало таква опција, макар што од новиве возила јас такво нешто немам видено ама ајде ти веруваме на збор дека како опција постои.

Со издувот ги труеш сите околу тебе, значи си опасност по општество и околина :D Ако можеш во сетингс да го исклучиш тоа трајно, тогаш тотално се губи поентата на старт/стоп. Прелазно решение што го смислиле е секое влегување стискаш во мени или небитно старт/стоп офф и тераш до следниот пат.

80% коли во Мкд се тешки импровизации и тотално небезбедни, стигнавме старт/стоп да го решаваме дали чинело или не :D Хејтерс гона хејт :D 

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #66 на: 23 Март 2021, 13:05:47 pm »
Ако гледаш и запалените светла преку ден придонесуваат за зголемена потрошувачка на се. Имаше некаде студија каде што пишуваше колку точно повеќе бензин се троши ради светлата, ама јбг. Во светов приоритет е безбедност и екологија/околина.
:)
Жити се, а како тоа старт/стоп придонесува до безбедност??  :D

Денските светла имаат логика од аспект на полесно забележување возила, посебно за луѓе со оштетен вид - пешаци, ама и возачи.
Старт/стоп можеш во контекст на безбедност да го спомнеш само негативно, на пример ако ти изгаси аутото на семафор и потоа не можеш да запалиш, како на колегата што му се деси.

@Inter1   ;)
(итн да не се повторувам, секој пасос директно се обраќа на аспект кој ТИ го пишуваш)

едит:
Никаде не пишав дека старт/стоп е за безбедност, туку за екологија исто како и дпф от, а дека светлата се за безбедност иако преку поголемо трошење на енергија/бензин доведува до загадување па пак здравјето ќе ти е во доведено прашање :) 
Старт/стоп со дпф да споредуваш за екологија, е како Вуди Ален да го споредуваш со Мајк Тајсон во најбољи денови... Пробај (макар и денес на старост) да ги ставиш во ринг па да видиш што ќе се случи.   :-X
« Последно менување: 23 Март 2021, 13:11:32 pm Van »

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #67 на: 23 Март 2021, 13:10:24 pm »
„Проклети да се старт/стоп акумулаторите“ - Гоце Арнаудов 1995 година

Едит: Извини Ван Дам, ти си екпертот :)  плус другарчиња сме затоа смир смир и ти си во право за се :) И од сега на било која тема што и да пишеш ти си 100000% во право.
Not
« Последно менување: 23 Март 2021, 13:19:20 pm Inter1 »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6450
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #68 на: 23 Март 2021, 14:13:52 pm »


Да, ама па од друга страна е супер-практично, да не мораш да брцаш по џебови да бараш клуч. Особено практично зимно време, кога ми се рацете во ракавици, или па ако ми се рацете полни со кеси од супермаркет, итн.

Фино е кога ќе се навикнеш, остај ти тоа...
Воопшто не се сложувам. Воопшто. Сериозен проблем е тоа според мене. Многу сериозен.


https://youtu.be/-aU09WT5rXg?t=195



Шо сторе фаќање клучот, 10 метра.  ???

Во рено ако не си со клучот вкола, тешко палење.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #69 на: 23 Март 2021, 14:14:36 pm »
Интересно е кога некој се повикува на мнозинство а убеден дека е дел од него и си тера некоја лажна агенда се со цел полнење на сопственото его.

Демек водиме политичка дебата па сега паламудиме дали мнозинството сакало или неќело старт/стоп. Од секогаш, луѓе што имаат негативни искуства или нешто им смета ќе цмиздрат по форуми и тоа на некој начин е нормално. Сигурно нема некој што е задоволен од старт/стоп да отвара теми и пишува иииии шо убава работа ова да ти било :)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #70 на: 23 Март 2021, 17:02:35 pm »
Конкретно за keyless, Има два система:

- колата скенира дали ќе го најде клучот во околина, ако го најде, се отклучува сама. Често се случува да ти го фати клучот од дома, ако е паркирана во двор (или ако си во продавница, а колата паркирана надвор). Крадците го фаќаат сигналот и прават копија. Ова е небзбедно.

- колата не скенира за клучот, се додека не стиснеш дугме на кваката од вратата. Во тој случај, скенира на дел од секунда и се отклучува. Крадците имаат дел од секунда за да го фатат сигналот, односно речиси е невозможно. Ова е безбедниот начин што го користат поновите коли денеска.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #71 на: 23 Март 2021, 17:07:50 pm »
Интересно е кога некој се повикува на мнозинство а убеден дека е дел од него и си тера некоја лажна агенда се со цел полнење на сопственото его.
Демек водиме политичка дебата па сега паламудиме...

Си имаш ти некој проблем... Ама ај, со лесно нека ти е. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #72 на: 23 Март 2021, 17:09:34 pm »
 Кај Рено картицата не фаќа ако е подалеку од arm reach, тоест еден метар. Го имам тоа тестирано повеќе пати, какво фаќање на картица од дома какви бакрачи. Ако картицата е повеќе од метар далеку од колата нема да работи.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #73 на: 23 Март 2021, 17:13:53 pm »
И толку, сега си го оставам активен, иако ретко и го користам, најчесто возам надвор од град. Ама како што пиша претходно Луки, ако придонесува за помало загадување на околината, а барем до сега не видов во темава некоја анализа за зголемени дефекти ради системот, јас ќе продолжам да го користам.
;D ;D ;D
@Mikius  Која е поентата на болдираното, што сакаш да потенцираш?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #74 на: 23 Март 2021, 17:47:01 pm »
И толку, сега си го оставам активен, иако ретко и го користам, најчесто возам надвор од град. Ама како што пиша претходно Луки, ако придонесува за помало загадување на околината, а барем до сега не видов во темава некоја анализа за зголемени дефекти ради системот, јас ќе продолжам да го користам.
;D ;D ;D
@Mikius  Која е поентата на болдираното, што сакаш да потенцираш?
Потенцирам контрадикторност :)
Како ќе продолжиш да го користиш кога реално и не го користиш, односно возиш надвор од град.

Еве од каде тргна муабетот
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7047.msg1184409.html#msg1184409

Познавам веќе 2ца со идентичен "проблем" и не им е ни на крај памет да купуваат нов акумулатор, и не верувам дека во догледно време ќе влезе во некоја анализа за зголемени дефекти бидејки и не е некој дефект.