Автор Тема: Ауто старт стоп системи  (Прочитано 22921 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #45 на: 22 Март 2021, 02:34:20 am »
Мислам дека (скоро) сите што дискутираат на темава, го имаат погрешниот концепт за старт-стоп. Не е поентата колку стрес им причинува на деловите или колку тие ќе траат при такво оперирање, колата си е нова, под гаранција. Уште ако е и хибрид, хибридната батерија помага во процесот, за да не страда толку акумулаторот. Три страни се изначитав како колата ќе се расипе, акумулаторот ќе цркне дупло побрзо, нема да ја достигне "магичната" бројка од 220000км итн... Исто така не е поентата да се заштеди гориво, заштедите се минимални, можеби 10 литри на годишно ниво.

Целата поента е ова:

Не знам за вас, ама мене многу, екстремно многу ме нервира кога ќе застанам на семафор и кога пред мене стои некој таксист со стара мечка Е-класа чиј дизелов мотор не му работи како што треба, па испушта црн гнасен чад од ауспухот, и истиот тој чад го усисува мојата кола и ми го дува директно во носот преку вентилите во кабина. Јас не би сакал на никого да му причинувам такво зло и затоа никогаш не го гасам старт-стоп системот на мојата кола, за да тој што стои позади мене на семафор се осеќа приајтно и свежо. Е сега замислете кога сите 10-12 коли што стојат на семафор имаат активен старт-стоп систем и стојат со моторите изгасени. Пешаците на пешачки не се трујат, колите меѓусебно не си ги полнат кабините со гнасен чад и околината околу раскрсницата не се зацрнува од гнасотилакот. Утопија.....

Присутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3811
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #46 на: 22 Март 2021, 07:24:47 am »
Ne se dobiva istoto so ednostavno vrtenje na klucot i gasenje na motorot i povtorno palenje po 100 sekundi 🤔

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6450
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #47 на: 22 Март 2021, 07:38:15 am »
Ta кола шо чади не се гасни, не можиш да знајш дали ќе ја запалиш после.

Во врска со keyless, Рено го користат од 2000-та, па ако имаше некои проблеми со крадење и слично досега ќе беше на насловни како дизелгејтот. Е сега ќе речиш, „па кој кради Рено човече“!  :o  Повеќе Голфој се имаат искрадено со клучој, него реноа со keyless.
Башка срамота е 2020 кола со клуч да вртиш за палење, мода 1903-та.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #48 на: 22 Март 2021, 08:41:10 am »
Цитат
во Германија има околу 40-50 милиони возила. Од нив околу 80% имаат старт-стоп систем (да речеме околу 35 милиони возила). Од тие да речеме половина седат во гужва 10 минути дневно (17 милиони возила). Релативно модерно возило троши средно околу литар гориво на час. За тие десет минути ќе потроши околу 0.16литри гориво. За секој литар гориво треба околу 14 литри воздух. Тоа му доаѓа по 2.3 килограми CO2 по возило. Помножено по 17 милиони возила е околу 40 000 тони СО2 помалку. За еден ден.

Уште една поинаква дигресија: Ако сум реален, ова е капка во морето и нема ама баш никакво влијание врз светското загадување (освен врз локалното)
Ова мислам е многу битен аспект, особено муабетот за локално загадување зошто тоа директно не засега. Кога во Скопје е загадено х100 од смог тогаш не е битно дали Америка, Кина или Русија била најголем загадувач, туку ние во градот што правиме со нашите постапки.

Има нешто убаво кога на голем булевар со многу гужви и пешаци, 80% од колите имаат старт стоп и фактички не загадуваат во зададен момент. Тие што се пешаци и велосипедисти директно се засегнати од ова и не дишат говна.

Дури и на тојота хибридите кога е камен ладно надвор или е многу топло си работат во лер за да постигнат температура во кабина за да тебе ти биде убаво на газето.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #49 на: 22 Март 2021, 09:35:02 am »
Ne se dobiva istoto so ednostavno vrtenje na klucot i gasenje na motorot i povtorno palenje po 100 sekundi 🤔
Не, палењето е инстантно со притискање на кумплунгот (кај тие со мануелен).

Ако нема таков систем, а го вртиш клучот за гасење, можеш да се направи застој на семафор - кодиран клуч потребно е да се извади од брава, неколку секунди пред палење треба чекање за подигнување на системи, проблем со палење од прва... како и да е потребни се дополнителни секунди и маневри за палење.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #50 на: 22 Март 2021, 10:02:07 am »
[2] Тоа е реалноста. Има арбитрарни правила донесени од некои си луѓе на некакви си позиции базирани на некакви/нечии пресметки. Корпорациите кои произведуваат автомобили ја нашле дупката во правилата за таа деценија со вградување на инженерско решение “Старт-Стоп“ и направиле пари врз база на тоа решение. Одговорните за продажба го смислиле еколошкиот момент и го продаваат. Ако не ти се допаѓа тој аспект, не мораш да го купуваш нивниот продукт. На пример Лада, Тата, Марути, GreatWall во сопствената гама го немаат тој гимик (не го кажувам ова иронично).
Го потврдуваш тоа што го реков: Приморани сме сите да плаќаме за глупоста старт/стоп. Без никој да не праша како купувачи и корисници, и без реални аргументи за потребата од непотребната глупост.

Тоа што што ти сметаш дека мнозинството е глупо (нема да го спорам тоа), не го менува фактот дека е недемократски и насилен моментот каде корпорации заедно со власта (или користејќи ја власта) на сите ни наметнуваат избор кој повеќето од нас не би го избрале... Доказ ти се сите кои го исклучуваат старт/стоп системот, не само овде туку секаде во светот. Следствено и има куп видеа и совети како да се исклучи старт/стоп.

Ароганцијата на индустријата/власта, и вокалното оправдување и навивање од консумеристите, е тоа што ме вчудоневидува.
Ете и ти самиот, воопшто не ти смета што на мене и на мнозинството, ни се наметнува изборот. Не размислуваш дека утре и тебе може да ќе ти се удри од глава да бидеш приморан на нешто што ти лично не го сакаш.


Едит, накратко за другите моменти:
- екологијата, таму во Германија не знам точно како е со ќумбиња и оџаци (чинам регулирани се и емисиите на ппм по домаќинство, и сертификациите на печките за ефикасно согорување), но знам дека овде во Македонија сообраќајот е мал дел од загадувањето... лицемерно е (овдешните власти или било кој) да го посочуваат старт/стоп како некакво решение за загадувањето
- Тата/Голем Ѕид или Лада не сакам да возам (Лада можеби, кога би живеел некаде во планина со офроуд патишта), но тоа не го менува фактот дека не е слободно-пазарна ниту капиталистичка одлуката да се наметнува избор на потрошувачите, и тоа во држави кои се декларираат како слободни
- заштедата, хаха еве практичен пример: колегава новиот АГМ акумулатор го плати окулу двеста евра а месечно не троши ни пола од таа сума на гориво, тие неколку проценти „заштеда“ од потрошувачката во тие неколку години не стигнуваат ни пола акумулатор да му го исплатат, а каде е тука зголемената амортизација на другите делови од автомобилот, и нервозите не ако туку кога набрзо ќе откаже акумулаторот
- искусни лопови/обијачи на брави со соодветен алат има многу помалку од копиљаци со софтвер на телефон/лаптоп кои може со лопата да ги ринеш
- мојот голф, освен со кантичка бензин и со кибрит, не можеш да го запалиш (уште помалку да го украдеш) и во тоа се обложувам во пијачка или ручек, во секое време. ;)
« Последно менување: 22 Март 2021, 10:16:03 am Van »

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #51 на: 22 Март 2021, 12:25:49 pm »
Леле бе брату @Van Многу се замараш за работи за кои што не можеш да влијаеш. Топ си е старт/стоп, крајно ако ти смета јас имам копче офф/он, не мора ни во мени да влегуваш. Исто како што ти ставаат и тач скрин ( а никој не те прашал дали сакаш, електрична рачна кочница или паркинг кочница како и да се вика, а никој не те прашал, така и за старт/стоп).
На развиениов свет многу му е побитно екологија од се останато. Не се сите голтари како нас па да се секираат за акомулаторот.
Ако не ти се свиѓа старт/стоп имаш неколку опции, првата земаш дизел стар-„нов“ 15 год минимум возен од баба или доктор и тераш. Втора опција бараш нова кола без старт стоп. Сигурно има и таква. Трета опција исклучуваш старт/стоп.
10 страни исчитав дали требало или не. Плус сите коли се правени за развиениов свет, кој ти е крив што живееш тука со 300еу плата (ова генерално, не дека дека ти имаш 300, туку сите просечно толку сме утепани).

Едит: Пошо сме утепани, ѓубрето од коли завршува кај нас. Или пак импровизации од типот се расипало ДПФ исклучи го, се расипипла незнам што исклучи и такви импровизации до крај.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #52 на: 22 Март 2021, 12:55:19 pm »
Леле бе брату @Van Многу се замараш за работи за кои што не можеш да влијаеш. Топ си е старт/стоп, крајно ако ти смета јас имам копче офф/он, не мора ни во мени да влегуваш. Исто како што ти ставаат и тач скрин ( а никој не те прашал дали сакаш, електрична рачна кочница или паркинг кочница како и да се вика, а никој не те прашал, така и за старт/стоп).
На развиениов свет многу му е побитно екологија од се останато. Не се сите голтари како нас па да се секираат за акомулаторот.
Ако не ти се свиѓа старт/стоп имаш неколку опции, првата земаш дизел стар-„нов“ 15 год минимум возен од баба или доктор и тераш. Втора опција бараш нова кола без старт стоп. Сигурно има и таква. Трета опција исклучуваш старт/стоп.
10 страни исчитав дали требало или не. Плус сите коли се правени за развиениов свет, кој ти е крив што живееш тука со 300еу плата (ова генерално, не дека дека ти имаш 300, туку сите просечно толку сме утепани).

Едит: Пошо сме утепани, ѓубрето од коли завршува кај нас. Или пак импровизации од типот се расипало ДПФ исклучи го, се расипипла незнам што исклучи и такви импровизации до крај.

Аха, смеј исклучи ДПФ, па да те фатам дека си исклучил па у г'с катализаторот да ти го напикам  ;D ;) ќе ви ебам педерчињата со по 15 години стари дизели јас ќе ви ги дишам саѓите, ќе ви ебем....

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #53 на: 22 Март 2021, 13:16:26 pm »
@Tischläufer  само по машки ти е умот, тешко нас :D
Бензинец сум јас од мене немаш гајле, плус спасив гз од тебе - многу побитно :D
 
Нешто најмногу што мразам на светов е црн облак од дизел и такви импровизации, кои за жал кај нас ги има во 98% од случаите. Се што се расипува се поправа на најјугословенски можен начин. Се расипал прозор стави му страфцигер, се расипал дпф исклучи го, се распилано старт/стоп стави некој динг донг акомулатор од југо од 90та...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #54 на: 22 Март 2021, 13:26:10 pm »
Цитат
Го потврдуваш тоа што го реков....

 ;D

Ќе умре за таа потврда.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #55 на: 22 Март 2021, 14:39:22 pm »
Нешто најмногу што мразам на светов е црн облак од дизел и такви импровизации, кои за жал кај нас ги има во 98% од случаите. Се што се расипува се поправа на најјугословенски можен начин. Се расипал прозор стави му страфцигер, се расипал дпф исклучи го, се распилано старт/стоп стави некој динг донг акомулатор од југо од 90та...

Опишуваш проблем кој не требало да помине на технички преглед при регистрација.

Тоа е проблем со државата, поточно со почитувањето и спроведувањето на законите.
Истата таа држава утре ќе напише одредба и за глупости како старт/стоп во нови аута, додека на улиците уште ќе се возат аута што чадат како локомотиви.


Во врска со keyless, Рено го користат од 2000-та, па ако имаше некои проблеми со крадење и слично досега ќе беше на насловни како дизелгејтот.
...Повеќе Голфој се имаат искрадено со клучој, него реноа со keyless.
Па кој би сакал такво ѓубре?  ;D

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #56 на: 22 Март 2021, 15:11:35 pm »
Zatoa vozam Alfa, si ja ostavam otklucena deka sakam, nikoj ne ja cepka. 😉😉
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #57 на: 22 Март 2021, 15:48:47 pm »
@Van  изгледа не се разбираме. Во ЕУ фокус е ставен на животна средина. Во принцип среден им е животот на секое поле и екологијата им е приоритет. ДПФ филтри, старт/стоп итн, се е измислено за поздрава животна околина. Дали тебе ти сметало што дупло ти бил поскап акомулаторот нив ги заболе. Ако ти е скап акомулаторот труј се со дизелите што тие ги фрлаат. Или купи старт/стоп па стави му акомулатор од југо и нема да ти гаси колата.
И стварно не знам што толку ти смета? Или не си возел таква кола или?? Мене првиот ден ми гасеше колата на семафори, од вториот ден натака не ни заприметувам веќе. Се е ствар на навика.

Ако гледаш и запалените светла преку ден придонесуваат за зголемена потрошувачка на се. Имаше некаде студија каде што пишуваше колку точно повеќе бензин се троши ради светлата, ама јбг. Во светов приоритет е безбедност и екологија/околина. Тоа што сме на ниво на диво племе овде, баш ги заболе производителиве на коли. Крајно поседување на кола е потреба ама и ектремен луксуз. Од толку импровизации затоа има и толку многу сообраќајки

Едит: А ако веќе барам непотребни технологии, тогаш кејлесот ми е беспотребен ради кражба на кола и електрична рачна. Уште сум останат во југославија, кај што рачната треба да е emergency brake. вака на копче додека го најдеш... 

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #58 на: 22 Март 2021, 16:22:16 pm »
Акумулаторот е десетици евра поскап од обичен. Само што, животот на акумулаторот влијае сто пати повеќе од тоа како е возена колата а воопшто не знали дали имаш автомобил опремен со стар/стоп, напротив јас би рекол дека такви акумулатори за старт/стоп операција воопшто повеќе траат од обични без разлика дали ти преферираш да го гасиш старт стопот мануелно или не.

Иначе кејслес е одлична работа но факт е дека се крадат коли, но квалитетен имобилајзер + каско и нема простор за сеќирации.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #59 на: 22 Март 2021, 21:30:57 pm »


Да, ама па од друга страна е супер-практично, да не мораш да брцаш по џебови да бараш клуч. Особено практично зимно време, кога ми се рацете во ракавици, или па ако ми се рацете полни со кеси од супермаркет, итн.

Фино е кога ќе се навикнеш, остај ти тоа...
Воопшто не се сложувам. Воопшто. Сериозен проблем е тоа според мене. Многу сериозен.


https://youtu.be/-aU09WT5rXg?t=195